НБА сезона 2014-2015

  • Креатор на темата Креатор на темата Марли
  • Време на започнување Време на започнување

The Finals:


  • Вкупно гласачи
    49
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Ја имав Данкан над 22.5 ама ме јеба Сити ...а планирав да си играм само НБА (т.е само играчи)
 
Момци зашто на секоја утакмица што ја пуштам нба да глеам после 10-15 мин ми се гаси каналот на Сопкаст? Таман ќе најдам некое јако HD да уживам и ќе ми отиде офлајн каналот... има некое чаре?
Нема. Ги пријавуваат линковите ко нелегални и ги гасат. Поготово ако се стримуваат канали од типот на ESPN. Руските и шпанските на arenavision.in повеќе траат бар така имам приметено.
 
10628338_830224663683753_1483346687513264394_n.jpg

Слика на неделата , дефинитивноооо
 
Ја имав Данкан над 22.5 ама ме јеба Сити ...а планирав да си играм само НБА (т.е само играчи)
Јок. Данкан вечер не иде над 17. А иначе да, и ја обично фаќам кога играм една лига. Не знам кој ѓавол ме тераше да ставам женски ракомет прошлата, само таа ме зезна.
 
ДеРозан штотуку стана 4ти најдобар стрелец во франшизата :cuc:

И без Амир и Јонас пак се држиме добро..ај да тепаме не ќе е лошо..
 
Западов колење ќе биди сезонава ништо чудно Оклахома да не ги гледаме во плејофот.. Освен Јута и Лолкерс сите имат реални шанси за плејоф
 
Западов колење ќе биди сезонава ништо чудно Оклахома да не ги гледаме во плејофот.. Освен Јута и Лолкерс сите имат реални шанси за плејоф
Оклахома сигурно ќе игра плеј оф . Сега додека им се вратат повредените ѕвезди ќе имаат повеќе порази а помалку победи но ќе се поправат со тек на време . Кога ќе се врати Дурент а потоа и Вестбрук се ќе биде поинаку , а и ако стартуваат во плеј оф измеѓу 6 и 8 место нема врска тоа не значи ништо , посебно што во потенцијална плеј оф пресметка Оклахома има шанси да биде подобра од Клиперси и Голден Стејт , Мемфис е тврд орев со нивната одбрана . Да успееше Сан Антонио во тимот да го доведе Пау Гасол ќе ја одбранеа титулата иако и вака имаат големи шанси да ја одбранат титулата иако никогаш не ја одбраниле титулата сепак за се има првпат како што никој уште не ја одбранил титулата во лига на шампиони . На анкетава гласав за Сан Антонио ќе ја земе титулата па ќе видиме , лани гласав за Чикаго . Како и лани и годинава многу според гласовите се очекува од Чикаго .
 
all i do is dunk очаен против Голден стејт..само 1 скок за 31 минута.....:facepalm:
Тоа на мене за инает . Минатата недела Грифин растураше поради тоа што него го имаше ликот што играше против мене на фантази , а сега нашол да потфрли Грифин . Кој малер сум со фантази сум го оставил Кортни Ли на клупа затоа што не бев сигурен дека ќе игра а тој перфектно изиграл а Вејтерс го ставив место Ли во тимот . Малер за малер .
 
Западов колење ќе биди сезонава ништо чудно Оклахома да не ги гледаме во плејофот.. Освен Јута и Лолкерс сите имат реални шанси за плејоф

Денвер нема никакви шанси за плејоф.Доколку не смислат некој голем трејд ништо не прават.Минесота исто не ми се плејоф екипа.Според мене едино Санс и Пеликанс имаат некакви шанси да се протнат во плејофот на сметка на некоја од 8 те екипи што беа лани.Сакраменто има добар старт али не очекувам да продолжат така.
 
Денвер нема никакви шанси за плејоф.Доколку не смислат некој голем трејд ништо не прават.Минесота исто не ми се плејоф екипа.Според мене едино Санс и Пеликанс имаат некакви шанси да се протнат во плејофот на сметка на некоја од 8 те екипи што беа лани.Сакраменто има добар старт али не очекувам да продолжат така.
Забележува ли некој дека овие тројца плејмејкери од Финикс почнаа да делат малку асистенции ? Ако продолжат да не играат тимски како утрово пак ќе извисат за плеј оф како лани . Без тимска игра тие тешко до плеј оф ќе стигнат . И одбраната на Финикс е солидна но не е како онаа на Мемфис . Финикс на брзата игра и младоста победи против Сан Антонио но со Мемфис се виде дека младоста не им помага кога не играат тимски и организирано . Ништо чудно оние 8 тима што лани играа плеј оф на запад пак и годинава да играат плеј оф само со различен пласман на првите осум места , бидејќи не ми се верува дека некој од ланските 8 плеј оф тима нема годинава да обезбеди место во плеј оф . Сите 8 тима годинава изгледаат во најмала рака со ист квалитет како и лани , дури и некои тимови се засилија како Далас со Парсонс , Хјустон со Ариза кој феноменално си ја наоѓа улогата во ростерот . Пеликанси треба многу да ја подобрат играта на гостински терен за да имаат некоја надеж за плеј оф лани играа лошо на гостински терен . Јас мислам истите 8 тима од лани на запад што играа плеј оф и годинава истите 8 тима ќе бидат во плеј оф само со различни позиции . А на исток Детроит се додека го имаат Џош Смит да шутира нерезонски немаат шанси за плеј оф , прашање е колку можат да се подобрат во однос на победите од ланската сезона а камоли плеј оф . Единствена шанса за Детроит е што и Индијана е ослабена па имаат надеж за 8 место и плеј оф .
 
Очекував многу подобра игра уште на стартот за Лејкерси ама нешто слабо , рано е да прогнозирам ама со ваква игра нема да догураат до плејоф а поготово па у западот каде што ке биде тепање за плејоф и многу е потежок западот...слабо слабо лејкерсииии :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.
Back
На врв Bottom