Војната на патиштата

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.744
Поени од реакции
18.492
Нека направат закон за затвор за прекршоци, очигледно е дека високи казни не помагаат, го фатиш ли пијан, затвор, го фатиш пак затвор + колата и возачката одземена, поминува со 150 на партизанска - 90 дена затвор итн.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.730
Поени од реакции
13.471
Нека направат закон за затвор за прекршоци, очигледно е дека високи казни не помагаат, го фатиш ли пијан, затвор, го фатиш пак затвор + колата и возачката одземена, поминува со 150 на партизанска - 90 дена затвор итн.
Убаво би било ова, но кој затвор би собрал толку многу затвореници?
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
150 на саат еј, 150 на саат на автопат луѓе не возат овој во строг центар опнал 150 :cuc:

Затвор и за детиштево и за родителот шо му ја дал колата. Бог да го прости детето, тешко родителите негови, од деген да изгубиш дете...
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.744
Поени од реакции
18.492
И тоа што викаш.....страшно.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
Поминав во моментот кога брзата помош подигаше повреден пешак во близина на Катоиличка црква. Патиките беа на пешачкиот премин, а искршениот џип кој го удрил беше 30 метри подолу, како и телото што го подигаа. Само што прочитав дека се работело за 16 годишно дете кое поминувало на пешачки, а имбецилот со џипот го собрал со огромна брзина. Детето починало. Зборувате тука за високи казни и други глупости и додека полицијата казнува за банални причини, имбецили возат како луди по улициве и секојдневно некој умира затоа што разгалени имбецили со јаки коли мислат дека светот е нивни. Секојдневно сум сведок на морони кои со огромна брзина поминуваат на црвено, се тркаат по улици и прават други глупости. И додека полицијата се замара со погрешно паркираните, со луѓето кои употребуваат мобилен и другите учесници во сообраќајот кои прават поситни прекршоци, никој не ги застанува мороните со џипови и моќни коли кои газат се пред себе. Треба да се казнуваат сите, и тие што прават ситни прекршоци, но ПРВО МОРА ДА СЕ ИСЧИСТАТ МОРОНИТЕ КОИ ШТО МИСЛАТ ДЕКА АКО ИМААТ ПАРИ ДА КУПАТ СКАПА КОЛА МОЖЕ ДА ГАЗАТ ПРЕКУ ЛУЃЕ.

Бесен сум и револтиран. Детето не проживееало ни пола од мојот живот. Уште колку деца треба да умрат за некој да почне да си ја врши својата работа. Дали треба да умрат децата на политичарите и министрите за да им текне да воведат ред. За да почнат законите да важат за сите, а не само за тие што возат југо. Бррзината во населено место е ограничена на 60 километри на час, но на совесните возачи секојдневно им се свири и се предмет на пцости и навреди затоа што возат по пропис. Затоа што ги успоруваат имбецилите што УБИВААТ ДЕЦА.

Искшениот џип се поправа, или може да се замени со нов. Но УБИЕНОТО ДЕТЕ нема втор живот, за него нема поправки, никој нема да го замени кај неговата фамилија, кај неговите другари, кај неговата симпатиоја или девојка.

Денеска еден млад живот згасна на пешачи премин. Но ништо не се промени. Додека брзата помош го товареше телото и полицијата го пренасочуваше сообраќајот, имбецилите на тркала брзаа кон својата имагинарна дестинација, престигнувајќи ги другите возила.

ДО КОГА?

Само што прочитав УБИЕЦОТ Е 20 ГОДИШЕН. Кога овој имбецил го испотил газот и успеал да заработи за Туарег?
http://www.telegraf.mk/aktuelno/hronika/215389-se-bori-za-zivot-pregazenoto-momce-vo-skopje-foto
http://www.telegraf.mk/aktuelno/hronika/215409-pocina-momceto-koe-bese-pregazeno-vo-skopje-foto
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
На враќање од утакмица прво џипот го видов и уште кога видов колку е искршен напред реков дека ако удрил човек го оставил на лице место.Со глава гарантирам дека говедото возело минимум 110-120Km/h.Да удриш човек и да застанеш 20-30м од местото на кое што си го удрил сигурно не е со брзина од 50 или 60km/h.Секакви лингури седнаа зад волан и сите мислат дека улиците се на татко им па ќе возат како сакаат,а притоа не мислат на последиците и не мислат на тоа дека на некој може да му го одземат животот.Тешко на тие родители што го загубиле детето заради некој идиот со длабок џеб...се надевам дека во затвор ќе се најде некој што ќе му го дотера паметот кога е веќе апла очигледно дека неговите родители не се способни за таков нешто.И затоа не се бунам за тоа што ги зголемија казните за сообраќајните прекршоци...да сум јас дупло повеќе би ги зголемил и за секоја пијана будала и за секој што во град вози со ненормална брзина би направил посебно место во затворот каде што ќе бидат измачувани,а притоа би им ги одземал и возилата.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
white horse ли му пишува на рег. табличка на дегенов? :facepalm:

и јас пројдов од ваму прееска ама мислев дека се спрчкани повеќе коли зошто од бус го приметив само туарегот. Казните за брзо возење и возење под алкохолизирана состојба за овој народ се и премали. Но уште кога се земаат часови за возачки испит, задолжително треба да се воведе посета на Институт за судска медицина и да видат потенцијалните кандидати каде може да го однесат некого ако изиграваат џекови и мерат полови органи по улици.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
Премногу глупо е што ваквите случки се нарекуваат сообраќајни незгоди. Незгода е да го потчукнеш автомобилот пред себе бидејќи нагло закочил или да се излизгаш на мраз или да се извртиш бидејќи ти пукнала гума.

Возењето со повеќе од 90км/ч во населено место во најблаг случај е ОБИД ЗА УБИСТВО, а во конкретниов случај и УБИСТВО.

Се додека возењето со голема брзина во населено место се смета за прекшок, а не за кривично дело, бројот на УБИЈЦИ ЗАД ВОЛАН ќе расте.

Се додека на одредени луѓе им се прогледува низ прсти поради крвни врски, партиска или етничка припадност, полицијата ќе избегнува да ги казнува, а ДЕЦА ЌЕ ПЛАЌААТ СО СВОЈОТ ЖИВОТ.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.464
Поени од реакции
5.881
Ова е таа класа граѓанска со скапи автомобили која никој не ја казнува, пошто се ЈАКИ и никој не им може. Ќе казнат 300 евра некого со Југо, некој што е невработен. Треба да ги класифицираат казните според имотната состојба на прекршителот, пошто ваквите богаташи не се плашат од 300 евра казна. (и онака родителите имаат познаници па ни тие 300 евра нема да платат).

Во оваа држава се казнуваат само слабите.

Првин треба да се казнуваат сите тие корумпирани службеници кои бришат казни и штитат вакви прекршители.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.181
Поени од реакции
18.258
white horse ли му пишува на рег. табличка на дегенов? :facepalm:
Од прво прочитав White House, па си поврзав амбасади и дипломатски возила :facepalm: Туку од кај вака регистрација, да не е проба од салон (VW логото е на таблицата)? :eek:



едит:

Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа кај Песочан
Вести | Охрид | 15.11.2014 19:50Посети : 6022
Едно лице го загуби животот во тешкатa сообраќајна несреќа која се случила денеска околу 17 часот на магистралниот пат Охрид–Кичево кај селото Песочан. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило уште едно лице, кое е пренесено во охридската болница.


Според првичните информации од СВР Охрид, во несреќата учествувале патничко моторно возило „Сеат“ и патничко моторно возило „Алфа Ромео“ и двете со охридски регистарски таблички. Причините за несреќата сеуште се непознати.


Во моментов се врши увид на местото на несреќата, а возилата на магистралниот пат се пропуштаат наизменично.

http://www.ohridnews.com/vesti/77147
 
Последно уредено:
A

aye

Гостин
Два или три саати после сообраќајката кога се враќав еден идиот не би можела поинаку да го наречам со спортска кола помина покрај местото со нормална брзина нели и одма после тоа качи 100 ка или тука некаде, а на 50тина метра има круг. Оваа улица е катастрофа, а најлошо е што никој ништо не превзема, се тркаат во било кое време, а цајканиве реагираат само кога ете за жал ќе се случат нешто вакво
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.614
Поени од реакции
35.469
Нека направат закон за затвор за прекршоци, очигледно е дека високи казни не помагаат, го фатиш ли пијан, затвор, го фатиш пак затвор + колата и возачката одземена, поминува со 150 на партизанска - 90 дена затвор итн.
За ова подвлеченото треба да следува кривична пријава за обид за убиство. Пошто токму тоа и е![DOUBLEPOST=1416095260][/DOUBLEPOST]
Убаво би било ова, но кој затвор би собрал толку многу затвореници?
Робија со работа на нива, каменолом, рудник. Смештај во шатори (или надвор од нив).
 
A

aye

Гостин

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.449
Поени од реакции
39.078
Се надевам ќе излезе од затвор на 40 и кусур години.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom