Што да не и во Македонија?

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.115
Ги има насекаде низ светот- Лондон, Париз, Москва, Бразил, Австралија па дури и во Бугарија
Станува збор за висечко кафе- caffè sospeso или како сакате наречете го
Тоа е благотворна иницијатива која својот зародиш го има во Италија , а во Неапол е локална традиција
Инаку ова значи- да кога се порачува соспесо кафе купувачот плаќа неколку кафиња, но консумира едно. на тој начин, кога во кафичот ќе влезе човек, којшто не може да си плати, тој добива токму од овие кафиња . Во Бугарија има над 200 кафичи кои се вклучени во оваквата иницијатива - и исто започнаа со уште една тнр „висечки леб„

images
images


1372521061_0.png


А во Бразил во супермаркетите уште пред неколку години имаа покренато слична иницијатива - луѓето купуваа половина производ- а го плаќаа како цел

0b2c42c497c7cc6600f4a000afbadec8


плус и ова- http://www.brisbanetimes.com.au/queensland/have-a-heart-suspend-a-coffee-20130413-2hrzf.html
 
Последно уредено:
Како луѓе немаме свест за вакви работи. На 5 платени кафиња газдата ќе прикажува 2, од останатите 3 парите во џеб ќе ги става. Тој карши него на 5 платени кафиња ќе прикажува 0, плус и на бездомниците ќе им наплаќа, а ќе лаже дека дава безпари. Нема поголема мрша од македонски алчен газда. Затоа сите заедно живееме во една колектива мизерија.
 
Последно уредено од модератор:
Освен тоа сите знаеме кој ќе биде прв што ќе се залепи за гага. Не е работата да се помага на ваков начин зошто пак на крај од ова ќар ќе имат лешинарите. Убава е идеата но во општество какво што сме ние тешко помиуваат вакви благородни идеи.
 
Зошто да не.*

После ќе се жалите и отварате теми дека уште користиме србизми јеботе!
наместо да зборуваш за правопис - подобро ќе беше да го кажеше своето мислење по однос на темава
инаку , некој рекол - исчисти си го дворот- пред да зборуваш за несредениот двор на соседот:icon_lol:

Азра со сите ќе се такмичи а?
Ја сум за Бијело Дугме. :pipi:

Никад нема да фатам спорЦка.
 
наместо да зборуваш за правопис - подобро ќе беше да го кажеше своето мислење по однос на темава
инаку , некој рекол - исчисти си го дворот- пред да зборуваш за несредениот двор на соседот:icon_lol:
Абе Ригел :pos: и она јеботе од погоре си забораил да го болдираш. :D

Иначе што да кажам по однос на темава, немаме ние таков менталитет за вакво нешто. :);)
 
Како луѓе немаме свест за вакви работи. На 5 платени кафиња газдата ќе прикажува 2, од останатите 3 парите во џеб ќе ги става. Тој карши него на 5 платени кафиња ќе прикажува 0, плус и на бездомниците ќе им наплаќа, а ќе лаже дека дава безпари. Нема поголема мрша од македонски алчен газда. Затоа сите заедно живееме во една колектива мизерија.
This.
Менталитетот ни е ментално заболен на нас за вакви работи.
 
Идејата супер ми изгледа ! Сепак познавајки го народецов наш , не да не верувам дека ке успее ами 100% сум сигурен во тоа.
 
За кафе така така, ама леб е добра иницијатива и ако ја има би ја поддржал, ќе платам за плус еден. Инаку има народни кујни(барем има во Велес), може ако добро се спроведе како проект, пекарите и лебарите лебовите на одлагање и другите продукти(ако има шанса) да ги донираат директно таму.
 
Во Македонија иницијативата „Појадок на мост“ ја злоупотребуваат и доаѓаат со кеси и полнат за дома, а не па ова. Ќе чекаат пензионери со торби пред продавница, ако треба и по неколку пати ќе се вратат, само за да соберат се што е гага. Гледаш - автобускиот превоз им го направија бесплатен и не се симнуваат од автобуси, се возат таму-ваму без потреба. На времето во McDonald's не се наплаќаа кечапот и мајонезот - си полнеа торби за по дома. Кога почнаа да се наплаќаат, место кечапот и мајонезот, за дома си ги носеа весниците кои ги остававме за гостите.

Така - нема потреба ни да се постави прашањево, однапред е осудена на пропаст ваквата иницијатива. ;)
 
ААаа...супер е може ова да се воведе и во саобраќајот...
јас(човек од обичната раја) правам прекршок и го плаќам ЦЕЛ и +, т.с.како за два такви,
за еден да има резерва-пари,па кога ќе направи некој од власта или некое синче со педигре ист таков, ете им пари за истиот оти они и онака до сега не пклаќаа, а овака со оваа акција-идеја ќе биде се платено и регуларно..
 
Гледам сите сте скептични. И до некаде во право сте. Поголемиот дел од луѓето кај нас се такви.
Но нели мислите оти има барем малку надеж за вакво нешто да успее кај нас?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom