Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Еј каква срамота.
Имам неколку работи да издвојам од овој натпревар пред се.
Прво, се повеќе имам чувство дека Енрике не е за тренер на Барса, екипата игра тотално расштимано, без никаква идеја и се базира на индивидуални потези.
Ваква слаба, да не речам никаква игра во средината сме немале одамна. Второ, прва работа за Меси е дека очигледно игра за рекордот, втора работа е дека барем според мене
тој од почетокот на првенството па наваму, на секој натпревар игра се послабо и послабо. Денес колку само погрешни додавања имаше, колку само изгубени топки.
Трето, со оваква игра може да сонуваат каква и да било титула. Лани се погоди среќа па земаа супер куп, оваа година ако продолжат вака може само кур да земат.

Лани имавме одличен старт се додека Тата го играше тоа што тој го имаше замислено..Кога раководството се замеша конците избегаа. И со таква Барса со прва сезона на Тата во Европа, со само едно засилување (Нејмар) кој сеуште се адаптираше на новата средина, без никаква одбрана, и никаква атмосфера во соблекувалната, направивме Реал да е комплетно невидвлив во првиот натпревар на Камп Ноу, игравме во полуфинале на ЛШ...Далеку од тоа дека плукам...Енрике доби многу поголема слобода, и повеќе играчи..ова не смее да се дозволи..И прашање едно од мене до сите тука, кое е вашето мислење, дали Барса доби или загуби со тоа што го продаде Фабрегас, доколку денес тој би играл на својата позиција, а не како лажна деветка? :cautious:
 
Јас мислам дека од огромно засилување кое требаше да биде Фабрегас, го усраа тотално човекот со тоа што го играа некаква си лажна деветка.
Загуби и тој и екипата. А ова што се случува сега е жива срамота. Лани со секакви проблеми, со повреден Меси, со тренер кој само што дојде пред почеток
на сезона, со скоро ниедно саглам засилување освен Нејмар, изигравме достојна сезона во поглемиот дел и баш тоа, успеавме Реал на два пати да го совладаме.
Ова сега, иако е сеупте рано, според мене е срамота. Формата на екипата е барем за 2/3 опадната од почетокот на септември. Никаква поврзаност, никаква воиграност.
Се пимпла топката, изиграваат циркузанти, се силуваат индивидуални потези. Од една страна се гледа дека Енрике не си ја завршил работата, а од друга страна се гледа катастрофалната играчка форма кај повеќето играчи: Пиќе, Алвес, Иниеста, па и Алба, Бускетс. Му дава два цели натпревари да игра на Суарез кој очигледно не е спремен за цел натпревар барем според мене. Меси пак е посебна приказна. Не ми е јасно дали толку силува заради рекордот или стварно од почетокот наваму му е падната формата до толку. Како и да е, они зимаат пари и нека се стегнат малку, оти како што реков претходно, ако продолжат вака, оваа година можат само кур да земат.
Сепак, ај да не ги отпишуваме пред време, има уште некое (кратко!!!!) време да се поправат работите.
 
Чисто за компарација , на третиот натпревар на Пеп гледавме беши марамчиња. :)

Некој спомна горе за Фабрегас. Барса дали доби или изгуби со тоа што го продаде Фабрегас е небитно , туку страв ми е Барса да не изгуби со донесувањето на Суарез и форсирањето на неприродна позиција за него. Иако Суарез имаше добри шанси за гол вечерва , едноставно копиљот на стативата беше разулавен.
 
Суарез многу често одеше во средина, а после примениот гол играше класична 9-ка.
Само втор натпревар му е, ќе биде подобар.

8accc5bd1a7e7f2a583cc7c9b583c3ee.jpg
 
тоа за Фабрегас мислев колку доби а колку загуби средината..бидејќи знаеме дека душата на Барса е средината...Ракитич е одличен играч ама како да ми фали нешто...А треба да се спомене дека Бускетс многу несигурен ми изгледа последните неколку натпревари..Прави потези кои не се својствени за него...
 
Мора да се проба со Маске како ДМФ, а Матје и Бартра/Пике како штопери.
Буускетс мора малку да се излади, во последно време делува како првата година кога почна да игра, кога правеше трсита глупости на терен.
 
Проблемот кој ние како фанови на Барса го имаме е тоа што после Пеп нашите критериумите се на високо ниво. Сите очекуваме атрактивна и течна игра, тимска работа и освојување на три бода. Но не секогаш е така.
Енрике е тренер кој допрва го гради тимот, мора да му се даде простор и шанса. Ќе има грешки и во иднина, се соочува со предизвик да го уигра нападот односно да ги уигра Меси, Нејмар и Суарез. Исто како што се соочува со предизвик да изврши регенерирање на средниот ред. Факт е дека има потешкоти. Прво затоа што Меси го има статутот на ѕвезда во тимот и на него се гради целиот напад, тука е страшниот потенцијал на Нејмар и одличниот Суарез. За ова ќе му треба не само повеќе заеднички натпревари туку и голем авторитет. Егото на ѕвездите не е мала работа. Да не заборавиме и да бидеме фер дека Меси и Нејмар тек пред крајот на минатата сезона станаа синхронизирани, а оваа сезона се одлични.
Средниот ред се соочува со големи промени. Чави сакале или не да признаеме е на залез на кариера. Прашање на време е кога ќе објави дека ќе си оди или ќе стави крај на кариерата. Еден од најважните темели на тимот не функционира. Тешко е да се најде играч кој ќе ги замени тие компјутерски точни пасови и таа стабилност ниту пак некогаш ќе има нов Чави.
Останува Иниеста кој во иднина ќе го носи на грб тој среден ред и кој имаше среќа да учи од Чави.
Рактиќ е одлично засилување кое брзо се адаптира на играта, но треба уште некое време да се адаптира на позицијата и задачите кои ги имаше Чави.
Она што загрижува во последно време е пад во формата на Бускец, а сите знаеме кој е разликата кога тој дава 100% од себе а која е кога е тапа.
Факт е дека Енрике ја греши формацијата и ротирањето но мора да му се даде шанса и на него и на тимот. Очекувам во следните натпревари уигрувања и поголеми тактики на тренинзите. Далеку сме од конкурентен тим. Тестот ќе бидат сериозните противници и колкав капацитет има тимот да победи.
 
Пак ќе кажам за Меси, колку пати не има извадено и е икона на Барса, а и на фудбалот воопшто, ама вчера беше страшно голем ропак, егоист, себичен и не знам уште како да го наречам. Не е ни место ни време да брка рекорди, како и да е ќе го сруши дали после една, две, пет утакмици, битно ќе го сруши. Сеа можеби некој ќе ме цитира и ќе пише како не ти е срам тоа да го пишеш за меси каков фан си ти бла бла, ама ја сум фан на Барса и пред Меси така да, да им се мочам на сите рекорди негови ако тоа со себе носи и изгубени утакмици. Гарантирам да не себичеше, а и да не играше воопшто ќе тепавме сигурно!
 
Мое мислење е дека притисокот и медиумите го уништија Меси..Неплаќање даноци, афери, слика на скриена арогантност, бркање рекорди, Роналдо,споредби со Марадона...И Роналдо една или две сезони беше во тој заслепен круг, тогаш кога Барса доминираше, но тој успеа да го насочи тоа кон продуктивност и стана она што е денес, а да не се лажеме далеку е поспремен од Меси моментално...Медиумите се страшна работа, а и до некаде целата јавност во Шпанија е таква, нешто што не е случај во Англија на пример...Имаше време кога мислев дека ништо не може да го уништи Роналдињо, но никогаш нема да ги заборавам солзите на една од неговите последни пресконференции во нашиот клуб...Тоа значеше немоќ да се справи со притисокот...набргу замина..Едноставно е претешко да останеш на врвот долго време. Меси всушност е и долго време на врвот, но како да ја губи моќта некако...Преголем е притисокот...
 
Ме плаши само да не го гледаме истиот филм ко секоја година, нов тренер, летање у облаци, и на првите посериозни тестови паѓање, а после тоа проблеми со реализација и идеја. Безидејно се игра, Меси е многу слаб, што ме тера да мислам дека Енрике не знае да го искористи неговиот потенцијал. А и преку такво више од милиони додавања, тактиката на Гвардиола треба да се закопа и да се почне одново, таа генерација тешко да се повтори. Зашто да не се проба со нова тактика, со играчи у напад кои играат на своја позиција, а не принудно надвор од неа ради Меси?
 
Пак ќе кажам за Меси, колку пати не има извадено и е икона на Барса, а и на фудбалот воопшто, ама вчера беше страшно голем ропак, егоист, себичен и не знам уште како да го наречам. Не е ни место ни време да брка рекорди, како и да е ќе го сруши дали после една, две, пет утакмици, битно ќе го сруши. Сеа можеби некој ќе ме цитира и ќе пише како не ти е срам тоа да го пишеш за меси каков фан си ти бла бла, ама ја сум фан на Барса и пред Меси така да, да им се мочам на сите рекорди негови ако тоа со себе носи и изгубени утакмици. Гарантирам да не себичеше, а и да не играше воопшто ќе тепавме сигурно!
Во која ситуација Меси одигра себично? Ако мислиш само на оној првиот слободен од лева страна, тогаш не знам што да ти кажам...
 
Видов хајлајтс и тоа е, кога не сака не сака. Да ја симнам цела да ја гледам уште повеќе ќе се изнервирам.

Матје се повредил, 2-3 недели ќе одсуствува.

Што изиграва Лучо мудоња со експериментални формации цело време не ми е јасно. Извај бе класична формација, секој каде што му е местото..

Бартра кој нема лоша утакмица сезонава седи на клупа за цена на најлошиот Бускетс од неговата прва сезона наваму.

Па стави го Маске ДМФ бе човеку, нели гледаше светско, пиле не му поминуваше, стави ги Пике и Матје, Бартра и Матје стопери, нема што да игра Матје бек кога не знае со топка да игра.
Стави го Меси класична десетка Неј и Суарез пред него.
Стави го Монтоја покрај килавиот Алвес. Колку и да не знае секогаш се труди и трча.
 
Во која ситуација Меси одигра себично? Ако мислиш само на оној првиот слободен од лева страна, тогаш не знам што да ти кажам...
Па хмм чекај да се присетам во која ситуација од цели 90 минути. Имаше многу ситуации кај што имаше празен човек до него а он идеше на солуција сам да ја заврши акцијата, навлекува двајца играчи на него, се ствара вишак а он упорно иде со глава у ѕид. Страшно себичен.
 
После 56 натпревари се случува Барса да не даде гол на домашен терен
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom