Кога го прочитав неговиот пост, пред очи ми излезе девојчето на кое му бев бебиситерка додека беше мало бебе (сега е 16 години таа). Знам какви провокативни слики има на фб, и да ја видиш според градба нема шанси да и дадеш 16 години. Е сега сум запознала многу дечки од 23-24 години и можам да кажам дека знам како размислуваат и што им е во паметот. Дете од 16 години не знае што сака се уште. Се уште и се оформува телото, умот, односот кон светот. Е сега земи едно такво девојче и натерај го во врска со возрасен човек (некои на тие години размислуваат за брак и деца да се разбереме). Како прво нејзиното мислење ќе се оформи врз основа на тоа што ќе и каже поголемиот батко. Зошто не би ја оставил сама да се научи каков е светот. Ваква врска искрено ми е гушење за девојчето.
Не знам зошто би сакал некој со тие години да биде „учител“ на едно дете.
Исто така не можам да си ја тргнам сликата од глава. Кога истото девојче беше некои 10-11 години, и си играше пред зграда. Одев на гости кај нив да ја видам и таа ме пречека со трчање и насмевка на лице: Еј дада Неса, овој чичко вели дека ме сака ... покажувајќи накај младичот кој моментално работеше на изградба на патот. Дечкото немаше повеќе од 20 тина години, ама мене искрено ми се згади. Следуваше долг разговор и објаснување, со неа, зошто џабе ако му се пуштев на типот да го тепам, не е еден, со вакви размислувања како вашите, секој втор е веќе таков.