The Walking Dead

Прејака епизода, цело време во очекување на нешто да тргне наопаку.
Иначе мислам дека попот ќе испадне фер човек, мислам така поради тоа што кога се симнаа по храната, тој почна да бега кога му се појави таа мртвата жена со наочарите (вајда му била женска, поради тоа што на крајот од епизодава извади слика од него и девојка со наочари). Мислам дека и има нешто направено нејзе, намерно или ненамерно ја убил и сега го гриза совест.

Како и да е, треба да го слушаат тој плавиот и да заминат во Вашингтон, нема време за чекање пошто си имаат канибалисти околу нив кои што еден по еден ќе ги делкаат, така да бегањето би било најдобра опција, али тоа беше премногу едноставно, палиш комбето и бегаш, за да го избегнат режисерите тоа ја направија сценава со Боб, па сега нема да си заминат овие во Вашингтот туку ќе го бараат Боб, да се изгубат 3-4 епизоди од сезонава. Исто и за Бет ќе биде така, почнаа да се разделуваат, тоа не е на арно.

Друго нешто што забележав е дека Мишон рече дека мечот не бил нејзин, а кога даваа flashback во минатото од нејзе и од нејзиниот маж, во нејзината кујна стоеше полица со ножови каде што таму беше и сабјата, нешто крие, ќе видиме.
 
Ја изгледав првата сезона, но не памтам баш ништо. Би сакал да ми прати некој/а торент за да ги симнам сите сезони во квалитетна слика?
 
Само што изгледав. Гледам никој не ја спомна врската меѓу Меги, Глен и Тара. Иако Тара кажа дека е лезбаќа, мислам дека чувствува нешто према Глен. Сцената кога ги гледаше како се гушкаат и сцената кога Глен и ги дава сајленсерите, кога Тара се чувствува отрфрлено...
Мислам дека некогаш ќе им се случи нешто на Глен или на Меги, иако несакам. Многу долго ги држеа заедно и среќно.
 
Супер си се билдаше тензија во епизодава. Околу реднек научникот и јас мислам дека им прават филмови, на почетокот од епизодата кога Мишон му ја скрши главата на зомбито и од позади Абрахам и кажа на Розита
Right there is why we are waiting for our moment.
А кој е тој момент, останува да видиме.
 
10626538_1484383235168862_3557023202382568750_n.jpg


o_O
 
Кој сака нека негира ама црнецот е најголема ѕверка во серијава.
За кој црнец зборувате?Па после ќе коментирам импресии за маестралниот почеток на сезоната. Некако многу коментари ми дојдоа наеднаш исе збунив малку.
 
За кој црнец зборувате?Па после ќе коментирам импресии за маестралниот почеток на сезоната. Некако многу коментари ми дојдоа наеднаш исе збунив малку.

За Morgan Jones.

tumblr_mj4amfhtQZ1r2acrxo1_r1_500.gif
 
Се појави во првата епизода од петтата сезона. На самиот крај од епизодата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom