Битола

  • Креатор на темата Креатор на темата devilbt
  • Време на започнување Време на започнување
https://www.facebook.com/events/1538975376316836/?ref_newsfeed_story_type=regular&source=1

10606596_975882662426850_7086986167702542871_n.jpg

Утре сите на протест !

За нас се работи ! ! !
 
Браво БИТОЛЧАНИ , браво СОГРАЃАНИ !!!
Горд сум што уште постојат луѓе во овај град кој имаат свој став и не се дел од она едноумие кое владее низ цела држава.
Само вака сплотени ќе му помогнеме на нашата Битола .
Ова е само почеток .
14579_1003048023054529_2360325855411907223_n.jpg

1394785_10205476560973354_2311271379836607009_n.jpg

1621767_10203857835178716_7921475164713051971_n.jpg
 
Последно уредено од модератор:
Секоја чест шо има уште луѓе во градот кои го креваат гласот, дури сум и запрепастен (позитивно) шо и некои силни подржувачи ја подржуваат оваа кампања.
Aли од друга страна сигурен сум дека ќе се забошоти цела работа. Од она шо имам пристап да прочитам, последниве 10 години во пораст се канцерогени и белодробни заболувања не само кај нас, него на државно ниво. Во некои апстракти сеуште како главна причина се спомнува катастрофата во Чернобил и тој облак од радиоактивни честици шо се рашири уште во првите 24 сати низ цела Европа, а со оглед на тоа дека полуживотот на честиците е неколку илјади години можда последиците тек сега ги сносваме. Потајно се шпекулира дека на Косово америте складирале нуклеарен отпад во замена за нивното признавање, а Косово е до нас. Една од поинтересните дисертации кои сум стигнал да ги разгледам е за едно село на 10 километра од Велес во кое 4 пати е зголемена инциденцата на појава на канцерогени заболувања, и тек по хх години дошле до заклучок дека чадот од топилницата не афектирал толку врз градот колку што ветрот го носел токму до то село. И проблемот е зошто не е направена, или не е излезена студија за чадот од Рек?
На крајот сум сигурен дека ќе излезат некои експерти и ќе кажат криви се тие шо се грејат на дрва и дека беспотребно се возат колите. Државата нема финансии да инсталира најсоодветни филтри на загадувачите, така да најлесно е да се удри врз рајата. Ова со колите е додуша и нивна одговорност шо дозволија цел отпад од запад да заврши кај нас... А од друга страна економската немоќ го тера граѓанинот да вози дизел кој чади ко локомотива и да се греј на дрва пошто нема пари за клима и да се грее на струја. А и да има, струјата кај нас се произведва со ветерници и нема никакво загадување... Упс :unsure:
Сосем друга работа е тоа што наместо да се тера со пушка народот да го користи националниот парк, најбезобразно се решија дека треба да се наплаќа влез за во истиот иако немаат инвестирано ни денар со години наназад од буџетите кои им се од пари на народот.
Никаде на никој не му текна да се стимулира народот да ги префрлаат на плин колите со оглед на далеку пониската емисија на CO2. Град како Битола нема ниту една велосипедска патека, нема ни шипки за кои би се врзвале велосипедите...
Цела стратегија шо сакаат да ја воведат е уствари безвезе препишана од западните земји.
За шо нас би ни служел лцд панел на кој пишува колкаво е загадувањето? Еве во Скопје работеше до лани (не сум сигурен за оваа година) и нон стоп кога и да го видев беше до крај црвено... И шо со то кога секој од нас мора да излези во текот на денот и да диши евентуално од тој ултра загаден воздух мислам која е нашата моќ да се справиме со тоа?
Друга работа е воведување пар-непар коли. Да то е препишано од Париз, и дури град како Париз со најсовремен јавен превоз едвај се снашол тогаш, и комплетно се занемарила идејата со оглед на то дека доаѓа речиси до колапс во функционирањето на јавниот превоз со примената на пар-непар.

Така да колку и да сум оптимист за оваа кампања дека се подига свеста на народот, толку сум сигурен дека одговорните ќе излезат со некакво решение народот да плаќа за нивната некомпетентност да се справат со проблемот, рецимо кој се греј на дрва да плаќа додатна такса за загадување на воздухот... пари кои ќе одат не за модернизирање на здравството него ќе ти преточиме во уште споменици... И така до бескрај кај нас ќе гласи она дека богатите треба да живеат сиромавите да умираат.
 
да се греј на дрва пошто нема пари за клима и да се грее на струја.
рецимо кој се греј на дрва да плаќа додатна такса за загадување на воздухот...

Со оваа не се согласувам
Затоплувањето на дрва е најдобро затоплување и нема било каква штета од затоплување на дрва
 
Сега е време паметно да се изигра и да се искористи моментот оваа еволуција да премини во револуција односно конечно полека но сигурно да почниме да се ослободваме од скопските партии во Пелагонија. Последен пат шо се сеќавам во Битола да се собери толкава маса на народ беше кога го преземваа Елем во Скопје пред некои 20 години отприликаВо тоа време исценираа и рушење на мост во РЕК дел од тие шо се бунеа ги поткупија со пари и притисоци , а тие најтврдокорните беа избркани од работа , меѓу нив и мој близок роднина.Сега овде е олестителна околност шо сите во цела држава дишиме загаден воздух и цела почва ни е загадена па нема да има толкави притисоци се додека не се почуствуват загрозени.Но сепак слушам и читам пак имало притисоци за да не се излегва на протестот на партиски членови а и на тие шо се дирекно и индиректно во РЕК ,а некои и од оправдани причини не можеа да присуствуваат ,што со други зборови доколку му дадеш на сите граѓани шо мислат да се изјаснат на хартија бројката на поддржувачи би била барем 4-5 пати поголема.
[DOUBLEPOST=1415233604][/DOUBLEPOST]
 
Последно уредено:
Види вака Рек не труел и ќе не труе уше зш затоа што пола битола работи во рек и ако го затворат тешко на фамилиите кои живеат од него други треба на битолскиве мангупи (кабадаи) со секурчат со колките да им се нареди вокла по 4 или казна 1000 евра па да видиме дали тогаш ке нема место за паркирање и ке се осети промена во воздухот за шестчлено семејство шест коли и после оти воздухот ни смрди на безин
Друго возлата кои што ги увезуваја кабадаите од странство за 1000 до 5000 евра сите се за отпад па повеќе загадуваат од југо а не за друго чада ко парни локомотиви да се движиш по улица ке те отрујат
Трето да се наареди не да се казжи да се нареди во шпицот од 10 и 30 до 16 и 30 во централното грдско подрачје да се користи само градски (јавен превоз) а не автомобили ,акој ска со автомобил нека си плати такас од 100 евра пошто ако може да вози кола од 5000 евра и нагоре тогаш може да плати и 100 евра за заштита на воздухот и околината што ја загадува
Четврото кога се палат шпоретите на дрво да не кориссти масло,гума и итн ,него фино лепо со картон,книга,весник инт и заборавив на РЕК 25 години му вградуваат филтри и уштер ги вградуваат ако скаме да го подобриме кавлитетот на воздхот во БИТОЛА тогаш мора вака друго чаре нема и мораме да ги одржуваме зелените површини во градот и да ги зголемиме ,а ако продолжиме вака за едно 10 години ќесе труеме ко кинезите во пекинг и нашите деца само на боци со кислород ќе бидат ,со респираторни заболувања,асматичари итн
 
Дали ти мислиш дека воздухот во Битола се загадува од колите? 1-2% се тие загадувач, од проста причина што се малки без разлика колку се стари итн. Оди види во некој милионски град што се случува, таму да речиш дека има огромно загадување од колите, сите коли од битола пошто само една населба повеќе коли и жители од Битола.
Поголем загадувач се шпоретите на дрва и најголем Рек. Значи ако се вградат најнови филтри на РЕК и се пушти парно од таму ќе се намали загадувањето за околу 60-70 % .
 
РЕК да , најголем загадувач е од сите и најголемиот проблем . Ама немој да мислиш дека старите искршени возила увезени од Германија и Бугарија немат голема улога во загадувањето .
Ите како загадуваат тие другар .
Проблем огромен настана од кога секој втор кабадаја во градот стана трговец на автомобили . Кој стигна носи коли и продава. Јас само знам во комшии има еден куп шо имат надојсено по 2-3 коли на паркинг за продавање.
Стари искантани , ги земат по 600-700 евра а ги продават по 2000 евра.
Не дека тие се главниот проблем , ама и за нив мора да се донеси закон иначе ќе се трупат само плацојте со ѓубриња од надвор.
 
Да знам дека има многу такви, но поентата ми беше дека не се ниту толку голем загадувач ниту главен проблем.
Нека се реши еднаш со филтрите на РЕК па потоа можи да се пушти закон за нив. Јас колку што знам веќе има некаков дека неможи да се увезуваат коли постари од 10 години, но најверојатно се врви на царина со мито.
 
Браво БИТОЛЧАНИ , браво СОГРАЃАНИ !!!
Горд сум што уште постојат луѓе во овај град кој имаат свој став и не се дел од она едноумие кое владее низ цела држава.
Само вака сплотени ќе му помогнеме на нашата Битола .
Ова е само почеток .
14579_1003048023054529_2360325855411907223_n.jpg

1394785_10205476560973354_2311271379836607009_n.jpg

1621767_10203857835178716_7921475164713051971_n.jpg
Сега Гвујо ќе им пушти контрапротестанти кои ќе викаат САКАМЕ ЗАГАДЕН ВОЗДУХ !!!!
 
Сега Гвујо ќе им пушти контрапротестанти кои ќе викаат САКАМЕ ЗАГАДЕН ВОЗДУХ !!!!
Ништо не ме чуди... Овие скроз се забегани бе другар.
Можи утре да излезат и да речат да ги намалиме цигарите , оти од нив е загаден воздухот а не од РЕК.
 
Можеби токму властодршците ги организираат овие протести за да го свртат вниманието од вистинските проблеми - невработеноста, сиромаштијата, кршењето на човековите права и слично
Мене ова ми изгледа поверојатно
Какво загадување може да има кога речиси ниту една фабрика не работи
 
Правото на здрав живот не е човеково право? Како можиш да речиш дека ова не е вистински проблем? Млади луѓе умираат
 
Секоја чест на организаторот, на присутните и на сите поддржувачи.
Како сме залежани како безкичмењаци, не креваме глас за ниту еден проблем. И да се помести овај статус кво е вистински успех.

1. ЦЕЛ
Мислам дека протестот имаше една цел. Да ја крени свесноста на луѓето за овај проблем и да регрутира поддршка. Дури и паролата „ЗА НАС СЕ РАБОТИ“ повикува на тоа.
Протестот беше суперцивилизиран, немаше конфликти, не беше неразумно настроен против конкретни субјекти туку строго концизен со јасна цел.
Се надевам дека иницијативата ќе ја подобри свесноста на луѓето и ќе повлечи некои поконкретни чекори.

2. Кои се ПРОБЛЕМИТЕ.
Ве читам наназад како се препирате и си ги штитите своите интереси. Ама ајде да сумирам.
- Чернобил и останати вселенски и паранормални влијанија. Тука неможи ништо да се преземи зато ќе ги прескокнам :)
- Рек и останати индустриски објекти. Факт е дека РЕК константно произведва црни облаци кои редовно кружат над градот, факт е дека рудникот крева прашина до небо која може да се забележи од било каде, ама ако некој сака поубав поглед нека се качи на нешто повисоко наоколу нека гледа. Патем не е само Рек туку во овај пакет се сите други индустријалци. Едно време котланите на парното беа ненормални загадувачи.
- Возила. Тука ќе ги клам сите, стари, нови, лимузини, автобуси, камиони и сл. Недозволиво е да биди оставена во сообраќај кола која чади повеќе од печка на дрва. За ова си постојат одредени стандарди кои трееба да се почитуваат.
- Греење. Греење на дрва мислам дека не е некој преголем проблем, ама ќумур и останато ѓубре е. Без разлика што мислам јас проблем се оџаците, не можи јас да излезам на балкун и оџакот преку улица да дими. Овде има доста материјал за поправање.
- Сигурно има уште ама засега ќе се задржам на ова.

3. Решенија
- Мерни станици - незнам кои се стандардите во светот ама сигурно ако не министерство за екологија тогаш општината треба да направи истражување и да инсталира мерни станици колку што е потребно.
- Регистар на загадувачи. Она што се бараше, мора да се знај, кој колку и со што не загадува. Ова е прв чекор кон поправање на овај проблем. Да не плукаме кон рек или увезеното ѓубре од бугарија, туку јасно да се знај што е загадувач.
- Фабрики. Итна инсталација на филтри и воведување на еколошки стандарди во најкуси можни рокови. Ако можи да се затвори железара во Скопје или да се преполови производство на Југохром, не гледам причина зошто овде да се ќути и да се трпи. Намалување на производство, па и затворање, ако некој не е спремен да почитува екологија МОРА Битола да е спремна да интервенира, па ако сака нека е во прашање и затворање на РЕК. Џабе е цела иницијатива ако се ќути по вакви прашања. Ама засега страстите долу и итна стручна анализа на загадувачи.
- Автомобили. Шо убај стандарди си има за ова ама ајде ние си собираме секакво ѓубре. не можи да вози кола што зад себе остава повеќе чад отколку што има волумен колата, јавниот превоз е исто ѓубре. Сите автобуси чадат ненормално многу, таксиата исто така. Камиони исто. Значи мооора да се почитуваат еколошките стандарди при регистрација и колите под итно да се испраќаат на исталација на филтри или во отпад. Уште повеќе маргината треба да се поткрени и да биди по ригорозна. Имаше идеја за забрана за возење во строг центар, мислам дека мора да се забрани влез на камиони и слично во строг центар. Тие можат да си истовараат во околината и доставата да оди со помали возила. Да се оданочат поголемите загадувачи како во британија со цел да се стимулира купување на поеколошки возила и да се избегнува купување на ѓубре.
- Греење. Мислам дека е скоро невозможно да се интервенира во потесен центар за оџаци и распоред ама барем треба да се планира за новите градби. не сум сигурен дека постои начин да се контролираат сите оџаци што испуштаат нонстоп, ама веројатно можи да се воведи барем некаква контрола. Поголемиот дел од Битола нема алтернативно греење освен струја па ова е вистински предизвик како да се прекини топлењето на дрва, ама можи строго да се забрани греење на ќумур и разни отпади.

Сето ова е материјал за развивање ама засега мора да се постават правила на игра. Мерни станици, листа на загадувачи и ригорозни мерки.
Мора Битолчани да се спремни на се за да се спаси воздухот.
 
... Чернобил и останати вселенски и паранормални влијанија. Тука неможи ништо да се преземи зато ќе ги прескокнам... :)
- Регистар на загадувачи. Она што се бараше, мора да се знај, кој колку и со што не загадува. Ова е прв чекор кон поправање на овај проблем. Да не плукаме кон рек или увезеното ѓубре од бугарија, туку јасно да се знај што е загадувач.
- Фабрики. Итна инсталација на филтри и воведување на еколошки стандарди во најкуси можни рокови. Ако можи да се затвори железара во Скопје или да се преполови производство на Југохром, не гледам причина зошто овде да се ќути и да се трпи. Намалување на производство, па и затворање, ако некој не е спремен да почитува екологија МОРА Битола да е спремна да интервенира, па ако сака нека е во прашање и затворање на РЕК. Џабе е цела иницијатива ако се ќути по вакви прашања. Ама засега страстите долу и итна стручна анализа на загадувачи.
Имаше идеја за забрана за возење во строг центар, мислам дека мора да се забрани влез на камиони и слично во строг центар. Тие можат да си истовараат во околината и доставата да оди со помали возила. Да се оданочат поголемите загадувачи како во британија со цел да се стимулира купување на поеколошки возила и да се избегнува купување на ѓубре.
Мерни станици, листа на загадувачи и ригорозни мерки.
Мора Битолчани да се спремни на се за да се спаси воздухот.

Чернобил не е вселенско влијание... Него е катастрофа од која ќе се чувствуваат последиците уште долго.
Ако кај нас се напрај регистар на загадувачи ќе го финансира кој? Државата. И државата ќе се обвини самата себеси дека е крива за загадувањето? Не.
Затворање на РЕК? :eek: То е затворање на снабдувач кој обезбедува повеќе од 70% струја во државата. Број еден вработувач во градот, и нас ни така не ни стига струјата увезуваме секоја зима, уште ова да се случи и се враќаме во камено доба.
Камиони, трактори не треба ни под разно да се пуштаат во градот... А за да се забрани сообраќај во центарот то е голем апсурд со оглед на тоа дека немаме алтернативни улици. Наместо ова треба да се примени систем на едносмерни улици и кружни тека за да нема запирање во сообраќајот шо е уствари и главниот проблем со загадувањето.
Во однос на купување поеколошки возила... Овде се растоварија дизелаши за наредните 15-20 години никој да не ни помисли да менва кола, така да...
Мерни станици? То ми е исто како кога ќе видам знак за опасност од одрон на патот, секогаш се мислам дали треба да возам побавно и да ме поклопи одронот или да возам ко лудак за да го избегам или да налетам на него. Е истата функција ја има таа мерна станица со лед дисплеј на која пиши да не дишиме оти воздухот е во црвена фаза загаден. Мислам треба да има некој во министерство за екологија шо ќе ја гледа таа мерна станица и ќе превземи нешто околу тоа а нема само да лежи и да зема плата.
Мислам, нема никакви спротиставени страни овде, и јас и ти и секој со топка на рамениците сака да диши чист воздух. Проблемот е како да се најди решение кое нема да го осакати граѓанинот и ќе се погоди целта. Само шо, дури и на запад големите корпорации мува не ги лази а тек па овде кај нас...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom