Како и секогаш Македонија заостанува. И најако истиве овие што тика плачат по Јигославија на друга тема или друг форум ке се прават патриоти и ке продаваат патриотизам
Види низ светот што се случува луге гинат за своја држава и независност. Што мислите на Баскија подобро ке и биде и појака држава ке биде него Шпанија? Или на Шкоцка? Или на Тексас?
Ама нема на нив кој да им објасни дека буџетот ке им се намалел или здравството ке им било полошо
кути сигорно ке опстоеше Југославија
Ама што да зборам кога некој тука упорно ги побива и неможе да ги свати придобивките од тоа да имаш своја држава
Здравството уште е бесплатно и подобро него тогаш колку за информација
Ај поз од мене толку беше од темава идете крстете се во тито и чекајте може ке ве спаси.
Само колку треба да си ограничен во мозокот за упорно да неможеш да сватиш дека имало луге што и тогаш не им било убаво и дека не било се така совршено ко што ги лажеле
Не бе Грујо сега лаже и прави вештачка слика а Тито бил светец и мајка тереза хахахахаха
па ја да сум читал на интернет
Прочитајте и вие има и на нет и за негативната страна на Тито и Југославија чисто како за информација
Sent from my GT-I9300 using Tapatalk
за разлика од тебе и таквите како тебе, има и такви како мене што живееле во тој “режим“ на живот па можат да направат паралела...
на денешно време обичниот смртник го тангираат неколку работи:
-да има храна доволно и квалитетно
-да има сметки да плати, без да се стиска
-да има да се облече како што треба
-барем по еднаш годишно да иде на одмор во лето и во зима
-да има доволно пари да плати ситни задоволства (гориво, кафана барем еднаш неделно, частење)
-да плати рата за кредит или да тргне на страна некој денар
-живеалиште померка
во принцип, тоа се оние работи кои 99% од населението го тангирало и тогаш и сега... ајде да направиме паралела од тогаш до сега.. сега знаете како е сите, еве како беше тогаш:
-храна имало секогаш и била нај квалитетната. да имаше 2-3 години криза со млеко и млечни продукти, ама краткотрјно беше проблемот
-сметките биле нај ситната ставка во семејството
-нај квалитетните брендови на кои и ден денес им пружаат рака беа во тоа време на продажба, без никакви шкартови од увоз
-по еднаш годишно? сум идел по 3-4 пати на море и барем 2 пати на планина во зимо
-гориво? кафана? частење? кафани имало многу и често а имало и частење... што се однесува до горивото, не се сеќавам стариот мој да рекол да тури за одредена сума пари БЕНЗИН (не плин туку бензин) и тоа да не биде НАПОЛНИ ДО ГОРЕ... во лада која била нај голем лапач и тогаш и сега. после тоа имавме волга, уште поголем лапач, па фијат 132, исто така солиден лапач на гориво. секогаш било полнето ДО КАПАЧЕ.. сега возиме на плин, и тураме за 500 денари во шупливата боца, или нафта во некој економичен дизел, па сме радосни што имаме да извозиме 100-тина километри. за цела недела, па ако остане и за поише, одлично..
-кредитите биле смешни, ратите уште посмешни а каматите, да не прајме муабет.. никаков проблем, да платиш кредит и згора на тоа, да тргнеш пари на страна
-освен на ново компонованите газди, на кои тек тук им никнува по некоја хациенда, погледнете го влае, к. вода, нерези, центар, дебар маало, маџар маало, сингелич, стајковци и пстанатите населби со куќи.. 80% од куѓите се изградени во времето на сфрј... од што нема народот како, по 3-4 генерации живеат во тие куќи сега, а изградени се со РАБОТНИЧКИ-АМАЛСКИ ПЛАТИ по фабрики, задруги и ПСЖ-а...
живеалиште сега? со работничка плата? по еден бубрег, јетра, рака, нога, око и фаца да продадеш, со работничка плата пак нема да имаш доволно да купиш нов стан со минимална површина за да ја наречеш пристојна од 60 квадрати. а ако пак земеш кредит за таа намена, спреми се следниве 20-30 години (ако не и поише) да се откажеш од квалитетниот живот на погоре објаснетите ставки...
не ми се пишува поише, затоа што читам тука на темава некои деца, КОПИЉАЦИ кои читале нешто по нет, и дискутираат тука за пласирани приказни, измислени факти...
деца... неможете да го побиете фактот дека можам со полно морално право да направам вистинска паралела, нити да ме разубедите мене, кој е човек што живеел и во тоа време и во ова време... неможете да ме разубедите дека сега поубаво се живее... немојте од форумов да правите сител телевизија. немојте...