Новите казни кои ги подготвува МВР ќе ги наплаќа Управата за јавни приходи

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.151
Поени од реакции
5.918
Претпоставувам не ти е јасно зошто некој да се замара за твојата безбедност. Нели ако ти сакаш да ризкуваш тогаш тоа е твоја работа, така?

Епа дозволи да ти објаснам. Ако некогаш имаш сообраќајна несреќа, скраја да е нели... и сеедно кој бил крив, за другиот учесник во несреќата тотално не е сеедно дали ти ќе погинеш или ќе останеш жив, зависно од тоа дали си носел појас.
Пример, хипотетичен се разбира: во сообраќајна несреќа каде и двајцата сте делумно криви едниот погинува (не носел појас) а другиот останува жив. Погинатиот не можат да го гонат кривично, но преживеаниот одговара за тешко кривично дело. Кога другиот би преживеал, целата работа би била многу поразлична.

Плус, на страна сето тоа... неносењето појас доведува до многу потешки повреди и со тоа поголеми трошоци за лечење.
Државата и тоа како има инцентива и потреба од спроведување на оваквите закони. А ако размислиме малку потрезвено, сите ние имаме потреба од спроведување на оваквите закони. Дури и да се согласиме само дека не се согласуваме, јас ќе бидам задоволен и само со твоето (со закон присилено) почитување на законите. ;)
Епа затоа ќе си пазиш да не направиш сообраќајка. Но тоа нема никаква врска со носење појас, туку со внимателност при возење. А носење каиш не предизвикува да бидеш повнимателен (дури некогаш и предизвикува да си поневнимателен, затоа што знаеш дека ако се судриш ќе бидеш колку-толку спасен). Затоа се нервирам што зборувањето на мобилен го ставаат на исто рамниште со неносењето на каиш.
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.560
Поени од реакции
1.019
Едно троа офтопик мислење ! Се воведе казна за тоа ако испрскаш пешак , никој не праша како можеш да испркаш некого кој е 5 метри од тебе на улица со нормално одводнување . Е сега ако улицата е со кратери , па гореспомнатото дејство е можно , кој треба да се казни? Возачот или тој што му зема пари за патишта и улици а улиците се такви?
Така и со калта на гумите , во државите каде и патиштата мегу нивите се асфалтирани држи вода ама овде кај што секоја втора улица е макадам или била асфалт ама веке тоа не е , со која логика ?
И на крај да не тупам многу , најбитно за мене , не ме плашат казните , ме плаши што знам која полиција треба да ги пишува и кој суд да ги отсудува !
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Едно троа офтопик мислење ! Се воведе казна за тоа ако испрскаш пешак , никој не праша како можеш да испркаш некого кој е 5 метри од тебе на улица со нормално одводнување . Е сега ако улицата е со кратери , па гореспомнатото дејство е можно , кој треба да се казни? Возачот или тој што му зема пари за патишта и улици а улиците се такви?
Така и со калта на гумите , во државите каде и патиштата мегу нивите се асфалтирани држи вода ама овде кај што секоја втора улица е макадам или била асфалт ама веке тоа не е , со која логика ?
И на крај да не тупам многу , најбитно за мене , не ме плашат казните , ме плаши што знам која полиција треба да ги пишува и кој суд да ги отсудува !
Полиција пишува,УЈП(Управа за Јавна Пљачка) симнува од трансакциска или ж-ска
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Брзото возење е широк поим за дискусија ...
Брзо возење е и кога некој ропак во екстремно скапа лимузина или џип со Швицарски или Дојчланд таблици вози преку 100 а треба да вози 50 км/ч но исто така и брзо возење е ако некој вози 60 а треба да вози 50 ... е сега зошто подеднакво треба да се казнуваат и двајцата едните пречекориле многу другите малку плус тие првите нема да бидат казнети бидејќи нив радарите не ги фаќаат а богами и колите им се неприметливи/невидливи бидејќи летаат по патиштата плус и како што некој претходно напишал имаат сигурно некој што им ги кине казните а тие во вториот случај секако дека ќе бидат казнети иако пречекориле минимално и тоа или брзајќи се за на работа или носејќи болен човек во болница и.т.н. значи поради некаква потреба а не за ку*чење !
За тие кои конзумираат алкохол а потоа возат немам коментар знам дека во кола не се влегува пијан, болен, поспан, изнервиран и во слични такви состојби !
Најмногу ме нервира тоа што многумина имаат темни стакла на приватните автомобили а не сум видел до сега некој да биде казнет поради тоа туку сосема спротивното се случува !
За носење на појас/појаси тоа е ок навистина заштитуваат односно телото е на некој начин прицврстено за седиштето и стабилноста на возачот како и на совозачот се далеку поголеми отколку при неносењето на заштитниот појас но моралното носење на вклучени светла во сред бел ден и тоа кога пука сонце мислам дека е глупа и непотребна работа иако нормално мора да се почитува и таа законска одредба !
Како и да е немојте да аплаудирате на овие екстремни мерки екстремни казни бидејќи како прво се знае најчесто кој/кои се казнуваат а знаеме и колкави се реалните просечни плати така да максимално пазење е потребно е сега барабите кои и досега шљокале и шибале 200 со нивните коли и мотори и понатаму ќе си го прават истото и пак никој нема да ги казнува, сума-сумарум пак народецот ќе го јаде подолгиот !
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.560
Поени од реакции
1.019
Полиција пишува,УЈП(Управа за Јавна Пљачка) симнува од трансакциска или ж-ска
Чекај малку , нели ако не се согласиш да потпишеш делото оди на суд ? Ако е така патот полиција - УЈП , па тек тогаш си го е.ал ежот . Тогаш и не мораш да бидеш присутен во сообраќај за да добиеш казна.
 

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
А нас невработените како ќе ни земат пари од трансакциона? :свиркам:
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.501
Поени од реакции
22.536
Сте се фатиле за брзото возење и пијаното. ОК, тоа е веќе решено. ТРЕБА да е максимална и сега да обрнеме внимание на тие глупавите закони.
КАЛ!!! Како ќе утврдиме колку кал е многу? Ќе земе да мери во грамови? Која гума е чиста, без кал? НИЕДНА!!! Али кога се иде да се јебе, тогаш и за точаците треба да има казни за кал. @мкд владе ова прашање е за тебе, пошто ме цитираше, а во некои точки и се согласивме:sneaky: а ова спаѓа во недоречености
И сеирот треба да е казниво? Што ќе биде следно, ќе мора да се вмешаш/разделиш ако некои се тепаат? Ако не ми е другар/пријател, нека си искршат глава. Така да сеир ќе си терам, ........ треба да ме казнат? Исто и со сообраќајка, кој гарантира дека тој некој кој ќе пружи помош или пренесе некого до болница нема да биде одговорен за неговата понатамошна состојба? Не е важно дали ќе биде инвалид или ќе умре. Кој ќе биде одговорен? тоа едно, а друго, можеш ли да замислиш што ќе биде со тој човек кој ја пружил помошта а е емотивец? Кои се' срања ќе му се случуваат и мотаат низ глава понатаму? Траумите кој ги ебе, а? Кој ја ебе неговата фамилија која ќе ги трпи последиците од таа постапка, важно не платил казна:tapp:
Незнам што точно ме прашуваш?
За калта или за пружање помош?
Ако е за калта сам во себе си се смејам. Додуша да видиме што точно пиши. Можи има некој дообјаснувања, дали важи за автопати или селски патчиња или општо за секаде. Вака само кал на гумите е некако недоречено и глупо.
Ако ме прашуваш за пружање помош, тогаш работата е малце подруга. Јас колку што памтам кога полагав имавме и обука за пружање на прва помош, веројатно и ти. Без неа не те оставаја да полагаш. Што значи секој кој има возачка е во најмала рака обучен за пружање прва помош. Значи не се работи за отворена операција на мозок или срце туку најобично пружање на прва помош, вештачко дишење, имобилизирање на рака , нога, запирање на крварење Имаше таму и како да пренесиш човек со повреден рбет и врат и такви работи. Сепак секако зависи од ситуацијата дали директно би се вклучил во спасувањето и пружањето помош или индиректно со тоа што ке застаниш кола, ке повикаш брза помош или ке помогниш на друг начин. Во никој случај земено и од општа култура не смее да се замини и остави повредениот ( повредените) како да не си ги видел. Тука не станува збор само за учесник во сообраќајот, туку генерално за сите на кои им е потребна прва помош, Можеби возиш ти со колата и покрај патот некој лежи , му паднало дрво на главата. Што ке го оставиш така со надеж дека некој друг ке помини после тебе.
Искрено со казнување не е начин да се побуди хуманоста на луѓето, тоа треба на друг начин да се пробуди. Ама сепак казната за напуштање на повредениот како ништо да не било мислам дека сепак е оправдана. Ете мислам дека ти си бил во таква ситуација да сам со такси си одел до болница. Што си помислил тогаш за другите околу тебе кои не се ни потрудиле да ти поможат на било кој начин. Ги оправдуваш?
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
И најбезвеза од се, законот не предвидува опомена пред санкција за помалите прекршоци, а тоа треба да се прво и основно, па 50 евра за појас или ламбичка прегорена или нешто такво ситно кое реално не ја загрозува премногу мојата и безбедноста на другите учеснци МОРА да подлежи на опомена прво, па тек после вториот или третиот пат казна.

За тешките прекрошоци како алкохол и претерано брза (+ 40, +50 км од дозволненото) веќе кажав, таму нема опомена, таму и треба и мора ригорозно да се казнува.

Генерално целата казнена политика, не само за сообраќајот тука во целина е лошо поставена оти оди стрикно на казни, никако на опмени, и после зошто немало средна класа и нема просперирал малиот бизнис.
Точно, за помали прекршоци кои не се во голема мера безбедносно загрозувачки треба прво опомена а не казна, а за прекршоци како на пр. возење под дејство на алкохол или возење +40/+50 од дозволеното треба веднаш да се казнува и тоа ригорозно ама кај нас ниту еден закон не е поставен добро туку сите закони се носат паушално преку ноќ во некое канцеларииче и како да ги измислува некој кој воопшто во животот не живеел ниту еден ден во МКД !
Е сега друга работа на многу улици нема пешачки премини тоа се особено улици со не многу голем сообраќаен метеж маалски улици најчесто низ населбите дали имаат право да те казнуваат во таков случај доколку поминеш, исто така скоро сите тротоари се полни со паркирани возила така да еден пешак или пак велосипедист приморан е да ги заобиколи но на тој начин ќе помине/фати и на дел од улицата, сигурно според најновиве сообраќајни мерки и тоа е казниво во ред но под услов сите улици до една да имаат тротоари на кои ќе биде возможно беспрекорно да се минува пеш или со велосипед !
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Добро, пијани ли се господава кога ги носат закониве?
Среќа што се трезни.
Да се пијани којзнае какви поглупи закони ќе донесат
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Сега првпат овде на темава читам дека ќе казнувале и доколку ти најдат кал на гумите ... o_O
Па дури и во централното градско подрачје големи се шансите несакајќи да зацапаш со автомобилот во кал а да не правиме муабет за улиците по периферните делови од градов ... :гомце:
Доволно е да падне еден дожд еве просечен нека е по интензитет и нема улица низ градов било во периферија било во централното подрачје што нема кратери, дупки или благи вдлабнатини кои за пар минути се исполнуваат со доста вода, кал, тиња ... во сред град не функционира атмосферската канализација а за периферијата на градот воопшто да не правиме муабет каде атмосферската канализација е мисловна именка !
Тумби-румби улици и немање или неправилно функционирање на атмосферската канализација = доста кал/тиња залепена на гумите !
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.766
Поени од реакции
82.750
Еве неколку идеи:

- А зашто не воведат екстерно полагање возачки, покрај регуларното. Државата да ги провери тие што положиле, пошто тие што тестираат може да бидат срање, да прогледуваат низ прсти и слично?
- У секоја продавница да мора да има УЈП штанд, кај што граѓаните директно у УЈП ги даваат парите, наместо да идат низ рацете на стопанственикот, банката....
- Жителите од деловите на Македонија, во кои загадувањето на воздухот е помало од некоја граница, да плаќаат данок на чист воздух, а на пример, Скопјани - не, Тетовчани - не, исто и секаде кај што воздухот е позагаден од некоја одредена граница. Така би се изедначила нерамноправната положба во оваа сфера, во која моментално се наоѓаат жителите на, да речеме Скопје, во однос на жителите на, да речеме, Лазарополе.
....

@мкд влада stay tuned, ќе ми текнат уште, одма да пратиш гавран од Битола у централата, за да можат да исполнат.
 
Член од
11 февруари 2009
Мислења
1.072
Поени од реакции
1.144
Еве неколку идеи:

- А зашто не воведат екстерно полагање возачки, покрај регуларното. Државата да ги провери тие што положиле, пошто тие што тестираат може да бидат срање, да прогледуваат низ прсти и слично?
Порсебно делот со екстерно полагање возачкли ми се допадна (y)
Иначе некои работи не се дефинирани, па се останува на проценката на полицаецот кој те казнува, тоа највеќе ми боде очи.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Во Шведска казната зависи од дневната заработка (дневницата) на тој што го прекршил законот.
Поозбилен прекршок е 30 дневници и притвор/затвор.
Помал прекршок е 10 до 15 дневници + опомена.

Пример, брат ми го фатија да претекнува на недозволено место. По закон добива казна од 15 дневници, односно 1500 евра.
За 1 недела стигна сметката дома, и oдлуката беше нешто слично на ова.
"Казната е утврдена и изнесува 15 дневници односно, 1500еур. Се одзема по 1 дневница за жената и секое дете бидејќи тие се само жртви на непромислениот потег од таткото - возач. Значи - 300е = 1200 евра."
Ако ти е прв прекршок, рачунај си ја добиваш НАЈВИСОКАТА казна. Не ко кај нас, ако ти е прво дело демек то било некоја олеснителна околност. Туку обратно. Првото дело да се казни дебело, за да не дојде до второ, трето..... итн.

Кралот поминал на црвено со поршето и си платил. Нема тука крал мал. Е сега пошо е крал и има дневница од 1000 евра, тогаш бато 15 * 1000 = 15000 евра. И така натака.

Пази, дискутираме за модерно опшество кај што има патна инфраструктура на ниво. Камера на секој 5км што може да слика регистрација/патник/совозач, и да ти пушти разгледница дома со се фискална.
Ама таа сообраќајна култура се градела со години.. и пак гинат и таму. Ќе се испијанат и ке се закачат в дрво. Не може да биде сјајно нигде.

Ама ова кај нас е вистина загрижувачки, секој ден црна хроника по патишатава, а 200 на 200 км земја сме. Какви црни калој по гумите, какви мобилни или шо знам јас таму.. Абе приоритет - шумахеровци и пијаниците. По нив треба да се удри, и тоа да се удри јако.
Се и ова убаво, само кај нас полицајците не казнуваат од што тоа им е работа, туку од што има наредба за норма.
Кај нас улиците не се ни за со коњ да поминува, а камо ли за кола, се е дупки и кал. Знаејќи ја оваа ситуација донесоа мерки со кој многу лесно се потполнува нормата, па дури и да се надмашува. Нормално, после тоа се оди во кафана, да се продолжи со славјето, дека се сторил цајкан[DOUBLEPOST=1412706232][/DOUBLEPOST]
Среќа што се трезни.
Да се пијани којзнае какви поглупи закони ќе донесат
Да беа пијани ќе донесеа многу вистински закони, како на пример легализација на цела дрога (оти многу од нив се дрогираат мислам на таа крадена пара), алкохол ќе може да се купува било кога, а џандарите ако те фатат пијан со кола ќе ти дадат пари за такси и ќе ти ја препаркираат колата за утре да си ја најдеш со писменце за добра ноќ
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom