Фан клуб - РК Вардар

Кое газење во второ полувреме, штета што се опуштија на крај па дозволија да се доближат. Забелешките како и секогаш, зашто Дибиров шутира пенали и зашто на играч повеќе се додава до крило кое од мртов агол скока, па тоа и со двајца играчи помалце кога си ќе ти дозволат да го направиш.

Ловен who?
Дибиров го викаше Брумен од клупа да шутира пенали, не е баш себичен :)

уште ми се тресат рацете еј ненормално беше ова, после нешто повеќе, само знајте еден период од толку уУуУУУУУууууу ушите почнаа да ме притискаат, нема да го заборават ова лиглињата :)
 
Bravo za pobedata(y)
Vardar izigra pametno,mirno gi iskoristi site greski na Loven koj denes se izgubi.
Odlicna odbrana.
Se zatvori taa sredina so bese najvazno,posle bese polesno plus Sterbik na gol.
Dobro ja prostudiral Raul igrata na Loven.
Napadot na Vardar,dosta dobar,na celo so Dusebaev,deckoto vredi zlato.
Karacic se vraka poleka poleka vo ritam,bese na nivo denes.
 
Шалалалалаааа Ауфитерзеееен ! ! ! :vozbud:

Магдебург,Хамбург,Фленсбург,Рај Некар...Ајде ред се редат мале :D Им нема спас на швабиве од Скопскиот пекол.Џабе и педерите во сино застанаа на нивна страна кога на крај ако одиграа нашиве со памет ќе тепавме и 10 разлика.Затоа на крај и Штербик се лутеше и во право е ѕверкава.Ако на крај имаме исто бодови со РНЛ и ако овие се пред нас само заради гол разликата и добијат некоја боса екипа ќе треба самоубиство да направат нашиве.

Утакмицава почна одлично за нас и поведовме за кратко време со 2:0.Тука следеше и првото асално грмење во Јане Сандански,а до крајот сигурно уште едно 10 пати цела сала стана на нозе и даде максимална подршка за Вардар.Нема ништо поубаво од таква глетка,а и играчите во тие моменти играат како да се на тешки дроги додека пак противниците целосно се губат и им испаѓа топката од раце.Германциве брзо се вратија после нашата мини серија од 2:0 и го изедначија резултатот на 2:2,а тоа што ме загрижуваше највеќе беше Ландин.Од првите 5 шута успеа 3 да одбрани и во тие моменти само молев бога да не се разбрани данското копиле.Мораше денес да види во буквална смисла што значи ‘‘домашен терен‘‘ и на утакмици во Данска да не се курчи многу пред мртвата публика.До крајот на полувремето се играше гол за гол со тоа што РНЛ доби неверојатна помош од судиите.Ова е дефинитивно една од утакмиците во кои што добиваме многу лошо судење иако ние сме домаќни,но со германски екипи сигурно вака ќе го јадеме од судиите.Исклучувања без врска за Вардар,поништен чист гол на Столе заради наводен престап (немаше ни п од престап во таа ситуација),нападите на РНЛ траеа додека не шутнат...ни еднаш не досудија пасивен напад иако имаше барем 3 ситуации во кои што можеа да го направат тоа итн.На целата оваа помош на крај пак не успеаа да отидат со водство на полувремето затоа што Вардарци и покрај сите потешкотии извадија пристојни 13:13.Второто полувреме беше нешто многу подруго.Одбраната се стегна за ниво повеќе за разлика од првото полувреме,Штербик покажа зошто е голман број 1 во светот без никаква конкуренција,нападот фантастичен.Душебаев покажа одново зошто е најдобар млад играч на светот,но и одново докажа дека има муда до колена.Во моментите кога беше најпотребно без двоумење тргна да го решета Ландин како да е играч со 300 утакмици зад себе.Мора да се задржи малиов во тимов по секоја цена.Карачиќ најави уште со Мечките дека ја враќа страта форма,а со денешнава утакмица само стави потврда дека машината во него проработела,Брумен прв стрелец во Вардар и ако не се лажам од игра немаше ниту едно промашување,Лацковиќ и Горбок Топољ ја запалија мрежата на РНЛ,Тоскиќ и Чипурин на пикер имаа доста солидна партија,а Столе треба уште да работи за да ја врати старата форма.Шишкарев одново повеќе од одлично го замени Брумен додека овој се жалеше на повреда и ако се исклучи зицерот кога промаши цел гол мора да признаеме дека одигра утакмица за 10ка.Најјак момент во второ полувреме беше кога на Штербик една топка му помина преку прсти и влезе во гол,а овој од нервоза од што немаше кај да удри ја здрви асално пречката со нога.Да сака со нога може да го удри мониторот што е горе над центарот у пм.Најважно од се е тоа што го добивме овој многу важен меч за нас иако од една страна треба да ни биде и жал што на крај победивме со само 3 разлика,а не со 7 или 8 голови предност.Според мене Штербик ја напави разликата во второто полувреме и затоа Вардар се одлепи на +7 иако не треба да се омаловажи играта и на играчите од одбраната и на играчите од нападот.

Навивањето одново за чиста 10ка.Стандард навивање на вакви дерби мечеви со постојан пад од 5-10 минути заради тепачка на некои сељачишта.Се надевам дека снимила полицијата кој ја започнал тепачката и деновиве би требало да му стигне честитка на врата.
 
Веќе може да се каже дека сме голем тим.
Судиите вака, судиите онака, абе какво и да е судењето, САМО ГАЗЕЊЕ:icon_mrgr:

Како што кажав, ниедна екипа нема што да бара во Скопје и уште си стојам на зборот. Со Веспрем очекувам тесна утакмица, а Рајн Некар очекував и со повеќе разлика да ги добиеме.
На крај дури и разочарани искочивме од сала, сите сметаа дека беше неприфатливо ноншалантното однесување на крај :icon_mrgr:
Еееееееј порано беше топ ако не изгубевме со двоцифрена разлика на домашен против Германска екипа, сега сме незадоволни што не сме ја демолирале целосно во моментов најдобрата германска екипа и во дадени моменти сме имале 7 разлика на терен :icon_mrgr:
Се надевам само дека гол разликата во меѓусебниот дуел нема да биде некој клучен фактор за пласманот на првите две места.
Тоа што е наше е дома да добиеме се, и на гости обавезно да паднат Чеховски, Цеље и Монпеље.
Цеље го добивме, Чеховски ќе ги добиеме, за нас најбитни се мечевите кај Монпеље на гости и со Веспрем дома.
А потоа може да размислуваме и на второто, па зошто да не и на првото место во групата :)

Во првото полувреме знаев дека полошо од тоа не можеме да изиграме. Реално имавме слаб прв дел и добро е што бродот не тргна надолу после серијата 4-0 на Германците (на резултат 2-4).
Штербик фати некоја топка, во напад се разигравме, го свртивме резултатот и пак подзастанавме.
Од првиот дел бевме доста слаби во одбрана и доста лесно не пробиваа. Публиката доста пати се бунеше за судењето ама според мене си беа исправни повеќето одлуки. Може имаше некои ситни грешки, ама не за толкава узбуна :D
Дибиров се моли да престане да шутира пенали. Што беше таа егзибиција човече? :гик:
Што сакаше да направи?
Лац погоди еден шут во моменти кога имавме играч помалку и пасивен напад, ама сепак стојам на ставот дека Горбок е подобра опција за напад. И Растворцев беше во тимот на сметка на Лазаров, но не влезе во игра. Очекувам на следните мечеви полека да добива шанса.
Она што ни недостасуваше во претходните мечеви беше Карачиќ.
КОНЕЧНО!
Тој беше разликата денеска, одигра феноменален меч. Особено голот од зглобче при крајот од првиот дел ја крена публиката на нозе :icon_mrgr:

Второ полувреме се знаеше дека нема каде да бегаат :icon_mrgr:
Почнавме навивање со правење притисок врз противниците, ечеше салата. Топката им паѓаше од раце, а при нашите напади ечеше АЈДЕ АЈДЕ АЈДЕ ВАРДАРЕ :D
Тоа е рецептот на навивање за правење разлика или за пресвртници :D
Уште не се свестија, а Вардар веќе беше на +6-7 разлика.
Многу рано го направивме завршниот удар и веќе се знаеше дека Германците нема што да бараат.
Се разигра Душебаев, Горбок погоди некоја топка, Карачиќ распали и обавезно да не го заборавам Брумен кој денес беше феноменален, особено во првиот дел.
Мислам дека и Тоскиќ играше главна улога денес, особено во одбраната. а и Абутовиќ доста цврсто изигра во вториот дел.
Одбраната беше на ниво, со влегување на Шишкарев по малата повреда на Брумен, истотака скрати некоја топка во одбрана и Германците немаа многу опции.
Не успеавме целосно да го затвориме Петерсон, ама сепак играта по крила им ја затворивме до максимум, а богами и на пикер немаа некое решение.
Нашите напади беа доста течни, крилата влегуваа на пикер, добри асистенции и до пикерите, шутеви од далеку, влезови од бековите, едноставно се ни одеше од рака.

Германците ги испративме некако предвреме, во моментов кога цела сала грмеше
Шалалалалалалала АУФИДЕРЗЕН :D
Нашите играчи недопустливо се опуштија и при некои напади кога лежерно губевме топка само блееа во контрите на противникот.
Имавме играч повеќе, но сепак ни направија разлика 4-1 во последните 2-3 минути...
И тоа една контра ја акнаа во пречка.
Смешен ми беше Штербик кога се налути за една топка што не ја фати. Ќе ја скршеше стативата од нервоза :D
Одма има разлика кога имаш светски голман на гол, како само му ја фати една топка на нивниот пикер. Се расчепати со ногата, цел гол му го покри :D
Исто да напоменам дека бајаги пцуеа кога Шишкарев утна една контра, но сепак мора да се признае дека Ландин одлично му го затвори аголот, така да не е толку трагична утката.

Моќни сме да го ебам... :D

На трибините овојпат подобро издание од првиот меч, но сепак уште не сме влезени во форма. Имаше мал инцидент во првиот дел кој го наруши навивањето во тој дел од мечот...
Второ полувреме беше веќе она што се бара :D
Можам да кажам дека благодарение на нашето навивање се разбуди цела сала и се направи главниот притисок со кој нашите почнаа да газат, а противникот да се губи во салата.
Понатаму се продолжи со јако навивање се до крајот на мечот.
Нешто што мора да го напоменам е дека некако од нашиот тим влегоа малце во некој филм со тоа спикерите и музиката.
Музиката што ја пуштаат после секој меч или вмешувањето на спикерот, МНОГУ ни ја нарушуваат атмосферата, бидејќи ни ги сецкаат песните пошто разгласот е премногу гласен и не надвикува.
Не не оставаат практично да си навивме...
И на почеток замараат со снимени песни од Комити, и немаме услови за да си навиваме по наш терк...
Плус што има еден куп индијанци на трибина, што дошле да си гледаат ракомет, ама ќе се среди се со тек на време :)

п.с. интересно беше на крај играчите отпоздравија само со наша трибина, а на другите само им аплаудираа без да прават ОЛЕЕЕЕ :D Си добија свирежи од трибините, и после тоа си направија ОЛЕЕЕ со сите три трибини. Убава беше глетката :D
 
Последно уредено:
Не пишувам ништо за утакмицата, резултатот кажува се, само сакав да го поздравам Ландин. :love::love::love:
Само сакам одмаздата да биде комплетна и да ги истресеме и у гости.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom