Фан клуб - РК Металург

Прашање е со колкава разлика ќе го јадеме од шпанциве, 20 можда 30?
 
Денес е денот Д за Металург или ќе го биди или не ќе се пука на сите страни Ракометарите и Минчо ќе седнат на иста маса е сега колку ќе се договорат ќе видиме ако сака минчо тим за ЛШ ќе се договорат ако сака за МАК лига во долен дел на табелата нема и Червар мора да попушти сакал или нејќел
 
Па не за џабе државата донесе закон сите клубови да се трансформираат во АД со цел да се избегнат овие ситуации каксо сега со Металург и ред други клубови во минатото. Затвори Макстил и одма почна да мрцка Минчо, а тоа е веќе видена слика за еден македонски бизнисмен кој е ослободен од плаќање данок спрема државата а неможе катализатори да стави или несака во фабриката....тоа е тоа, ова е вистинската слика колку само се лакоми македонските бизнисмени. А играчите во потполнос ги оправдувам после сето она што го имаат направено за клбот да им се возвраќа на ваков начин..
 
Липовина у Вецлар најверојатно.

Почнаа да си одат играчиве не се глупи да гнијат со суспензијава. Единствено нашиве репрезентативци ќе го јадат немиен.
 
тие што можат да најдат клуб ќе раскинат
другите ќе дремат
 
Sea da gi vidam Naumce i Dimovski kaj ke igraat :pos:
Aj za igranje ke najdat negde, ali platite kolkavi ke im bidat....

I konecno sea Cevlar ke ima lice da kaze deka forsira mladi "talenti" , poso drugi igraci i nema.
 
Незнам али ако веќе не е проблемот за пари, т.е. ако почнале веќе со некоја исплата, тогаш и мене не ми се јасни ракометариве. Не им чинел Червар, а кој ќе им чини тој што ќе ги става во игра само тие што се бунат и што ќе ја прави екипата по нивна мерка ? И што ако хипотетички дојде друг тренер кој горе доле ги форсира истите ракометари или па донесе некои други нови странци ? Тогаш што ?

А и смешни се изјавите од типот.. толку од Металург, ако остане спонзорот и ако се имаат финансии тогаш ќе се најдат и други играчи. Може па и подбро вака некои од македонските играчи кои играа во Металург ќе отидат малце и во странски лиги, а некои кои немаа шанса до сега во Металург, ќе ја добијат конечно. И тоа е лошо кај нашите млади играчи чекаат на клупа шанса во Вардар и Металург место да пробаат макар и во некоја просечен европски клуб каде што барем би играле и би растеле како играчи, каде што можеби ќе бидат забележани и од појаки екипи.
 
Последно уредено:

Постот ти е одличен.

Јас мислам дека Минчо Јорданов уште на крајот на минатата сезона сфати дека не може да се трка со Вардар кој има многу поголем буџет и дека она што го постигна Металург во ЛШ е максимум што може да се постигне со овој состав. Логично е буџетот на клубот да го пренасочи за креирање млади ракометари и тоа неколку пати беше јавно изјавено од Јорданов и од Червар. Дури и новите имиња во клубот (да не речам засилувањата) најавија колкави се амбициите на Металург оваа сезона. Металург купуваше од Партизан, Војводина и слични анонимни клубови, додека Вардар купуваше од Хамбург, Барселона ...

Кога сето ова беше познато уште во јули/август, нелогично ми е зошто оваа ситуација ескалира сега, во најлош период, кога сите страни губат многу. И клубот и ракометарите. Па дури и ние што дадовме по 1500 за сезонски карти.

Што е тоа што драстично ги влошило работите за да ги натера ракометарите да бојкотираат во најважниот дел од сезоната?
Сигурно е дека сите ракометари знаат што значи овој бојкот за нив, особено поискусните, а сепак не отстапуваат од него.

Ги следам состојбите во Металург многу години и сега навистина не можам да одлучам која страна е во право?
Сите си имаат свои аргументи, ама забораат дека од оваа ситуација ќе нема победници. Сите губат.

Се сложувам со тебе дека домашните ѕвезди (Мојсовски, Миркуловски, Манасков, Ѓоргиевски) време е да се пробаат некаде на страна, а во Металург да заиграат нови имиња. На крајот тоа треба да е целта на нашите клубови, да создаваат нови ракометари, а старите да направат чекор нагоре во кариерата и да заиграат во поквалитетна лига. Така и списокот за репрезентација би бил поширок.
 
Металург е спасен: Македонските играчи ќе патуваат за Шпанија!
metalurg-naredeni-mojso-615x400.jpg

Долгиот ден во Металург сепак има позитивна вест на крајот, откако последниот состанок на газдата Минчо Јорданов со лидерите на тимот вроди со плод. На него беше решено македонските ракометари да отпатуваат за Шпанија, за да не се ризикува евентуална ригорозна казна за клубот од ЕХФ.

На претходниот состанок што траеше повеќе од три часа, раководството на клубот му искажа доверба на Червар и покрај сериозните критики што ракометарите ги упатиле на адреса на Хрватот. Тренерот на Металург бил присутен на состанокот и лично слушал што се имаат да кажат играчите против него, но не одговорил на ниту едно од нивните обвинувања. На крајот, Јорданов застанал зад Червар и им порачал на ракометарите дека тој ќе остане тренер, а на нив е да решат дали се подготвени да продолжат да играат за Лино, на што газдата добил негативен одговор и состанокот заврши спротивно од посакуваниот исход.

Се чинеше дека пронаоѓање на заеднички јазик е невозможна мисија, но тоа сепак се случи по последниот состанок, во кој Јорданов се сретна со домашните ракометари кои важат за предводници на тимот. Свесни за опасноста со која се соочува клубот при евентуално неиграње на дуелот од ЛШ против Ла Риоха, репрезентативците на Македонија се согласиле да отпатуваат за Шпанија, со што се решава прввиот огромен проблем со кој се соочуваше македонскиот првак, поради еввентуалните казни што можеа дополнително да ја загрозат неговата егзистенција.

Скоро сите странски ракометари најавиле заминување од Автокоманда, но не се отфрла можноста некој од нив во следниот период ќе го смени својот став и ќе даде согласност да им се приклучи на домашните играчи за дуелот со Ла Риоха.

Останува да се види дали е ова само привремено решение и дали повторно ќе следат коренити промени по двомечот со Ла Риоха во ЛШ, но и дали на клупата на Металург ќе остане Лино Червар, за кого играчите имаа сериозни критики и обвинувања во текот на штрајкот.
http://ekipa.mk/metalurg-e-spasen-makedonskite-igrachi-ke-patuvaat-za-shpanija/
 
Постот ти е одличен.

Јас мислам дека Минчо Јорданов уште на крајот на минатата сезона сфати дека не може да се трка со Вардар кој има многу поголем буџет и дека она што го постигна Металург во ЛШ е максимум што може да се постигне со овој состав. Логично е буџетот на клубот да го пренасочи за креирање млади ракометари и тоа неколку пати беше јавно изјавено од Јорданов и од Червар. Дури и новите имиња во клубот (да не речам засилувањата) најавија колкави се амбициите на Металург оваа сезона. Металург купуваше од Партизан, Војводина и слични анонимни клубови, додека Вардар купуваше од Хамбург, Барселона ...

Кога сето ова беше познато уште во јули/август, нелогично ми е зошто оваа ситуација ескалира сега, во најлош период, кога сите страни губат многу. И клубот и ракометарите. Па дури и ние што дадовме по 1500 за сезонски карти.

Што е тоа што драстично ги влошило работите за да ги натера ракометарите да бојкотираат во најважниот дел од сезоната?
Сигурно е дека сите ракометари знаат што значи овој бојкот за нив, особено поискусните, а сепак не отстапуваат од него.

Ги следам состојбите во Металург многу години и сега навистина не можам да одлучам која страна е во право?
Сите си имаат свои аргументи, ама забораат дека од оваа ситуација ќе нема победници. Сите губат.

Се сложувам со тебе дека домашните ѕвезди (Мојсовски, Миркуловски, Манасков, Ѓоргиевски) време е да се пробаат некаде на страна, а во Металург да заиграат нови имиња. На крајот тоа треба да е целта на нашите клубови, да создаваат нови ракометари, а старите да направат чекор нагоре во кариерата и да заиграат во поквалитетна лига. Така и списокот за репрезентација би бил поширок.

Баш ситуацијата е таква, да не знаеш кој е во право. Кога се работи за тоа дека им каснеле парите и дека поради тоа може да има незадоволство во тој случај ракометарите се во право. Управата направи некои нелогични потези или барем нелогични за мене, особено со изоставањето на Атман и Станиќ од важниот меч со Брест за потоа Атман да игра на наредниот меч. Ракометариве инаку овој бојкот ако го правеа треба да го направат порано, и ктогаш може некој ќе си одеше ама па ќе ги немавме овие перипетии сега во период кога за 2 месеци се игра светско првенство и во која репрезентација има многу играчи на Металург. Се надевам дека бар ќе задржат и некој од странците како Циндриќ и Марсениќ бидејќи во нив има многу голем потенцијал а и да имаме наши кавлитетни играчи за сите позиции (кои во моментов ги немаме) секоја поозбилна екипа треба да има барем по двајца одлични играчи на секоја позиција.
 
Како бе незнаеш кој е во право? Па сите и ракометарите и клубот се јасни во изјавите дека има доцнење на платите, што значи дека клубот не ги почитува и исполнува договорите потпишани со ракометарите. Раководството и само раководството е виновно за оваа ситуација! Покрај лошата финасиска состојба правен е и психолошки протисок од страна на Лино, со навреди и омаловажувања. Што тука не ти е јасно? По која болна и извртена логика ракометарите би биле криви во оваа ситуација? Ај што не ги плаќаат од месец мај, плус некој им стои над глава и ги плука секоја ден од сабајле до вечер. Најнебулозна глупост во сево ова е дека криви за ситуацијата биле двајца-тројца, а сите јавно се потпишани и стојат зад својот потпис. Кој кого тука јебе у мозок? Па ако беа криви само Наумче и Ванчо тогаш зашто Станиќ, Коциќ и Липовина си заминаа со исто објаснување дека на работа не ги плаќаат. Коциќ вика дека нема денар видено од кога дошол во Металург. Ти ќе идеш ли 6 месеци на работа без плата?
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom