- Член од
- 22 февруари 2007
- Мислења
- 7.076
- Поени од реакции
- 1.940
Чернобил не е вселенско влијание... Него е катастрофа од која ќе се чувствуваат последиците уште долго.
Ако кај нас се напрај регистар на загадувачи ќе го финансира кој? Државата. И државата ќе се обвини самата себеси дека е крива за загадувањето? Не.
Затворање на РЕК?То е затворање на снабдувач кој обезбедува повеќе од 70% струја во државата. Број еден вработувач во градот, и нас ни така не ни стига струјата увезуваме секоја зима, уште ова да се случи и се враќаме во камено доба.
Камиони, трактори не треба ни под разно да се пуштаат во градот... А за да се забрани сообраќај во центарот то е голем апсурд со оглед на тоа дека немаме алтернативни улици. Наместо ова треба да се примени систем на едносмерни улици и кружни тека за да нема запирање во сообраќајот шо е уствари и главниот проблем со загадувањето.
Во однос на купување поеколошки возила... Овде се растоварија дизелаши за наредните 15-20 години никој да не ни помисли да менва кола, така да...
Мерни станици? То ми е исто како кога ќе видам знак за опасност од одрон на патот, секогаш се мислам дали треба да возам побавно и да ме поклопи одронот или да возам ко лудак за да го избегам или да налетам на него. Е истата функција ја има таа мерна станица со лед дисплеј на која пиши да не дишиме оти воздухот е во црвена фаза загаден. Мислам треба да има некој во министерство за екологија шо ќе ја гледа таа мерна станица и ќе превземи нешто околу тоа а нема само да лежи и да зема плата.
Мислам, нема никакви спротиставени страни овде, и јас и ти и секој со топка на рамениците сака да диши чист воздух. Проблемот е како да се најди решение кое нема да го осакати граѓанинот и ќе се погоди целта. Само шо, дури и на запад големите корпорации мува не ги лази а тек па овде кај нас...
Добро е што имаме иста цел, ама малку не се разбираме. Мислам дека то се гледа уште од првата реченица за која и двајцата користиме сарказам, ама ти малку ми го вадиш од контекст.
Тоа што е вон контрола е така како шо е и неме шо да дискутираме, едноставно невозможно е да се преземи нешто, сјебани сме од чернобил и од останатите влијанија, ама она шо можиме да спасваме треба да се разгледа.
Она што е лошо во твојот пост, е ставот кој ко имаш (т.е. ставот кој го имаме сите) и ќе го земам твојот пост за пример што треба да промениме. За да биди иронијата поголема мислам дека си во право за добар дел од точките, проблем е размислувањето, моментално најголем проблем е да се освести народот.
- Регистар на загадувачи. Мислам дека ова нешто постои и на други места и нема ние да сме пионери со негово воведување. Ова треба/мора да е обврска на секоја нормална држава. Јас како даночен обврзник очекувам парите да се трошат на корисни работи. Ова е еден таков пример. Е сега ако државата не е спремна да го изведи ова, нека е тоа градот, кога веќе во Битола има зголемен интерес, па ако сака нека е и некое НВО со донации. Како се трошат државни пари во Битола до душа чудо е и канделбра а добиеме, ама ова е прв чекор.
Иронијата е тоа, државата не сака да функционираат ваквите работи за да ги скрие гомнениците, наша задача е да се организираме и да го добиеме за почеток ова.
- Затварање на РЕК. Значи немој да ми го земаш екстремниот пример и да дискутираш за него. Треба да се бараат ФИЛТРИ, и почитување на СТАНДАРДИ. ОВа е нормалното и среќно сценарио со кое сите ќе се задоволни. Затварање го спомнав како радикален, екстремен пример во случај да остани статус кво како досега. И треба да се сите спремни да се радикализира до тој степен ако по X време сите загадувачи си спијат на ушите. Значи треба 0 толеранција. Колкав сака нека е обезбедувач на струја, Ако 80к луѓе се организираат РЕК мора да почитува стандарди. Не можи цела Македонија да живеј на шкргите на Битола. Тоа што е број еден вработувач не значи апсолутно ништо, и онака има превработеност таму и прашање на време е кога некој ќе си ги регулира расходите, и ќе ги удри клоците на рекетарите со послаб грб, па тогаш тие ќе размислуваат поинаку. Нема вечно рек да вработува 300% повеќе џаболебари отколку што е потребно.
Има луѓе кои за парче леб или алчност собираат пепел, али тоа е нивни избор, проблем е на што е спремно мнозинството во градот.
ДА СУМИРАМ, ОВА ТРЕБА ДА Е ЕКСТРЕМНА МЕРКА НА КОЈА ТРЕБА ДА СЕ СПРЕМНИ БИТОЛЧАНИ, А НЕ ПРВА ТОЧКА ЗА АКЦИЈА. ПОТРЕБНА Е НУЛА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА СЕКОЈ ЗАГАДУВАЧ НЕ САМО РЕК.
- Камиони, трактори не треба ама се пуштаат нон стоп, и никој не презема ништо. Не зборам јас за тотална забрана, и мене ми е помалку лудо тоа решение, макар шо и поголеми градови одат на таму и ептен сум заинтересиран да видам како ќе функционира. Сообраќајниот хаос е посебна приказна и нема да навлегувам во таа тема оти ќе заминиме далеку со муабетот. Она што треба за почеток е да ги паѓаат на технички сите оние коли кои надминуваат секакви норми а поминуваат туку така. Со тек на време нормите треба да се се поригорозни и да се воведуваат порези за поголемиите загадувачи. Бидејќи ова носи приходи во буџетот, вервам дека ќе има интерес за да се воведи. Проблем е само да не е наеднаш оти мажот шо ќе го изгласа ова лошо ќе помини на избори. Ако ова се воведи полека самите луѓе ќе му се мислат како да ги екологизираат возилата. И ДА преголем проблем беше увозот на дизелашко ѓубре, ама со убав данок ќе видиш како се вози точак на улица.
- Последниве точки се предмет на различно гледиште и кој колку е спремен да се жртвува за да го добие едното или другото. Демократија во вакум е избор на мнозинството, дали го сакаме едното или другото. Задачата на двете страни е да ги убедат другите да си го сменат мислењето.