Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Суарез катастрофа беше.. дури промаши 1 на 1 со голман.. Цела игра ни беше катастрофа ама ај.. :D
 
Само во дијамант формација во која Ливерпул и Аргентина на моменти играа годинава може да се максимизира потенцијалот на Меси и Суарез
 
Задоволен сум од резултатот,али не и од играта посебно во првиот дел,второ полувреме одигравме малце подобро и создадовме неколку шанси, од кој и една стопроцентна на Суарез кој немаше среќа да постигне гол,и одма се гледа кога Суарез е напред во центарот како денес во вториот дел, дека лесно ќе влегува во гол шанси, ова е само 3 меч за Суарез и сеуште рано, но и тој со тек на време ќе проработи и ќе дојдат и головите,само да се игра на правилна позиција, а не на крило..
Добро ќе ни дојде оваа победа за враќање на самодовербата кај тимот после двата пораза во Ла Лига,нареден меч гостуваме кај Алмериа, каде што мора да се освојат трите бода, а и не верувам да имаме некој потешкотии,мислам дека лесно ќе дојдеме до трите бода.
П.с. Меси е на делба на првото место со Раул со 71 гол во ЛШ,уште еден гол му треба за да стане најдобар стрелец во ова натпреварување, мислам дека уште од наредниот меч со Апоел Меси ќе биде прв стрелец.
 
Тоа е тој Меси, кој и во ваква (според некои мизерна) форма, руши рекорди и само го потврдува епитетот што многумина му го препишуваат, најдобар на сите времиња.
Иначе, не го гледав цел натревар(пошо гледав комбиниран пренос), ама резултатот е супер. Подобро да се добиваат натпревари во кои нема да сме толку доминантни, отколку да се губат натпревари во кои ќе играме одлично. Ова се коси со нашата клупска филозофија и традиција, ама јебига, резултат>игра.
 
Па со оглед на поседот што го имавме , јас мислам дека одигравме добро. Џабе што имавме 75 % против Селта , кога не сакаше да влезе ниту еднаш. А на неколку наврати и немавме среќа како 100 % на Суарез , и таа бомбата од Ракитич непосредно пред да биде повлечен од игра. Со малце среќа можеше да биде 0-4.

Јас сум задоволен во последните 2 утакмици , без разлика на лошиот резултат со Селта. Сакам да гледам вакви утакмици каде што трчат и се жедни за гол. Единствена лоша игра оваа сезона според мене беше мечот со Реал , ( и со ПСЖ не ја гледав и неможам да кажам ).

Читам за Суарез не бил во форма бла бла .. па луѓе 4 месеци не играше квалитетен фудбал , плус и со Селта и сношти со Ајакс имаше сто процентни шанси , да имаше среќа сега веќе ќе имаше 2 гола. Очекувам конечно дебитантски гол против Алмерија , ќе му се крене самодовербата барем. Да не ве потсетувам дека лани Нејмар вкупно имаше 9 гола во Примера , оваа сезона сме уште Ноември а веќе има 9. Ќе се воигра триото до нова година , во вториот дел во сезоната очекувам да полнат мрежи.

Ќе заборавев да спомнам .. Одбраната на ниво. Бартра моментално треба да има првотимски статус пред Пике , и со Матје ќе се снаоѓа добро.
 
Подобро вака полошо да стартуваме па со тек на сезоната да ја креваме формата, отколку како претходните две сезони..
Одиме сега, до Нова година има 3 тешки утакмици, мора трите да се добијат, со Севиља и Валенсија, и со ПСЖ да се изборме за првото место.
 
Кога некој од топ европските клубови ќе победи никој не зборува за тоа каква била играта...Кога Барса победува секој гледа каква била играта...Тоа е тоа.. Сите тука се согласивме дека времињата на Пеп не се враќаат, тимот минува низ промени, и се надевам дека формата ќе оди во нагорна линија.Најмногу од се сакам да проработи средината..Едноставно со такви играчи, прашање на денот е кога ќе тргне..Дотогаш уживам потполно во секоја победа која не ги задоволува истенчените вкусови на некои квази аналитичари кои говорат само од инаат.VISCA!!
 
Колку само знаев дека и Суарез ќе седи покрај аут линијата. Земаме класа напаѓачи и ги ставаме у позиција кај што се неопасни за противничкиот гол. Ова е таа ебена филозофија која ќе трае до пензионирање на малиот
 
Ете ја ротацијата на Меси и Суарез ;)

Infographic: Action areas Suarez vs Ajax


B1tdha5CEAA_JYt.jpg:large



B1waQiMIYAA4zra.jpg:large


B1wa8FCCUAAQJYL.jpg:large



Gary Lineker: "Messi has equalled Raul's record of 71 Champions League goals. He's also played 327 CL games less than Raul....ish."
 
Gary Lineker: "Messi has equalled Raul's record of 71 Champions League goals. He's also played 327 CL games less than Raul....ish."[/quote]
kako e mozno 327 cl games pomalce ?
 
Gary Lineker: "Messi has equalled Raul's record of 71 Champions League goals. He's also played 327 CL games less than Raul....ish."
kako e mozno 327 cl games pomalce ?[/quote]

Грешка е.

Раул има 142 утакмици , Меси 90. Значи 52 утакмици помалце има Меси.
 
Дали е можно Давид да заигра во првиот тим ?!

Во исто време на ФБ профилот излезе од него слика и видео од официјалната Јутуб страна со најава на 20те играчи за следниот меч ... ?

1797986_721149827975626_4842625004421448179_n.jpg


 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom