Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
да да денес е последен ден мислам само не знам до колку сат имаат фора..Денеска ли треба да пријават состав за наредните утакмици?
Незнам али ако веќе не е проблемот за пари, т.е. ако почнале веќе со некоја исплата, тогаш и мене не ми се јасни ракометариве. Не им чинел Червар, а кој ќе им чини тој што ќе ги става во игра само тие што се бунат и што ќе ја прави екипата по нивна мерка ? И што ако хипотетички дојде друг тренер кој горе доле ги форсира истите ракометари или па донесе некои други нови странци ? Тогаш што ?
А и смешни се изјавите од типот.. толку од Металург, ако остане спонзорот и ако се имаат финансии тогаш ќе се најдат и други играчи. Може па и подбро вака некои од македонските играчи кои играа во Металург ќе отидат малце и во странски лиги, а некои кои немаа шанса до сега во Металург, ќе ја добијат конечно. И тоа е лошо кај нашите млади играчи чекаат на клупа шанса во Вардар и Металург место да пробаат макар и во некоја просечен европски клуб каде што барем би играле и би растеле како играчи, каде што можеби ќе бидат забележани и од појаки екипи.
Постот ти е одличен.
Јас мислам дека Минчо Јорданов уште на крајот на минатата сезона сфати дека не може да се трка со Вардар кој има многу поголем буџет и дека она што го постигна Металург во ЛШ е максимум што може да се постигне со овој состав. Логично е буџетот на клубот да го пренасочи за креирање млади ракометари и тоа неколку пати беше јавно изјавено од Јорданов и од Червар. Дури и новите имиња во клубот (да не речам засилувањата) најавија колкави се амбициите на Металург оваа сезона. Металург купуваше од Партизан, Војводина и слични анонимни клубови, додека Вардар купуваше од Хамбург, Барселона ...
Кога сето ова беше познато уште во јули/август, нелогично ми е зошто оваа ситуација ескалира сега, во најлош период, кога сите страни губат многу. И клубот и ракометарите. Па дури и ние што дадовме по 1500 за сезонски карти.
Што е тоа што драстично ги влошило работите за да ги натера ракометарите да бојкотираат во најважниот дел од сезоната?
Сигурно е дека сите ракометари знаат што значи овој бојкот за нив, особено поискусните, а сепак не отстапуваат од него.
Ги следам состојбите во Металург многу години и сега навистина не можам да одлучам која страна е во право?
Сите си имаат свои аргументи, ама забораат дека од оваа ситуација ќе нема победници. Сите губат.
Се сложувам со тебе дека домашните ѕвезди (Мојсовски, Миркуловски, Манасков, Ѓоргиевски) време е да се пробаат некаде на страна, а во Металург да заиграат нови имиња. На крајот тоа треба да е целта на нашите клубови, да создаваат нови ракометари, а старите да направат чекор нагоре во кариерата и да заиграат во поквалитетна лига. Така и списокот за репрезентација би бил поширок.
Како бе незнаеш кој е во право? Па сите и ракометарите и клубот се јасни во изјавите дека има доцнење на платите, што значи дека клубот не ги почитува и исполнува договорите потпишани со ракометарите. Раководството и само раководството е виновно за оваа ситуација! Покрај лошата финасиска состојба правен е и психолошки протисок од страна на Лино, со навреди и омаловажувања. Што тука не ти е јасно? По која болна и извртена логика ракометарите би биле криви во оваа ситуација? Ај што не ги плаќаат од месец мај, плус некој им стои над глава и ги плука секоја ден од сабајле до вечер. Најнебулозна глупост во сево ова е дека криви за ситуацијата биле двајца-тројца, а сите јавно се потпишани и стојат зад својот потпис. Кој кого тука јебе у мозок? Па ако беа криви само Наумче и Ванчо тогаш зашто Станиќ, Коциќ и Липовина си заминаа со исто објаснување дека на работа не ги плаќаат. Коциќ вика дека нема денар видено од кога дошол во Металург. Ти ќе идеш ли 6 месеци на работа без плата?Баш ситуацијата е таква, да не знаеш кој е во право. Кога се работи за тоа дека им каснеле парите и дека поради тоа може да има незадоволство во тој случај ракометарите се во право. Управата направи некои нелогични потези или барем нелогични за мене, особено со изоставањето на Атман и Станиќ од важниот меч со Брест за потоа Атман да игра на наредниот меч. Ракометариве инаку овој бојкот ако го правеа треба да го направат порано, и ктогаш може некој ќе си одеше ама па ќе ги немавме овие перипетии сега во период кога за 2 месеци се игра светско првенство и во која репрезентација има многу играчи на Металург. Се надевам дека бар ќе задржат и некој од странците како Циндриќ и Марсениќ бидејќи во нив има многу голем потенцијал а и да имаме наши кавлитетни играчи за сите позиции (кои во моментов ги немаме) секоја поозбилна екипа треба да има барем по двајца одлични играчи на секоја позиција.