Канада заварувачи ?

  • Креатор на темата Креатор на темата Immigration man
  • Време на започнување Време на започнување
I

Immigration man

Гостин
Здраво на сите.

Дали има некој од канада кој можи да помогни за работа или слично.
Или како ,која е процедурата дали има посредник овде во македонија?
 
Канада заварувачи :pos: Од кај го ископа насловов жити се??
 
Здраво на сите.

Дали има некој од канада кој можи да помогни за работа или слично.
Или како ,која е процедурата дали има посредник овде во македонија?

хахахахаха..Ти од Македонец бараш да ти помогне за работа???Абре јас вујко имам во Италија,20 години е таму,со прст несака да мрдне за мене,како на внук да му помогне,не па обичен граѓанин..
 
Си има машина за заварување човекот, сака да ја разработа.
тоа се вика апарат за заварување

а човекот кој работи е заварувач, не гледам што не е јасно...
 
Уште ли не отиде?
 
тоа се вика апарат за заварување

а човекот кој работи е заварувач, не гледам што не е јасно...

И дефинитивно не е ама баш никаква шега тој апарат.

Овие помладиве мислат дека сега кога таков апарат може да се купи и за ситни пари на старо или кинески фалисификат кој ќе си цркне поради никаквиот кабел со кој доаѓа, било кој може да биде заварувач.

Додека во реалност, за човек да биде заварувач мора да има и знаење и вештини, тој апарат за заварување не е играчка.

Запознав еднаш автомолер/автолакер кој ми кажа дека уште во 1980-те години извадил посебен сертификат за секакво заварување, па дури и за заварување под вода.

Дури и планирал да фати џаде или за Германија или за Италија со сертификатот, каде што и до денешен ден бараат луѓе со такви знаења и вештини, но ете, бил млад и наивен, верувал во братството и единството.

Денес вели дека кога тогаш во младоста би го имал истиов памет што го има денес, би фатил џаде без никакво двоумење.

Заварувач не е ама баш никаква заебанција, тоа е доста важна професија која младите ја запоставуваат, а е доста исплатлива.
 
Исплатлива е да фатиш рак на кожата од зрачењето при заварување.
 
Исплатлива е да фатиш рак на кожата од зрачењето при заварување.
Многу гледаш грчка тв :)

исто е опасно колку да не излегуваш од дома затоа што може да те погоди метеор...
 
Исплатлива е да фатиш рак на кожата од зрачењето при заварување.

Затоа постојат заштитни костуми за заварувачите.

Тоа што во Македонија таквите костуми за жал се мисловна именка за заварувачите бидејќи нивните работодавачи се стиснати, тоа е веќе македонска работа.
 
Мене ова би ме интересирало.
Ете ќе дипломира некој на машински и тоа не било што туку насока заварување,а дај му апарат појма нема од заварување.
Или дипломирал градежен, а не знае мистрија да фане и измачка еден ѕид. Е ај сега до што е работата.
Тоа нели е исто на пр. дипломирал забар, ама заби да вади појма нема,или правен а да суди не знае и дава на друзи и сл.
 
Анчо лошо образование е во прашање, премногу обрнување внимание на теорија а ништо на пракса, ретардиран систем на образование. Ќе учиш формули и тешки математички операции кои едино корисни ќе ти бидат ако сакаш да бидеш професор по истите предмети, а во секојдневие (и доста често во струката) најголема е веројатноста дека нема да ти затребаат никогаш.

До отварачот на темава. Конкретно за Канада не сум сретнал за оваа струка огласи или некакви вести поврзани за ваков кадар. Али за во Германија често сум сретнувал огласи дека се бараат мајстори заварувачи со минимална саатница од 10 евра. Треба да поседуваш сертификат. Не можам да ти најдам дел од огласите и вестите, одамна беше тоа, најдобро да се информираш во амбасада.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom