Претпоставувам не ти е јасно зошто некој да се замара за твојата безбедност. Нели ако ти сакаш да ризкуваш тогаш тоа е твоја работа, така?
Епа дозволи да ти објаснам. Ако некогаш имаш сообраќајна несреќа, скраја да е нели... и сеедно кој бил крив, за другиот учесник во несреќата тотално не е сеедно дали ти ќе погинеш или ќе останеш жив, зависно од тоа дали си носел појас.
Пример, хипотетичен се разбира: во сообраќајна несреќа каде и двајцата сте делумно криви едниот погинува (не носел појас) а другиот останува жив. Погинатиот не можат да го гонат кривично, но преживеаниот одговара за тешко кривично дело. Кога другиот би преживеал, целата работа би била многу поразлична.
Плус, на страна сето тоа... неносењето појас доведува до многу потешки повреди и со тоа поголеми трошоци за лечење.
Државата и тоа како има инцентива и потреба од спроведување на оваквите закони. А ако размислиме малку потрезвено, сите ние имаме потреба од спроведување на оваквите закони. Дури и да се согласиме само дека не се согласуваме, јас ќе бидам задоволен и само со твоето (со закон присилено) почитување на законите.