Здраво
Ве замолувам ако знае некој да ми помогне да ми ги напише барем приближно решенијата на овие 2 задачи ...
1. Претставена е структура на вработени во една организација и односи помеѓу нив. За секој вработен е познато неговото име и се знае со кои останати членови во организацијата истиот соработува. Секоја соработка има вредност пд 1 до 10 која кажува колку добро соработуваат членовите (1 - многу слабо, 10 - многу добро).
Треба да се испечати името на најпопуларниот работник во организацијата, односно оној член кој има најмногу соработки, како и името на најистакнатиот работник, односно членот кој има најголема вредност на соработки.
Да се напише структурата на графот.
2. Да се напише функција која како аргумент прима двојно поврзана листа со јазол водач чии јазли се сортирани во растечки редослед. Функцијата треба да формира две нови двојно поврзани листи, во првата ќе ги смести јазлите од оригиналната листа кои имаат непарно инфо поле, во растечки редослед, додека во втората листа ќе ги смести јазлите од оригиналната листа кои имаат парно инфо поле, но во опадачки редослед. На крај првичната листа да ги содржи двете нови листи, но споени.
Пример:
Оригинална: 1|2|3|5|7|8|9|10
Прва: 1|3|5|7|9
Втора: 10|8|2
Оригинална по спојување: 1|3|5|7|9|10|8|2
Задачите да се напишани во C. Ви благодарам многу