Сите оние што го поддржуваат законов, или не сте сфатиле добро или имате некоја одбивност кон одредени факултети (не сте се запишале/не сте успеале да завршите па сеа не вредат) или сте по приватни па еден испит ваков ќе ви се сведе на учење 200 страни.
Значи да полагаш испит од 20 предмети, на ФИНКИ (ќе си го земам за пример) во втора година, е благо-кажано, невозможно. Во првите 2 години на ФИНКИ се сместени 90% од најтешките предмети на факултетот, да почнеме од Калкулус 1, Калкулус 2, Дискретна 1/2, Веројатност И статистика, АОК, Бази, Оперативни системи и еден куп програмирања. Тоа се само еден куп програмски јазици, околу 20тина. Никој нормален не може да памти синтакса на 20 јазици. А каде е тука математиката ? 5 математики, сите со посебни формули, алгоритми на решавања и што ли уште не ?
А да заборавив да кажам. За разлика од општествените науки, каде што учите од една книга, со едни предавања и тоа ви е материјалот за испит, тоа кај нас е едвај 1/2 од испитот. Сите полагања се поделени на теорија и практично. Често пати се случува за практичното да постои посебна книга итн...
Значи да сумирам, да имаш се научено, да си ги имал сите 10ки и да си го разбрал 100% материјалот па сега да треба само да го повториш целиот материјал ќе ти требаат минимум 2 месеци...