Задоволен сум од резултатот,али не и од играта посебно во првиот дел,второ полувреме одигравме малце подобро и создадовме неколку шанси, од кој и една стопроцентна на Суарез кој немаше среќа да постигне гол,и одма се гледа кога Суарез е напред во центарот како денес во вториот дел, дека лесно ќе влегува во гол шанси, ова е само 3 меч за Суарез и сеуште рано, но и тој со тек на време ќе проработи и ќе дојдат и головите,само да се игра на правилна позиција, а не на крило..
Добро ќе ни дојде оваа победа за враќање на самодовербата кај тимот после двата пораза во Ла Лига,нареден меч гостуваме кај Алмериа, каде што мора да се освојат трите бода, а и не верувам да имаме некој потешкотии,мислам дека лесно ќе дојдеме до трите бода.
П.с. Меси е на делба на првото место со Раул со 71 гол во ЛШ,уште еден гол му треба за да стане најдобар стрелец во ова натпреварување, мислам дека уште од наредниот меч со Апоел Меси ќе биде прв стрелец.