Фан клуб - РК Вардар

Од понудениве опции Кире е алфа, омега, гама и делта за другите бекови :D

Освен Македа доколку би се одело со трет бек на таа позиција би се сложил се разбира прва опција Кире а доколку не, најдобра опција за таа позиција би бил швеѓанецот Магнус Персон. Дечкото е еден од најголемите таленти во ракометот и штета што наместо минатата година да го земеме од Дрот, дозволивме Гумерзбах да го испазари.
Германската и Шведската ракометна јавност веќе гласно зборат за него дека ги има квалитетите да биде наследникот на Ким Андерсон, пред се поради тоа што освен неговите одлични ракометни способности дечкото со свои 22-23 години беше лидер и носител на својата екипа. Добра опција би се сложил дека е и Степанчиќ од Загреб.

За Кристопанс исто би се сложил дека е добар играч, само е далеку под нивото на Степанчиќ а посебно Персон. Он ја користи својата висина и тоа што има јак шут, додека другиве двајца се ракометари во права смисла на зборот со сите технички афинитети кои се потребни за да станат одлични бекови.

Најверојатно освен трансфер на десната бековска позиција, нешто ми кажува дека не очекува трансфер и на среден бек наредната сезона.
 
Нека батали Сергеј ЖРК, да го земеме Карабатиќ (плус Македа) и да си земеме лабаво ЛШ :icon_mrgr:
каков тим би имале па-па-па :D

Види, ако ти текнува на насловната на Спорт пред некое време објавија слика со Рутенка, Штербик, Карабатиќ и Лазаров дека наводно ќе доаѓале во Вардар :D

За Рутенка неофицијално причина за негово недоаѓање беше тоа што он бараше премногу пари, Штербик вчера го видов во дресот на Вардар, и останаа уште двајца на таа слика... :D
 
Да не знае некој дали ќе има нова епизода од ВАРДАР ТВ утре? И доколку има во колку часот би била... пошо на нет никаде неможе да се најде.
Ако има некој некаква информација нека пише. :)
 
Да не знае некој дали ќе има нова епизода од ВАРДАР ТВ утре? И доколку има во колку часот би била... пошо на нет никаде неможе да се најде.
Ако има некој некаква информација нека пише. :)

Овде пишува дека ќе има, исто од 11:15 :)
 
Што кур не го пушта Марковиќ да игра бе?
3 утакмици по ред паркет нема осетено.

повреда изјави и Раул пред утакмица, инаку Вардар втора екипа тепаа против Борец 32-24.
 
Иначе баш денес имав дискусија за тоа како се прави и како треба да изгледа сала од нашата класа (5 илјади до 7 илјади публика), односно како правилно и најефикасно се прави сала со таа големина. Совршен пример за таков тип на сали односно изградени ефикасно, ефтино и одлични за просечниот гледач се следниве две сали „од соседството“.

Златорог арена, Целје, 5,000 седишта

zlatorog 1.jpg

zlatorog 2.jpg

Веспрем арена - Веспрем, 5,000 седишта

vesprem.jpg

vesprem 1.jpg

Многу подобар преглед на терен има обичниот гледач од секое столче во салата, а и плус стварно делуваат како казан кога се полни, посебно таа на Веспрем. Тек тука каква атмосфера би се стварала кога би им дишеле во врат....
Останува мистерија за мене од кај одлуката во Јане трибините да се дигнат два метри а доле ложи да има, и плус од кај одлуката толкави влезови на трибина да се направат на средина (таму каде што треба да се најдобрите столчиња).
 
Иначе прашав, да знаете паркингот е само за ВИП :pos: миљон паркинг места само за ВИП направени :cuc: кој беше кретенов што го осмисли вака ВИП делот сигурна сум дека дише со упатство.
 
Сигурно причина за трибините што се горе има и улога тоа што се фрли столче на терен у Борис. Иначе стварно ми нема логика да се прават вакви "тераси", а доле да зјае скоро празно.
 
Сигурно причина за трибините што се горе има и улога тоа што се фрли столче на терен у Борис. Иначе стварно ми нема логика да се прават вакви "тераси", а доле да зјае скоро празно.
Салава имаше 3д модел уште пред тоа со столчето, иначе да беше салата како на веспрем до терен со 5000 столчиња ќе беше подобро и од Кале, пекол ќе беше за играчите.
 
Не е проблем паркингот,него глупата навика која ние ја имаме и вклозет да не се одело без автомобил..значи користете јавни превозни средства и ќе се намалат жалбите дека немало доволно места за паркирање..
Сум бил на Алианц арената во Минхен каде исто така немаше слободно место за паркирање,паркирав непрописно како и многу други и нормално сите ние добивме по 25€ казна,ум за друг пат
 
Викаш? Арената во Унгарија кај што се игра женскиот Ф4 си има паркинг кој додуше се плаќа ама има кај да ставиш кола бе. Сум била и на Амстердам Арена, исти муабет, те спроведува редар каде да паркираш. Само кај нашиве сали и стадиони не е решен сево ова и после плачеме кога ќе ни ја исфрлат од старт кандидатурата.

значи да се разбереме, не ми е проблем да платам паркинг ама да има бе, не да барам по зградине. Кога веќе плаќам гориво зашто да плаќам и автобус? Зашто да чекам пола саат 5ка? Да се бутам со пензионери после? Хинт, после Чековски медведи не ни застанува бусовите оти почни беа ради Бела Ноќ. Плус, имаш луѓе патуваат од други градови, тие да оставаат кола во Ѓорче 2 и саат времето до Три Бисера да одат? Не бидете смешни. Сигурно и во странскиве земји се разгалени со кола што идат. Се е луксуз за Македончето.
 
Не е проблем паркингот,него глупата навика која ние ја имаме и вклозет да не се одело без автомобил..значи користете јавни превозни средства и ќе се намалат жалбите дека немало доволно места за паркирање..
Сум бил на Алианц арената во Минхен каде исто така немаше слободно место за паркирање,паркирав непрописно како и многу други и нормално сите ние добивме по 25€ казна,ум за друг пат

Таму има еден друг развиен метод.
P+R или park and ride.
Ја паркираш колата за некоја симболична сума на паркинг подалеку од местото и си користиш јавен превоз до Алианц арена во овој случај со метро мислам дека се стигаше до претпоследната станица Фротманинг.
Од метро станицата имаш пешки идење по специјални патеки направени не ми текнува како ги викаа :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom