- Член од
- 14 август 2006
- Мислења
- 45.353
- Поени од реакции
- 84.575
Што ќе се случи ако слета знаме со Обединета Македонија на стадион во Атина?
Замислете вакво сценарио: за време на натпревар од квалификации за Европско првеснтво меѓу Грција и Македонија на арената „Караискаки“ во Атина да слета дрон со со закачено знаме на Обединета Македонија… Какви би биле последиците по нашата репрезентација, веднаш на теренот, а и после од страна на УЕФА?
Којзнае колкав ќотек ќе добиеја нашите играчи, дали ќе можеа да извлечат жива глава од стадионот ако на теренот „се пуштеа“ припадници на ултранационалистиката Златна зора, за кои ваквите настани се одлична можност да се направи инцидент. На крајот ќе следи и казна од УЕФА, која всушност би требало да реагира уште пред да се случуваат вакви испади.
Нетрпението меѓу балканските соседи е историски докажано и длабоко навлезено во спортот. Дали се во прашање Македонија и Грција, Србија и Хрватска, Србија и Албанија, па и останатите земји во регионов, секогаш натпреварите меѓу нивните селекции се проблематични и од висок ризик.
УЕФА веќе има пракса да не дозволува во иста квалификациска група да се паднат земји меѓу кои има политички тензии и нетрпеливост, како што во моментов е случајот со Ерменија и Азербејџан, Русија и Украина у Шпанија и Гибралтар. Тешко е да се замисли дека во овие земји ризикот за инциденти е поголем отколку на Балканот, кој со години беше парчосан од војни, а според УЕФА на него сѐ уште нема место за диригирана ждрепка.
Да се надеваме дека овој последен случај во Белград ќе ги освести челниците на Европската куќа на фудбалот и тие нема да чекаат жртви на терените за да воведат забрана за настап во иста група и меѓу балканските земји. Политиката секогаш треба да биде надвор од спортот, но кога е повеќе од очигледно дека тоа не е можно, мора да се преземат дгури мерки за да се избегнат човечките жртви. Нереди и проблеми во Белград со денови беа најавувани и очекувани од сите, освен се чини од УЕФА. Неверојатно е како може оваа организација да е толку слепа при безброј докази и примери од минатото дека вакви дуели на балкански соперници полни со меѓусебна омраза едноставно не се возможни без инциденти!