Се трудам да ве читам редовно тука а многу ретко се вклучувам бидејќи немам многу време за пишување постови ама едноставно сега морам да пишам неколку зборови.
Прво ... навистина не знам дали не можете да ја сфатите смислата на она што го пиша IgorceMk или целта ви е да терате инат. Човекот е тотално во право за она што го пиша. Под географија не мислеше на местоположба на Минхен или возниот парк на Ауди туку на комплетниот начин на живот. Мислам дека појасно ќе ви беше доколку пишеше менталитет наместо географија.
Значи еве да прикажам посликовито: јазик, култура, адаптација на семејството и нивниот живот итн, итн.
Германците не се Бразилци, Срби или Африканци (од каде најмногу млади заминуваат како фудбалски таленти) па на 16 години да талкаат низ Европа. Тие ги поминуваат младиските школи и започнуваат сениорски фудбал во Бундес Лигата.
Со тоа што Баерн е институција во Германија, со ретки исклучоци сон на секој млад Германец е да заигра токму за Баерн.
Зошто при јак Баерн кој секоја година е кандидат за тројна круна некој би ја напуштил земјата во која живее цел живот, би требало да учи нов јазик, нов начин на живот, нова култура, тотално различен стил на игра, потреба од докажување поради тоа што си странец и селидба на семејството???
Нешто налик на Русите кои многу ретко заминуваат од Русија .
Значи во прашање е менталитетот.
Друга работа е тоа што Баерн и нема некоја преголема конкуренција во Германија (со исклучок на Дортмунд кога спои 2 титули) и во 5 години губи по една титула (карикирам) а се стреми да го има најдоброто од Германија кај себе, му нуди шанса за докажување и притоа е финансиски гигант кој во секое време може да плати двојно повеќе од било кој друг клуб во Бундес.
Значи природно е Германците како прва опција да го гледаат Баерн а не Реал, Барса, ПСЖ, Сити или Јунајтед. Доколку се докажат во Баерн и се презаситат дури тогаш размислуваат за другите европски гиганти, иако таквите фудбалери претежно се исклучок (Балак, Крос).
И во ваквиот шаблон не влегуваат само Германците туку и најголем број од странците кои веќе се адаптирале на Бундес Лигата.
Инаку навивач сум на Милан ама кога е Бундес во прашање повеќе ги фаворизирам Дортмунд кои ги пратам уште од златната доба со Аморозо, Колер, Деде, Леман и останатите.