Фан Клуб: Барселона

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.647
Поени од реакции
31.871
Посрање тактика амин. Скроз утната скроз. Матје/Алба релација, Суарез стартер исто утнато по мое.........не знам че има шо да се коментира, али факт е дека не се созрани за титула уште.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.152
Поени од реакции
8.946
Не го обвинувам јас Енрике, тактика е коректна. Од вакви грешки ние губевме мечеви и со Пеп и со Тито.
 
B

Beck's

Гостин
Кривицата кај Енрике иде и нема тука што. Ги утна замените уште од старт. Подфрлува на двата потешки натпревари сезонава
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.021
Поени од реакции
22.930
Што шмркале бе на полувреме? :eek:
Прво игравме доста добро, второ изгубени цела утакмица. Ајде од корнер стандардно примаме, ама грешката на Иниеста и Маскерано. Прво не знам Иниеста како не го виде Маскерано, ама и овој вториот кај се летна не ми е јасно.
Катастрофално полувреме и игра на некои поединци.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Вината за заслужениов поразот оди кај Енрике и крај.
Не се игра прва постава со неуигран Суарез со Меси и Нејмар на вакво дерби каде нема простор за грешки. Не е ова Гетафе па да се уигрива триото. Едноставно овде мора да функционора се совршено и синхронизирано. Реал не победи на компактна и уиграна екипа.
Ракитич мораше да игра прва постава. Чави е преспор за вакво темпо. Ракитич ќе беше одличен со пасовите на утакмицава.
Пике уште еднаш докажа дека не заслужува да игра во Барса. Едноставно со паметот не е на терен.
Потегот со позицијата на Матие е епик феил глуп потег на годината, посебно кога имаш играчи на Реал со таков брз спринт, а Матие е преспор за нив.
Добар шамар и памет за во иднина.
 
Последно уредено:
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.883
Поени од реакции
10.416
Енрике утна многу. Ама баш многу. Единствен со преодна оценка беше Нејмар, за другите нема да коментирам.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.647
Поени од реакции
31.871
Не го обвинувам јас Енрике, тактика е коректна. Од вакви грешки ние губевме мечеви и со Пеп и со Тито.
И ти си во право до негде, ама ако видиш, погрешната поставеност на играчите пред се, па потем грешките кои произлегоа од погрешната поставеност, и неможноста да се покрива успешно си го направија своето.

Матје ни под разно не требаше да игра лево. Пике изгубен в средина. Средината исто лоша и бавна. Суарез се трудеше, ама веројатно попаметно ќе беше да влези во второ, како дополнителен притисок.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.463
Поени од реакции
39.152
Иниеста ја уби утакмицата , абе шутирај во аут и ај сиктер.

Пике е курва. Како што кажа некој пред неколку месеци , Пујол го правеше Пике добар , иначе е само обичен просечњак кој што може да игра за Серкл Бриж.
 
Член од
20 април 2009
Мислења
994
Поени од реакции
946
Прво пред се треба да се честита на фановите на Реал на форумов! Ова беше еден добар шамар за сите што се крстевме во тие нула примени голови, и тој шамар го примам со дигната глава. Она што го имав за одбраната како впечаток е една лоша слика која денес се разбистри..Не знам дали тоа до одлуката на Лучо да излезе со Матје на бековската позиција па се до одлуката Пике да игра во прва постава..Едноставно не сме дораснати сеуште за некоја голема екипа..Во два натпревари со големи имиња на европскиот фудбал како Реал и ПСЖ примаме 6 голови...Матје стар, Пике дрво, Алвес променлив, Вермален не постои како да не сме го купиле..На Суарез ќе му треба време да се прилагоди..Можеби Меси да погодеше ќе беше се поинаку..Но, Реал изигра одлична одбрана и убиствени се на контра..Повторно примаме од прекин..Многу ми е жал што ова го пишувам, некои ќе ме запрашаат каков фан сум што сум изгубил надеж по првиот пораз во Ла Лига..но за мене првиот реален тест сезонава беше денес..и да, не го поминавме..Среќа што е 9то коло, па сеуште е рано за некои подалечни прогнози, и среќа што нокаут фазата од ЛШ е далеку..Бодовите кои ги изгубивме лесно може да се вратат...Како и да е главата горе и VISCA!!
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.883
Поени од реакции
10.416
Иниеста ја уби утакмицата , абе шутирај во аут и ај сиктер.

Пике е курва. Како што кажа некој пред неколку месеци , Пујол го правеше Пике добар , иначе е само обичен просечњак кој што може да игра за Серкл Бриж.
Пике беше и добар во некои ситуации. Проблемот е што освен Пике друг немаше во одбрана. Или нонстоп на Пике одеа или Маскерано не постоеше. Јас мислам второто ќе да е, Маскерано како главен во одбрана отсекогаш ми било глупо. Матје мораше да игра на таа позиција. Ама два корпулентни не бидувало бла бла...затоа има бекови да трчаат. Кај нас Алвес е само штета, ни напред прави нешто корисно а назад сите голови паѓаат на негова страна.
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
Иако е почеток на сезоната, паднаа на двата најбитни испити, и примаа по 3 гола!
За мене тоа е катастрофа, без разлика на другите резултати. Екипата е далеку од спремна
за високи дострели.
 

Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.642
Поени од реакции
10.241
После третиот гол сите се предадоа, само Маскерано даваше сеуште 100%.
Лани токму поради двоецот Пике-Маскерано ги изгубивме клучните натпревари и сега Енрике токму на Ел Класико игра со тој двоец, абе подобро стави го Бартра.
Исто така не смееше со Матје како лев бек, ептен е спор. Средниот ред во второто полувреме катастрофален, срамота, губеа безвеза топки при што противникот ни направи милион контри.
Нејмар освен голот воопшто не се истакна од соиграчите, тој ја изгуби топката при што Реал ни направи контра, извадија корнер и ни го дадоа третиот гол.

Матје и Маскерано најдобро се надополнуваат кога играат во одбрана, а Алба многу недостасуваше при нашите напади и при сопирањето на контрите.

Суарез изигра солиден натпревар, направи асистенција, додаде за Меси кој за несреќа го погоди Касиљас и тоа е.
Алвес најслаб на теренот, Марсело го претрчуваше бе, заедно со Пике го сјебаа натпреварот!
А јас сметам дека Чави добро ја држеше средината, откако излезе тој почнавме со глупите грешки при што Реал направи многу контри.
 

Lu5

Som la gent Blaugrana!
Член од
30 ноември 2011
Мислења
4.229
Поени од реакции
7.319
Првото полувреме одлично беше. Во второ како други играчи да излегоа.
Меси најслаб на теренот. Енрике тактички надигран.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.463
Поени од реакции
39.152
Не вреди да пишувате и да се нервирате, лошо беше многу.
Лошо беше , али и среќа немавме да му е... Головите од прекин ни се тешка слабост , а да не заборувам и за пасивноста во нападот. Кај никој не се виде на лицето желба за докажување.

Што да кажеме тоа е , честито до фановите на Реал заслужена победа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom