Како така си зимаат за право луѓето да кажат дека се тоа што е направено за Македонија е гратис, абе зар не гинеа наши луѓе за таа идеја, зар не беа затварани наши луѓе за Македонија. Зар тие што градеа во Македонија беа Срби или други народи, тоа беа Македонци. Од капитални, инвестиици во тој период, наброј колку се за таа временска рамка. МЗТ, Железара, Југохром, Фени и Рафинерија, и електраните ТЕЦ Битола и Неготино. А што добија другите држави, некој нуклеарка, некој го доби Ѓердап, ја на пример како Македонец сум преплатил за тоа. Зошто мене ми го земаа зеленчукот и овошјето, пошто зошто, а они ми продаваа Фрутек и што ти ја знам. Еве за Територијалната одбрана ќе збориме, зошто во Македонија се чуваше најмизерното вооружување за Територијална одбрана, а на пример Словенија и Хрватска го имаа најсовременото за тоа време. Кој требаше да вложува за ваквата обнова во Македонија. Еве кај се Македонските претставници од тоа време да побараат и во Македонија да го има тоа. Пругата до Бар е огромна инвестиција, а во Македонија еве ви електрификација на еден коридор, што не ја направија до Охрид. Кој беа тогаш нашите интереси, или ние само со фала ви што направивте и волку ние неможевме повеќе. Абе, спореди ја само економската инвестиција по држави во СФРЈ и ќе ти стане јасно. Нас ни викаа ќе бидеме градина во Југославија, затоа не ни правеа фабрики
. Кого го бушеле тогаш, да си останеме аргати во таа модерна држава, не сум јас тој што сум бил дете и зезнам ништо, туку сум реален, историјата покажа дека и во тој сојуз нас пак не дупчеа. Сега сам си го средувам дворот и знам дека тоа го правам за моите деца.
Децата продаваат дворовите овде и заминуваат странство за повеќе да не се вратат назат, а тоа што вреди - не го контролира македонија туку Грци, Австријци, Унгарци....
Ти имаш некаде 16 - 19 години, то шо си проживеал е се во овој систем, толку знаеш, не си искусил друго. Во Македонија се градело и тоа најмногу во време на СФРЈ. Ни во турско ни во српско ни во бугарско не е толку направено. Ни во овие скоро 30 години “независност“ не е направено колку за 30 години СФРЈ. Фабриките кои во тој систем вработуваа стотици иљади луѓе - сега се затворени или продадени. Здравството и лековите кои беа сите бесплатни - ни ги укинаа, школството кое беше слободнбо и бесплатно за сите - ни го укинаа.
Ете имаме 30 години независна македонија со свои капитали, свои луѓе... кажи кај замина бесплатното здравство?? како одеднаш повеќе ова самостојна земја со сопствен капитал со кој сама распоолага, не може на народот да му обезбеди бесплатни лекови и лекувања. Во СФРЈ андол и витамин Ц во аптека се земаа на рецепт без пари. Немаше државни и приватни квоти по универзитетите па ефтините да плаќаат 300 евра годината а скапите 2000. школувањето и студирањето беа бесплатни. Шо тоа одеднаш се случи да не може државата самостојна со сопствен капитал да му овозможи на своите млади бесплатно школство?? Цела СФРЈ имаше околу 30.000 вработени во администрација, денес Македонија не се знае точна бројка но велат околу 120.000 административци има. Шо толку се случи да мора Македонија денес со 2 милиони жители да има 4 пати поголема администрација од земја со 23 милиони жители, во 1991 година Македонија во рамките на СФРЈ имаше долг од 665 милиони долари, денес како независна суверена земја со свој капитал, должи околу 4 милијарди евра или околу 5,2 милијарди долари.
Фабрики се праавени и тоа многу и на секаде, еве во Охрид колку фабрики имаше во 1945? а колку во 1988, Емо и Застава, Отекс, Братство, Лихнида... само ЕМО и Застава вработија цел град, од селата идеа луѓше да работаат. Што индустрија имаше Битола во 1945? па се изгради фабрика за фрижидери, термоцентрала, фабрика за прерабоитка на шеќер, ЗИК Пелагонија, прехрана, Жито Битола, битолатекс, свилара, кожара, транскоп, млекара... Знаеш ли дека единствена шеќерана во Македонија беше во Битола. Шеќер кој секој ден се конзумира, се направија матни зделки се продаде се препродаде се украде... нема веќа македонски шеќер, нема веќе македонска репка... а вагони по пруга одеа таму носеа на преработканови Рафинерија една единствена во Македонија јужна србија и Косово, изградена во СФРЈ - се продаде на газди грци кои ден денес имаат ќар од неа. ЕВН, народот кој ја еликтрифицираше држава, му го продадоа тоа на Австријци. Струјата поскапе преку 100 % од тогаш.
Не е точно дека Македонија во СФРЈ беше земјоделска република, по производство, Најголеми приходи имаше од неметали, минерали трговија и транспорт приватен сектор и тутун, а од земјоделие најголем прилив имаше Србија и Хрватска, додека во категорија земјоделие Македонија беше со ист прилив како и Словенија. То ве лажат во штабот дека Македонија била бавча на СФРЈ, то што од царев двор одеа јаболка и праски за фруктал, не ја правеше македонија земјоделска земја, но во категорија тутун, беше меѓу првите но тутунот се преработуваше тука, а помал дел се извезуваше.
Седи малце пребарај податоци, ги има еве ти пример Хрватска, таа е веќе во европска унија, а има помал раст на стопанството од колку кога беше во СФРЈ и тоа во 60 сетите години, во хрватска во 1971 година имаше 40.000 невработени а денес иако има 400.000 жители помалце (многумина иселени) има 300.000 невработени.
Види бројките, тие ќе ти кажат се.