Менталист Кога почнав да го гледам, а почнав онака од досада без интерес... Првата епизода ми беше страшно досадна, али од втората... После по десет епизоди глеав дневно одеднашка
Од шо е ептен интересна серијата.
Тој е истражувач со исклучителна дарба за решавање на најсложените злосторства кои ги направиле пореметените умови. Тој е менталист, кој користи софистицирани вештини на забележувања, заклучувања и умствени манипулации, со кои му помага на еден истражувачки оддел од Калифорнија, т.е. институција, која им помага на локалните, државни и федерални агенции во решавање на сложена криминалистичка истрага.
Благодарение на својата единствена дарба, овој модерен Шерлок Холмс е секогаш чекор напред пред форензичките анализи, напредната криминалистичка технологија и сите колеги. Тој ги воочува најситните детали, игра паметни игри и ги чита емоциите на другите, со што на криминалците со комплексен профил и пореметени умови им поставува софистицирани замки со кои му откриваат факти за кои и самите не се свесни.
Шармантниот и харизматичен Џејн има неславно минато како телевизиски видовит човек кој се здобил со негативен публицитет како измамник. Иако самиот признал дека нема паранормални, туку ментални способности, единствена која и понатаму се сомнева во него е наредничката од одделот, Тереза Лисбон.
Но, Џон крие една мрачна тајна од своето минато... Пред неколку години ги изгубил сопругата и ќерката - злодело на свирепиот сериски убиец Црвениот Џон, кој понатаму ќе се соочи со него.
Продирајќи во умовите, “Менталист” ги решава најстрашните злосторства и игра психолошка игра со сите оние кои му се придружуваат во истрагата..