Новите казни кои ги подготвува МВР ќе ги наплаќа Управата за јавни приходи

  • Креатор на темата Креатор на темата maxer
  • Време на започнување Време на започнување
Сте се фатиле за брзото возење и пијаното. ОК, тоа е веќе решено. ТРЕБА да е максимална и сега да обрнеме внимание на тие глупавите закони.
КАЛ!!! Како ќе утврдиме колку кал е многу? Ќе земе да мери во грамови? Која гума е чиста, без кал? НИЕДНА!!! Али кога се иде да се јебе, тогаш и за точаците треба да има казни за кал. @мкд владе ова прашање е за тебе, пошто ме цитираше, а во некои точки и се согласивме:sneaky: а ова спаѓа во недоречености
И сеирот треба да е казниво? Што ќе биде следно, ќе мора да се вмешаш/разделиш ако некои се тепаат? Ако не ми е другар/пријател, нека си искршат глава. Така да сеир ќе си терам, ........ треба да ме казнат? Исто и со сообраќајка, кој гарантира дека тој некој кој ќе пружи помош или пренесе некого до болница нема да биде одговорен за неговата понатамошна состојба? Не е важно дали ќе биде инвалид или ќе умре. Кој ќе биде одговорен? тоа едно, а друго, можеш ли да замислиш што ќе биде со тој човек кој ја пружил помошта а е емотивец? Кои се' срања ќе му се случуваат и мотаат низ глава понатаму? Траумите кој ги ебе, а? Кој ја ебе неговата фамилија која ќе ги трпи последиците од таа постапка, важно не платил казна:tapp:
 
Ботови,тие што излегуваат од дискотека камен пијани и влегуваат во автомобил не 500евра нека биде и 5000е казната пак ќе го прават истото.Што не ви е јасно тука? имаат човек кој им кине казни и кур ги боли колкава била казната, секако не ја плаќаат.А за обичен граѓанин без врски и досегашните казни беа доволни,т.е го одрекуваа од возењето пијан или поминување на црвено и сл.Ич не мислите со тоа тиквите, само дасе тропало.
Другите дебилни казни ми е потценување да ги коментирам.Арамилак лвл 1000.
 
друго - одземање на возачката од 3 до 12 месеци - има мноу луѓе што работното место им налага да возат што значи дека или ке треба пак да се ставарт на ризик да возат или ке треба да го изгубат работното место.
Овој дел можеш слободно да го избришеш зошто одземање на возачка се прави за категоријата на возило со кое си го направил прекршокот, што не влијае на твојата професија како.
Пример ако те фатиле како пијан возиш кола ќе ти ја одземат возачката само за управување со кола, а ти ако си шофер на автобус пак ќе можеш да возиш автобус.
Исто и со сообраќајка, кој гарантира дека тој некој кој ќе пружи помош или пренесе некого до болница нема да биде одговорен за неговата понатамошна состојба? Не е важно дали ќе биде инвалид или ќе умре. Кој ќе биде одговорен? тоа едно, а друго, можеш ли да замислиш што ќе биде со тој човек кој ја пружил помошта а е емотивец? Кои се' срања ќе му се случуваат и мотаат низ глава понатаму? Траумите кој ги ебе, а? Кој ја ебе неговата фамилија која ќе ги трпи последиците од таа постапка, важно не платил казна:tapp:
А ако не му помогнеш на некој заради вакви смешни изговори знаеш дека правиш КД со несторување ?
А ако имаш трауми коа ќе слушнеш дека си можел на тој човек шо загинал да му помогнеш и да му го спасиш животот, ама си се исплашил и ради тебе умрел ?
Никој не бара од тебе да му правиш операции на лице место на повредениот, туку да го превезеш до најблиската болница.
Најверојатно коа ќе се дефинираат поимите и ова превезување на повредени ќе се однесува на оние кои немаат тешки повреди у кој случај нели не смееш да го помрднуваш за да не го повредиш повеќе. И на ова секако иде прашањето, а како ќе знаеш кога не смееш да го помрднуваш ?
Е ваљда на тоа треба одговор да дадат оние часови по прва помош што ги зимаш пред да почнеш уопште со часови за возење и тестовите шо треба да ги положиш после тие часови по прва помош. Е арно ама место сам да ги полагаш тие тестови, ги добиваш одговорите и тоа станува само формалност...
 
Мислиш малце или само така прво што ќе ти дојде на памет го пишуваш? Знаеме дека е ризик возење пијан,ама гледај ги малце стандардите во РМ.Демек ако беше казнава 100евра и ќе пијаа сите? што се 100евра а? да ти е мерак пијан да возиш.Казната е да те свести и да те натера друг пат истото да не го правиш, а не да ти го земе лебот и другите основни работиз а живот.Спрема твојот муабет и логика и за убиство треба да даваат казни затвор од 50години а не по 7-10 .

бтв. имаш видено какви се казните во странство а какви се платите таму? што сме ние различни па да ги правиме казните колку 2 просечни плати?да не е случајно во германија казна за пијан ако возиш 3000евра?Само пишувате ,без да мислите .
Ти друже ултрас хулиган да не си случајно?
Може да те свести само казна од 500 евра, а не од 15 евра. Еднаш нека те изгорат 500 евра, следен пат со 20км ќе возиш. Самата помисла дека казната е 500 евра, ќе те одврати од намерата да возиш над дозволеното, а не па да те изгорат со толку.

И што има врска стандардот!? Возиш 100км кај што треба 50, за кој кур возиш толку? Да се направиш фраер пред пичката? Закон е и треба да се почитува. Нема изговори. Нема исклучоци.


прво казните се преголеми за нашите стандарди! и државна работа да работиш па и 500 евра да земаш плата ако ти опалат една казна значи ЦЕЛА ПЛАТА ти отиде во неповрат, да не збориме за другите кои што работат во приватни фирми и платата им е 12 15 или 18 000... значи тие ке треба да с епозајмуваат плус пари за да ја платат казната,
Ако казните се преголеми за наши стандарди, тогаш не ги прекршувај законите, не вози пијан, не вози со недозволена брзина. Толку ли е тешко тоа да се сфати.
 
Има некои тешки глупости, како на пример тоа со калта на тркалата. Не знам како ќе го спроведуваат (а нема, исто како и четири петини од сите закони)... но за поддршка е тоа што, барем на хартија, се промовира безбедност и не најмалку од аспект на моментите како што се носењето на појас и зборување на мобилен телефон за време на учество во сообраќај.


Зборување на мобилен и неносење на појас се на исто рамниште. ggwp. остваруваме. :facepalm:

Всушност, никако не можам да се помирам со фактот дека воопшто постои казна за неносење на појас, па уште и 50 евра е... fuck this bullshit

Претпоставувам не ти е јасно зошто некој да се замара за твојата безбедност. Нели ако ти сакаш да ризкуваш тогаш тоа е твоја работа, така?

Епа дозволи да ти објаснам. Ако некогаш имаш сообраќајна несреќа, скраја да е нели... и сеедно кој бил крив, за другиот учесник во несреќата тотално не е сеедно дали ти ќе погинеш или ќе останеш жив, зависно од тоа дали си носел појас.
Пример, хипотетичен се разбира: во сообраќајна несреќа каде и двајцата сте делумно криви едниот погинува (не носел појас) а другиот останува жив. Погинатиот не можат да го гонат кривично, но преживеаниот одговара за тешко кривично дело. Кога другиот би преживеал, целата работа би била многу поразлична.

Плус, на страна сето тоа... неносењето појас доведува до многу потешки повреди и со тоа поголеми трошоци за лечење.
Државата и тоа како има инцентива и потреба од спроведување на оваквите закони. А ако размислиме малку потрезвено, сите ние имаме потреба од спроведување на оваквите закони. Дури и да се согласиме само дека не се согласуваме, јас ќе бидам задоволен и само со твоето (со закон присилено) почитување на законите. ;)
 
Ти друже ултрас хулиган да не си случајно?
Може да те свести само казна од 500 евра, а не од 15 евра. Еднаш нека те изгорат 500 евра, следен пат со 20км ќе возиш. Самата помисла дека казната е 500 евра, ќе те одврати од намерата да возиш над дозволеното, а не па да те изгорат со толку.

И што има врска стандардот!? Возиш 100км кај што треба 50, за кој кур возиш толку? Да се направиш фраер пред пичката? Закон е и треба да се почитува. Нема изговори. Нема исклучоци.



Ако казните се преголеми за наши стандарди, тогаш не ги прекршувај законите, не вози пијан, не вози со недозволена брзина. Толку ли е тешко тоа да се сфати.

Ете ти кажав, по твојава логика за убиство треба да се лежи 50 години , за да те свести нели и да знаеш дека не би требало тоа да го правеш. И самата помисла од тоа колку ќе скапиш взатвор ќе те испишмани од намерата да убиеш некого така? Па зошто тогаш казните се 10години а не 50?
И за сите др прекршоци нека бидат казниве енормно високи и спрема твоја логика ќе те натераат да не ги правиш.
Значи казна се плаќа да сетиш на џебот и да си скратиш некое задоволство или потреба и да те натера утре да не го направиш истиот прекршок.А не се плаќа казна да те остави 2-3 месеци без јадење или некои од другите основни потреби.И овде, спрема твоја логика нека се качат казните уште, за уште повеќе да те натераат да мислиш а? 2000е нека направат за поминување на црвено и оди помини да те видам.Поглупаво сваќање од твоево немам видено.Ако било толку добро како што кажуваш и во германија или другите развиени земји казните ќе беа колку 2-3 просечни плати ;)
 
Ете ти кажав, по твојава логика за убиство треба да се лежи 50 години , за да те свести нели и да знаеш дека не би требало тоа да го правеш. И самата помисла од тоа колку ќе скапиш взатвор ќе те испишмани од намерата да убиеш некого така? Па зошто тогаш казните се 10години а не 50?
И за сите др прекршоци нека бидат казниве енормно високи и спрема твоја логика ќе те натераат да не ги правиш.
Значи казна се плаќа да сетиш на џебот и да си скратиш некое задоволство или потреба и да те натера утре да не го направиш истиот прекршок.А не се плаќа казна да те остави 2-3 месеци без јадење или некои од другите основни потреби.И овде, спрема твоја логика нека се качат казните уште, за уште повеќе да те натераат да мислиш а? 2000е нека направат за поминување на црвено и оди помини да те видам.Поглупаво сваќање од твоево немам видено.Ако било толку добро како што кажуваш и во германија или другите развиени земји казните ќе беа колку 2-3 просечни плати ;)
За такви дебили кои се прават мажи со колите, и си играат GTA по улиците, 2000 евра е малку.
 
Xa xa денес ме сопре џандар,гласно зборев ама мобилниот ми беше приклучен преку радиото од колата.
Опа збориш на мобилен ај казна.Не бе сам со себе си зборам а мобилниот ми се пуни.
Не моеше да докаже и немоеше да ми пише казна.
 
Секој може грешка да направи у сообраќајот несакајќи. Џабе викате дека ова ќе промовира поголема безбедност у сообраќајот кога не е точно. Секој у еден период грешка направил во животот и у сообраќајот. Сите сме претрчале на сред улица оти не мрзело да одиме до пешачки, секој кој возел некогаш заборавил да стави каиш или да пушти светло, некогаш несакајќи кога ќе ти се затвори семафорот ќе минеш на жолто/црвено. Може да се деси некогаш на зелено да влезиш у раскрсница и да чекаш да мине колоната да свртиш лево па да те фати црвено и оп полицаец. На компјутер може да расправате, али не сфаќате дека на секоја ебана раскрсница има полицајци што чекаат да ве казнат било сте криви или не. Кога ќе осетите по џебот некоја казна за која е вашиот глас против државата и ќе го јадете стапот тогаш ќе видиме дали ќе речете добри се казниве. Чувајте си секој пат у новчаник 500/1000 денари. ;)
 
Часови за точак каде даваат да не знаете,брат ми полни десет наредниов месец па да му уплатам.

Вело-школа Гwујо. На Илинденска се наоѓа, нова зграда во барок стил, нема да ја утнеш.
 
Денес сркав тро шкембе чорба многу сум бил бучен со лајцата, так казна 50 евра.
 
Таман ние обичните смртници зедовме троа поарни коли од Голф 1, 101 и Југо ајде сега удри по тиква, катализатор требало?! А прво фабриките да ги средеа, да не остани ниту една без филтер?! Што ќе загадат по помалите градови 2-3000 коли жити се? :facepalm:

Немој така, Макстил, Усје, РЕК Битола и Осломеј, Окта, Југохром, Фени, Охис... сите се тие национални богатства.:sneaky:Ок, беа некогаш појќето.

Тротоарите се за они да си ги паркираат возилата, а ние кога ќе паркираме ќе ја соберат. :D
10347569_10152257441965194_7013885092931533363_n-jpg.104115
10659347_10204671502408117_1100996919935685719_n-jpg.104117


]

Грешка.Првата слика е 250 евра за дете под 10 год., а втората не знам точно за неносење кацига колку е.:vozbud:
 
Последно уредено:
Xa xa денес ме сопре џандар,гласно зборев ама мобилниот ми беше приклучен преку радиото од колата.
Опа збориш на мобилен ај казна.Не бе сам со себе си зборам а мобилниот ми се пуни.
Не моеше да докаже и немоеше да ми пише казна.

Да знаеш дека ова е интересен момент. Што точно кажува законот, дали е забрането да зборуваш на мобилен додека го држиш во рака, или е забрането и со hands free (каде рацете ти се слободни)?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom