Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.969
Поени од реакции
11.608
Хахахаха, министерот го заболе сечениот за вашето мислење по форуми.
Како што 90% од студентаријата нема свое јас ова ќе помине без никаков проблем. Дури и ќе има такви што ќе бараат и прва и трета да се полага државен. Веќе виден филм, така беше и за екстерното.
Екстерното падна на Уставен на почетокот па требаше да пројдат уште 3-4 години за да го воведат. Плус не е исто на протест да излезат средношколци и студенти. Се надевам ќе има таков еден мирен протест доколку продолжат со идиотизмов.

Ако биде после дипломирањето тоа е многу развлекување на образованието, нема потреба да се губи толку време на тоа. Што побрзо се “направи“ кадар спремен за работа толку подобро за секого и за државата и за студентот, незнам колку е точно ама имам слушано дека на Бугарскиве факултети имало многу повеќе пракса и тоа во склоп на учебната година - пример ти завршуваш 4та година на факултетот а веќе имаш година, година ипол пракса и имаш веќе престава и знаење за работата која ќе треба да ја работиш. Ама ќе почекаме ние многу за тоа да дојде тука.
Да, али глеј. Пример ја сум правник, идам после прва година кај адвокат кој што се занимава со граѓански спорови, а јас имам учено само Општ дел граѓанско, а Стварно и облигации не. Пет месеци после дипломирање не е ништо страшно + тие што ќе се покажат можеби и ќе бидат кандидати за постојана работа.
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.096
Поени од реакции
7.913
Тестот веројатно би бил исто како екстерното, со заокружување и со дадени веќе прашањата, ако на пример се спомени фактот дека на еден факултет има верувале или не 900 предмети, која е таа комисија што би направила тест за секој предмет на сите различни дисперзирани факултети во секое село?
При такво тестирање исто како и во средните се изедначуваат сите факултети. На пример математика 1 сите би ги полагале истите прашања од сите факултети и во Кичево кај што има дисперзирани информатички смерови и на пример на електро во Скопје. Автоматски не е исто.
Не е дека се плашам ама ова би било далеку од ефикасно познавајќи кој би го спровел ова.
Решението за добро обрзование е строга селекција, најпрво да се укини средното да не е задолжително, па после најмногу 10 % од матурантите да се запишат на факултет, бидејќи реално гледано тој е бројот на тие што се способни да завршат. Со самото тоа би излегувале поспособни кадри и вистински луѓе со вистински дипломи. Исто така клучно е да престани да се вработуваат партиски неписмени кадри за професори, тоа почна од основното за сега директно да навлези и во високото образование. Затоа ние овде се наоѓаме каде што сме.
 
А

Атомската мравка

Гостин
Да, али глеј. Пример ја сум правник, идам после прва година кај адвокат кој што се занимава со граѓански спорови, а јас имам учено само Општ дел граѓанско, а Стварно и облигации не. Пет месеци после дипломирање не е ништо страшно + тие што ќе се покажат можеби и ќе бидат кандидати за постојана работа.
Не сум запознаен како е кај вас оти јас сум на стручен ама кај нас од 40 предмети што треба да ги полагам до 4 година барем на 30 може да ме ангажираат по еден месец дополнителна практична настава во фирми, лабаратории, институти итн и да имам многу повеќе знаење кога ќе го завршам факултетот.
 
M

Mario Gómez

Гостин
Да земаш сите овие министриве немаат ни 10% мозок од некои од професорите од државава како Таки Фити, понеписмени се од основците ќе ми кажуваат нови закони.

Прво нека се обезбедат доволно простории и професори за да немора по 600 души да се буткаат у амфитеатар и кој го слуша професорот, кој игра енгри брдс, кој збори и како ќе го евалуираш професорот кога прво нема услови да се слуша предавање.​
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.969
Поени од реакции
11.608
Озбилно ли очекуваш асален протест од студентите?
Се надевам, не очекувам. Зависи кој го организира. Ако е некоја посилна организација, може да биде успешен (тука не мислам на СДММ, јас прв нема да отидам на таков протест).
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
А да заборавив да кажам. За разлика од општествените науки, каде што учите од една книга, со едни предавања и тоа ви е материјалот за испит, тоа кај нас е едвај 1/2 од испитот. Сите полагања се поделени на теорија и практично. Често пати се случува за практичното да постои посебна книга итн...
Значи да сумирам, да имаш се научено, да си ги имал сите 10ки и да си го разбрал 100% материјалот па сега да треба само да го повториш целиот материјал ќе ти требаат минимум 2 месеци...
Финкаши, многу се преценувате...
 
M

Mario Gómez

Гостин
Озбилно ли очекуваш асален протест од студентите?
А да има протест на студентите мислиш некој ќе ја сфати сврхата кога народот верува што ќе им изџвака Латас, ќе излезиш на протест и ќе ти речат ти си опозиционер, други ќе излезат на контра протест све супер е и ќе јадиш пендреци од полицајците(секој ден се повеќе ги има немојш да мрдниш од нив параноја ме фаќа). За време на Југославија студентите протестираа у комунистичка држава а сега ништо.
 
N

NikolaMKD91

Гостин
Се надевам, не очекувам. Зависи кој го организира. Ако е некоја посилна организација, може да биде успешен (тука не мислам на СДММ, јас прв нема да отидам на таков протест).
Посилна организација вон државна капа непостои. Ниту СДСМ е репер за силна организација .
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.969
Поени од реакции
11.608
Финкаши, многу се преценувате...
Не бе, просто е да се учи на економски, правен, филолошки, философски. Секој факултет си има своја посебна тежина. Филолошки колку сака нека е лесен (барем според кажувањата) мене ми е досадно тоа и нема шанси да го учам тоа.
 
H

HoT IcE

Гостин
Треба да се искурчимо сга и сви студенти да искочимо на протести, да видимо дали ќе не заменив :pos:

Нема што много да се кометира и мудруе, нема простор за такво, само ќе потенцирам едно нешто до свите што су против овој, НАРЕДНИ ИЗБОРИ НЕ ИСКАЧАЈТЕ ДА ГЛАСАТЕ.
 
M

Mario Gómez

Гостин
Посилна организација вон државна капа непостои. Ниту СДСМ е репер за силна организација .
Кој сака тука нека дојде и Сорос и Масони и ЦИА неможат да организираат студентски протест кога ќе те уценуваат со 2000 денари стипендија, место у студентски дом, работното место на родителите. Ало сите ги знаат студентиве по штабовиве, коа имаше избори за студентски парламент ми се јавуваат за кој ќе гласате, за мајка ти ќе гласам. Кој кур е студентскиот парламент? Ноктот од прстенцето на десната рака на гебелсовата машинерија.
 
Ф

Флеш

Гостин
Сите оние што го поддржуваат законов, или не сте сфатиле добро или имате некоја одбивност кон одредени факултети (не сте се запишале/не сте успеале да завршите па сеа не вредат) или сте по приватни па еден испит ваков ќе ви се сведе на учење 200 страни.
Значи да полагаш испит од 20 предмети, на ФИНКИ (ќе си го земам за пример) во втора година, е благо-кажано, невозможно. Во првите 2 години на ФИНКИ се сместени 90% од најтешките предмети на факултетот, да почнеме од Калкулус 1, Калкулус 2, Дискретна 1/2, Веројатност И статистика, АОК, Бази, Оперативни системи и еден куп програмирања. Тоа се само еден куп програмски јазици, околу 20тина. Никој нормален не може да памти синтакса на 20 јазици. А каде е тука математиката ? 5 математики, сите со посебни формули, алгоритми на решавања и што ли уште не ?
А да заборавив да кажам. За разлика од општествените науки, каде што учите од една книга, со едни предавања и тоа ви е материјалот за испит, тоа кај нас е едвај 1/2 од испитот. Сите полагања се поделени на теорија и практично. Често пати се случува за практичното да постои посебна книга итн...
Значи да сумирам, да имаш се научено, да си ги имал сите 10ки и да си го разбрал 100% материјалот па сега да треба само да го повториш целиот материјал ќе ти требаат минимум 2 месеци...
Одлично напишано (y)
 
N

NikolaMKD91

Гостин
Кој сака тука нека дојде и Сорос и Масони и ЦИА неможат да организираат студентски протест кога ќе те уценуваат со 2000 денари стипендија, место у студентски дом, работното место на родителите. Ало сите ги знаат студентиве по штабовиве, коа имаше избори за студентски парламент ми се јавуваат за кој ќе гласате, за мајка ти ќе гласам. Кој кур е студентскиот парламент? Ноктот од прстенцето на десната рака на гебелсовата машинерија.
Докторите, наставниците и еден куп други покрупни категории на граѓании паднаа, та сега мислат студентите ќе се дигнат да сменат нешто. Тој филм уште мноогу долго време нема да се гледа. Едноставно дел од студентите се затнати со државна стипендија, дел се на партиски список за вработување, дел се уплашени. Оние што имаат храброст се незначајно малцинство и нема со кого да искочат на протест. Во студентите малце достоинство да имаше немаше да живеат во онакви мизерни студентски домови. Се ќе се заврши со мрчење на твитер и никому ништо. Кучињата си лаат, караванот си врви. На здравје стрижење и дополнителни стресови. Гледајте да дипломирате до јуни, јас дипломската веќе ја спремам за во јануари.
 
Последно уредено од модератор:

Kajgana Shop

На врв Bottom