Сара Мејс Костадиновска (Sarah Mace)

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Види сега во темава правиме муабет за жени, така да незнам ти со твојте очи како можеш да судиш за нормална машка перцепција.
Кога немате вкус ... :D
 

Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.496
Имав големо поштовање за неа се` дур не отиднав на свирка у Хавана летово..
 

Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.496
Тоа е исто како, многу си ми убава женска, додека не те видам без шминка
Хаха, да.. така нешто. :D Супер женска у секој случај, талентирана, уникатна ама многу некако ми седеше незаинтересирано додека ги изведуваше песните.. можеби не и се погодил денот :D
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Хаха, да.. така нешто. :D Супер женска у секој случај, талентирана, уникатна ама многу некако ми седеше незаинтересирано додека ги изведуваше песните.. можеби не и се погодил денот :D
Не е до денот, до хонорарот е. Ако сака веќе да заработува пари, се знае народно во кафани. Има пејачки што прават и над 1000Е евра од бакшиш од вечер.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Спотот не е за дечиња под 16 години. Советувам прво да се ислуша песната без да се гледа спотот.

 
Последно уредено:

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Баш кога си помислив дека Македонската забавна музика отишла во неповрат, се појави песнава и ме предомисли.

http://www.youtube.com/watch?v=4bQ3T-sUab8&feature=youtube_gdata_player

Конечно совршен музички производ.......... и песна и спот.......... запазеност се има на сите елементи кои карактеризираат една добра песна:)
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.667
Поени од реакции
8.725
Интересна е ко појава, не е некоја убавица ама да ја наречеш грда е грубо. Згодна си е, плус мене ептен ми се јаки девојки се вакви коси, ама само на тие на кои што им стои, не на секои, а нејзе дефинитивно и стои кратка коса. :P
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.151
Поени од реакции
16.088
Оваа новава песна е единствена што и ја иам слушнато до крај без да ја исклучам. Интересна ми е, секси, добра песничка. Спотот исто. :X3:
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
16.001
Поени од реакции
8.324
Супер е Сара

само треба да го тера стилот џез, блуз и такви слични жанрови.

Оваа и е супер
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Која е македонската пејачка која "плива" во злато ?

03.11.2014 | 11:00
Извор: Точка
Прочитано: 2466 пати
Испрати на пријател
Зголеми го фонтот
Намали го фонтот


Актуелна по спотот за песната Намбареја, оваа македонска пејачка никого не остава рамнодушен. Позитивна и своја, музички образована и талентирана, Сара Мејс е уметник од светски размери. Само за овој едиторијал на Точка, ја гледате Сара во филмско и најуникатно издание до сега, позирајќи пред фото- објективот на Владимир Георгиев.


“Сакам да се сликам кога сликањето има цел и приказна (не зборуваме за сликање-извештај за фејсбук), обожавам да сум пред камера, бидејќи ако не го сакам тоа тогаш оваа професија не е за мене. Ако ја сакаш камерата и мислам дека и таа ќе те сака тебе, ова за муабетот „те сака или не те сака камера“.


"За голотијата пред камера немам некое особено мислење. Кој како сака, така да си прави. Ако некој сака да се слика гол-да се слика, ако некој не сака - нека не се слика.”


“За мојот нов спот за песната Намбареја ќе кажам дека пред се ја следев онаа емоција од која се роди песната. Што си побара песната, тоа и се даде. Се` во служба на песната. На некој начин во случајов тоа беше танц на емоции, танц на страсти. Нормално дека имаше и добри и лоши критики и мислам дека секогаш е подобро кога на вагата ќе потежне добрата страна и затоа сум задоволна.”


“Често реагирам интуитивно. Верувам на чувството кое ми доаѓа во прв момент, верувам на она што ме води природно внатре од душата.”


“Уште од самиот почеток знаев дека главниот и единствен машки лик во спотот ќе му припадне на Мишо. Имавме некои дилеми со Горила Продукција и со Васко дали треба да биде Мишо поради тоа што Васко сакаше некој искусен модел пред камери, но Мишо е искусен танчер и човек кој лесно влегува во карактерот на улогата, а мислам дека току тоа и ни требаше. На крајот на краиштата мислам дека добро се заврши се.”


“Со Горила Продукција стануваме едно големо семејство. Тука се и модното студио Фран и Студио Алур кои што секогаш се грижат за мојот изглед. Морам да си го пофалам мојот тим кој неизмерно го сакам и почитувам, затоа што кога се презентира некој проект тоа е благодарение на целиот тим. Се има и планови за 2015, се вари музика нова, полека, на тивка температура. Мислам дека подготвуваме многу вкусна манџа.”


“Цимерките не се повеќе цимерки, туку се повеќе како сестри, Ива е дел од мојата фамилија. Намбареја е заедничко чедо, си соработуваме, не сме престанале да се дужиме и да си правиме музика. Тргнавме по различни патишта, соработуваме и може да се случи некој проект наречен Цимерките”


“Се грижам за себе и своето тело. Го посетувам Магнус фитнес центарот и мојот тренер ме советува што и како да вежбам и јадам. Не дека секогаш сум послушна, но кога можам се трудам. Сакам да се грижам за мојот изглед и сакам да бидам принципиелна.”


“Студирав во Бугарија поради професорката Малина Христова, затоа што таа е една од најдобрите професорки харфистки на Балканот. Сега е веќе во пензија, има 78 години и ми беше како втора мајка за време на мојот престој таму. Постдипломските студии ми се на пауза после Врне Врне, но тоа не значи дека засекогаш ќе се откажам од моите мастер студии. Нема да престанам никогаш да учам и да се надоградувам.”


“Ми се има случено се налутам или скарам со некого по телефон и по 5 минути да почне да врне силно, па да ми се јават да ми кажат дека ако сме се скарале не мора да го поплавувам цело Скопје. Инаку, би сакала и Намбареја да има слична моќ и да дејствува онолку добро како Врне Врне. :)


“Јас сум многу среќна личност затоа што имам вистински пријатели, иако ретко се наоѓаат. Верувам во човештвото, верувам во луѓето и нивните аури и мене ми е доволно да почувствувам позитивни вибрации за да поверувам дека некој ми е пријател. Има многу луѓе што ги сакам, што ме сакаат и што сум тука за нив. Имам прекрасно семејство и две кучиња што безусловно ме сакаат. Се занимавам со музика и тоа е тој свет во кој јас припаѓам.”


“Имам слики од кога сум била бебе со едно папагалче како се лепи до мене, така што имам скоро цела фотосесија со папагалчето. Уште од малечка сум сакала да се сликам со филм во главата.”


“Најскапоценото нешто кое што го имате неограничено и никој не може да Ви го земе е насмевката. Смејте се цело време. Бидете среќни. Затоа што доброто привлекува добро.”

Фотографија: Владимир Георгиев
Автор: Марија Главчева
Шминка и фризура: Фросина Ангеловска - ФРАН
Изработено за Tocka.com.mk









http://tocka.com.mk/4/141544/koja-e-makedonskata-pejacka-koja-pliva-vo-zlato
 

Kajgana Shop

На врв Bottom