Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.991
Поени од реакции
12.553
Поголема глупост со колоквиумскава не можеа дефинитивно да направат. Место да ја одложат една недела, ги остадоа професорите и студентите сами да си ваѓаат предмети надвор од колоквиумска пошо реално годинава ептен касно почнавме и со материјалот сме до никаде. Јас само утре полагам пошо сите предмети ми се надвор од колоквиумска, конкретно следните 2 викенди. 4 години поминаа уште не се научија еден асолен распоред да направат или временски да се координираат.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
845
Поени од реакции
447

Нема ни да направат кога запишуваат 800+ студенти, а имаат 5-6 предавални и 5-6 лаборатории. Инаку стварно оваа колоквиумска повеќе предмети се надвор од колоквиумска него во колоквиумска недела што има. Па уште успеале задолжителниот и најбираниот изборен (мпип ) од трета година да ги стават у ист ден.
 
Последно уредено:

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.725
Поени од реакции
52.660
Па уште успеале задолжителниот и најбираниот изборен(мпип) од трета година да ги стават у ист ден.
Ова беше стварно погодено. Зар не гледаат дека повеќе од пола генерација го има избрано мобилни...
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
1.433
Поени од реакции
341
И исто мене НАЈлесниот предмет на цел факултет Менаџмент го извадиле од колоквиумска. И јас сега полагам многу малку предмети исто како и вас и е срање тешко. Замисли да сум имал планови некакви за патување или што и да е.

Забележувам дека студентиве што сме четврта година веќе ни е смачено од факултетов и ептен досадно. Нема ич веќе асални предмети, ако сакаш некој да избереш незнаеш што ќе се изучува (пошто програмиве на страната се стари остаени), лабараториски и да немаме веќе - се се прави дома со домашни - снаоѓај се од гугл, без никаков контакт со демонстратори/асистенти. Предметите се толку неинвентивни и досадни немам зборови веќе. 5 предмети се поклопува програмата 90%. И најјако е тоа што се мислат ако дадат професорите проекти по предметиве тоа е ептен кул ствар, онака обемен проект - демек ве спремаме за реалниот свет, практична работа еве ви проект прајте дома и не ме замарајте мене.
 
Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.202
Поени од реакции
1.212
Или да ти закажат колоквиум по предмет по кој "не требаше да има колоквиуми" во кој има малку поќе математика и 250 страни од книга за учење.
Јас не знам ни што е поентата со ова вадење од колоквиумска, демек не го стигнале материјалот за прв колоквиум и сега ај ќе шифтаме. Едноставно колку што си стигнал стави толку материјал на колоквиум, а не да ми го одложуваш, глупости. Јас тие недели имам предавања/вежби/лаб/домашни и триста други глупости, па уште и саботите да ми ги заебеш со полагања... Јас не знам и што е ова квичење по групите, за секој втор предмет се бара да се одложи, божем ако го стават 1 недела понатаму којзнае колку многу ќе го изнаучиш....
 
Член од
5 декември 2009
Мислења
439
Поени од реакции
66
Кај мене колоквиумски месец е. И има разлика предмето ако ти е учен да го полагаш сега во колоквиумска, и да го полагаш по една недела.
 
Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.202
Поени од реакции
1.212
Кај мене колоквиумски месец е. И има разлика предмето ако ти е учен да го полагаш сега во колоквиумска, и да го полагаш по една недела.
Абе има разлика да, ама финтата е што тоа полагањето надвор од колквиумска после ти го нарушува целиот процес на учење. На пример јас неделата после колоквиумска наместо да се посветам на новиот материјал едно друго пак ќе се буфтам за колоквиуми други да учам а материјал ќе ми се трупа. Финтата е што ние сме такви што се приспособуваме на конкретната тежина. Еве сега јас лично имам 2 предмета во колоквиумска и тоа предмети кои не се сметаат за мн "тешки" па пак ми се чини тешко, а некогаш сум полагал по 5 предмети. Сакам да кажам дека колоквиумската недела постои со причина, да бидат тогаш скоцентрирани полагањата и готово. Или нека ја направат 2 недели, ама во тие 2 недели нека нема предавања/домашни/лаб, бидејќи јас овие работи ги имам по секој предмет. Како што кажа колегата погоре, сега во тренд е да даваат и семинарски по сите предмети, ништо чудно другата година и по Калкулус да почнат да даваат проекти за изработување....
 
Член од
6 јануари 2013
Мислења
3
Поени од реакции
0
Може ли некој да ми прати задачи по Структури на податоци и алгоритми и Визуелно програмирање, лабораториски вежби, задачи за колоквиум?
 
Последно уредено:
Член од
27 ноември 2008
Мислења
1.433
Поени од реакции
341
Дали го има некој учено предметот Напредна интеракција човек компјутер и што се паѓа на колоквиуми?
 
Член од
3 ноември 2014
Мислења
9
Поени од реакции
0
Здраво, колеги сакав да прашам , полагам во среда Компјутерски Мрежи кај Игор Мишковски , тој корсти поразлични презентации од тие што ги има на courses , бидејќи се полага на лист а материјалот е мн обемен би сакала да прашам дали да одам по неговите презентации и да го учам само тоа он што го објаснуваше или мора да учам се што има во презентациите на courses?
 
Член од
9 март 2009
Мислења
999
Поени од реакции
392

Штом се полага на лист кај него и користи други презентации,а не тие што се поставени на курсес,најдобро би ти било да си учиш од неговите презентации,бидејќи кога веќе користи различни презентации, прашањата што ќе бидат на лист сигурно ќе бидат од тие презентации.. е сега ако имаш време можеш да ги разлисташ и тие презентации што се поставени на курсес, но посвети си поголемо внимание на неговите презентации.
 
Член од
3 ноември 2014
Мислења
9
Поени од реакции
0
Uste nesto da prasam, ako gi ostvam zadacite po mrezi za na ispit, bidejki sega nemam vreme da gi naucham ubavo, sto treba da ocekuvam togas, ke bidat mnogu teshki ili isto taka ke bidat nekoja reshliva tezina sto moze da se sovlada od auditoriskite eventualno malku + materijal od strana
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.991
Поени од реакции
12.553
Uste nesto da prasam, ako gi ostvam zadacite po mrezi za na ispit, bidejki sega nemam vreme da gi naucham ubavo, sto treba da ocekuvam togas, ke bidat mnogu teshki ili isto taka ke bidat nekoja reshliva tezina sto moze da se sovlada od auditoriskite eventualno malku + materijal od strana
Не го полагав предметот на испит ама мислам дека задачите беа со иста тежина како колоквиумските. Зафркнато кај предметов е тоа шо ако во јануари не го положиш делот со задачи, во јуни мораш наново цел предмет да го полагаш.
 
Член од
10 март 2014
Мислења
1.023
Поени од реакции
1.286
Да не знае некој колку изнесува казната за задоцнето запишување на семестар?
 
Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.202
Поени од реакции
1.212
Ако случајно некој ги има задачите од динамичко што се паднале на колоквиумот по АПС, нека ми ги прати :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom