Поминав во моментот кога брзата помош подигаше повреден пешак во близина на Катоиличка црква. Патиките беа на пешачкиот премин, а искршениот џип кој го удрил беше 30 метри подолу, како и телото што го подигаа. Само што прочитав дека се работело за 16 годишно дете кое поминувало на пешачки, а имбецилот со џипот го собрал со огромна брзина. Детето починало. Зборувате тука за високи казни и други глупости и додека полицијата казнува за банални причини, имбецили возат како луди по улициве и секојдневно некој умира затоа што разгалени имбецили со јаки коли мислат дека светот е нивни. Секојдневно сум сведок на морони кои со огромна брзина поминуваат на црвено, се тркаат по улици и прават други глупости. И додека полицијата се замара со погрешно паркираните, со луѓето кои употребуваат мобилен и другите учесници во сообраќајот кои прават поситни прекршоци, никој не ги застанува мороните со џипови и моќни коли кои газат се пред себе. Треба да се казнуваат сите, и тие што прават ситни прекршоци, но ПРВО МОРА ДА СЕ ИСЧИСТАТ МОРОНИТЕ КОИ ШТО МИСЛАТ ДЕКА АКО ИМААТ ПАРИ ДА КУПАТ СКАПА КОЛА МОЖЕ ДА ГАЗАТ ПРЕКУ ЛУЃЕ.
Бесен сум и револтиран. Детето не проживееало ни пола од мојот живот. Уште колку деца треба да умрат за некој да почне да си ја врши својата работа. Дали треба да умрат децата на политичарите и министрите за да им текне да воведат ред. За да почнат законите да важат за сите, а не само за тие што возат југо. Бррзината во населено место е ограничена на 60 километри на час, но на совесните возачи секојдневно им се свири и се предмет на пцости и навреди затоа што возат по пропис. Затоа што ги успоруваат имбецилите што УБИВААТ ДЕЦА.
Искшениот џип се поправа, или може да се замени со нов. Но УБИЕНОТО ДЕТЕ нема втор живот, за него нема поправки, никој нема да го замени кај неговата фамилија, кај неговите другари, кај неговата симпатиоја или девојка.
Денеска еден млад живот згасна на пешачи премин. Но ништо не се промени. Додека брзата помош го товареше телото и полицијата го пренасочуваше сообраќајот, имбецилите на тркала брзаа кон својата имагинарна дестинација, престигнувајќи ги другите возила.
ДО КОГА?
Само што прочитав УБИЕЦОТ Е 20 ГОДИШЕН. Кога овој имбецил го испотил газот и успеал да заработи за Туарег?