Фан клуб - РК Вардар

На вакви утакмици против една од најдобрите одбрани во светот најубаво се гледаат нашите недостатоци.

Се виде колку сме тенки кај Душебаев и дека покрај тоа што пазаревме на лев бек, не го добивме квалитетот кој што ни е потребен. Со играчи како Лацковиќ во напад против агресивни одбрани како таа на Веспрем нема што да бараме. Секоја почит за него и многу ми е мило што се бори и труди и што не е повреден сеуште, али тешко му оди и ќе му оди против екипи што се фаворити за фајнл фор. За во напад најдоброто од него помина..
Горбок е висока класа играч, може не е светска класа али е одличен шутер. Само и со него е проблемот што изгледа неговиот карактер влијае и на играта. Човекот колку што имам прочитано е многу скромен и мирен како личност. Истото со Веспрем му се случуваше вчера, како да се плаши да влезе во дуел да тргне јако, ако треба и некој лакт и колено да им здрви на тоа воловите. Многу лесно и без посебен труд го затвараа, капак на тоа он како и да се плашеше да се дигне на шут.
Од сите Карачиќ изигра на високо ниво и ако не се лажам даде 8 гола. Таму на повидок ни е нов проблем со тоа што ако Прибак не си ја врати формата, ќе бидеме во ситуација како со Душебаев, односно ќе останеме со еден среден бек што може да се носи со најдобрите.

Секогаш било тешко да се игра со екипи кои имаат многу добра одбрана. Ако почневме на стартот поинаку може ќе беше полесно да дојдеме до победата, али тоа е тоа. Добивме добра лекција каде треба да се подобриме и кои се нашите слабости. Реално и нивниот напад не беше нешто посебно и скоро цела утакмица се влечеа на расположениот Чема. Едино криво ми падна што дозволивме да не полни еден пензионер како Цајц.

Каква екипа ќе бидат Веспрем идната година со Атман и Палмарсон, па па па....
 
Ajde ne se sekirajte, iako ne go opravduvam porazov, bez ralzika dali igrame protiv favorot za titula, sepak RNL ke go jade i za Vezprem :D
 
У врска со салата, па нели мислите дека сето тоа е намерно направено трибините да бидат далеку од теренот, т.е да има 3 метри дупка каде што ако скокнеш ќе си ги скршиш нозете?
 
У врска со салата, па нели мислите дека сето тоа е намерно направено трибините да бидат далеку од теренот, т.е да има 3 метри дупка каде што ако скокнеш ќе си ги скршиш нозете?
Држи вода муабетов, и ја сум размислувал за тоа.
Да се како на Веспрем трибините комотно ќе можеш да му залепиш шамар на Манасков на пример. :D:D:D
 
Следат две гостувања во ЛШ.. со Веспрем и со Чеховски Медведи, па на 10.12. со Металург во Борис Трајковски. :свиркам:
 
Ја и вујко ми. :pos:
Све да му ебам редарско, намерно стоеше тука пред нас, глумеше шериф. Му се нафрлија и едни други дечки до нас што стоеа, изеде некој шамар.
Брат не знаеш колку сум се смеел коа видов дека некој редар јаде заушки:pos::pos::pos:

Сконтав одма зашо го маваат пошо стоеше на скоро последната скала горе и нормално сметаше на луѓе и му напраивте едно бзззззззз :pos:
 
Држи вода муабетов, и ја сум размислувал за тоа.
Да се како на Веспрем трибините комотно ќе можеш да му залепиш шамар на Манасков на пример. :D:D:D

Редари, сега Манасков.. не се опуштај сега и ти :P
 
И јас ќе истепав вчера некој, салата нема излез кога е почеток на натпреварот, не можеш да излезеш од сала ако недај боже нешто ти се случи, па и уште еден редар ми забрануваше да излезам зашто луѓето чекале да влезат а он само требаше да се поттргне еден чекор назад :tapp:
 
Брат не знаеш колку сум се смеел коа видов дека некој редар јаде заушки:pos::pos::pos:

Сконтав одма зашо го маваат пошо стоеше на скоро последната скала горе и нормално сметаше на луѓе и му напраивте едно бзззззззз :pos:
Јас имам блок билет во 14 блок, значи нашата некултура нема граници им текнало Вардар игра со Веспрем купиле карти од 100 денари, сакат да стојат на скали, или да седат на истите. А ти од седиштето ништо не гледаш од нив, па културно станав и ги замолив редарите сите луѓе од скали да се тргнат дека од нив не се гледа. Едни пред натпревар, други на сред натпревар, 3ти на полувреме, 4ти седнуваат на празни седишта од блоковите и очекуваат да не дојде некој со карта за тие таму да седат, јас не знам што да кажам ... На овој народ не нова сала, што и да му се изгради некој навики не се менуваат.

Фалат уште редари во сала, да стојат кај блоковите и да проверуваат секој со карта или блок билет кога доаѓа дали истата му е за овој блок и каде седнува, додека да се створи навика дека вака не е во ред. И дај нека не се праат индијанци за малце пари од картиве за стоење, премногу вакви карти имаше овој пат и нервозата ради тоа се ствараше.
 
Jaс стапнав во салата вчера, затоа изгуби Вардар. :smir:

Друго не знам што да кажам, оти буквално се е кажано погоре...
 
Многу лошо со картите за стоење, боље столчиња да ставеле тој дел и да си биде се како што треба. Вака ќе пуштат голем број карти и нема шанси да гледаш како што треба, многу многу грешки во врска со салава..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom