Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
3.026
Поени од реакции
7.124
Едно прашање зошто кога полагавме матура ни ги зимаа мобилните а сега на факс испит колоквиум се нема случено.
Ај бидете искрени колку од вас каде што имаше лабав препишувавте на тие екстерни матури и таму махерот ќе си препише еве знам типче професор кој најмногу лови над глава му стоеше и тој пак препиша.
Решението е многу ефтино и безболно да се врати квалитето на образованиет чине ич пари али како после ќе минат татините мази на видни функционери.
 
Член од
7 април 2012
Мислења
961
Поени од реакции
703
Што сте уцвикале мишевииии??? :D Овоа има држава да бидеееее :cuc:
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.976
Поени од реакции
11.617
Епа што се плашите тогаш?
Јас не се плашам, револтиран сум. Прочитај ги убаво моите мислења, ќе видиш зошто.

Само нешто да кажам за муабетот со препишување со бубици-се користат блокатори по факултетиве. А и препишување е најверојатно ако прашањата ти се со заокрожување и дополнување. Елајте на Правен да видите дали има препишување на Испит со есејски прашања кај што треба да објасниш и пример со свои зборови и слично, а да не зборам што имаме и усни испити. Го земав Правен како пример, има и други факултети кои го практикуваат истото.
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Прво, не верувам дека ќе има ретроактивно дејство законов, зошто на тој начин се загрозува правната сигурност со оглед на тоа што иам потпишано договор во кој важат други правила, барем ја така мислам.
Второ, ај ако не нека воведат по едно тестирање на секое предавање, да видат дали сме запамтиле нешто од предавањето зошто и онака се се сведува на постојано решавање тестови...
Високото образование не е да заокружуваш под а,б,в, туку нешто повеќе од тоа.
Трето, ако сакаш да го искореништ препишувањето на испит воведи сегде усен испит бе (барем таму каде што може), а за таму каде што мора писмен испит прати луѓе од министерство да чуваат на испити.
Четврто, како ќе го направи момакот од министерсво испитот по да речеме Вовед во право кога тој предмет го предаваат две професорки и двете професорки предаваат по различна книга. Ќе треба овие цела декада само испити да спремаат...

Него мене ме интересира зошто никој не го примети делот кај што се вика дека ќе се воведат пак приемни испити. Чекајте малце другари, нели предноста на државната матура беше што е подобро решение него приемните испити ?
Сеа значи ќе се укинува државната матура или ќе ги има и двете ?

Прво се воведе ЕКТС што испадна смешки и место да идеме стварно кон подобро образование излагаат вакви глупости...
 
Приемните испити се за странските студенти.

За другото, сосема се слагам со тебе, се гледа од кој аспект гледаме на проблемов. Да, забораив да споменам и за ретроактивното дејство.
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.734
Поени од реакции
4.485
Спомнаа пред некој ден ,ќе започнат брзо со доградување на 2 нови згради кај Универзитетот,Финки ќе се сели таму , мада некако глупо ми е баш таму кога скоро сите се таму општествени ,а тука Машински,Електро итн се сместени и подобра комуникација :oops:
И јас читав нешто по веснициве мада нас уште во прва година ни викаа дека ќе прават зграда.

И сега што да кажам јас кога фрлија милиони за статуи, а немаат 1 милион за нова зграда?

П.С Кажав и претходно ама ептен им се помешани приоритетите и не иде леб преку погача.
П.С2 т.е не им се помешани на сите влади до сега личен профит им е приоритет, за доброто на мнозинството никој не го чеша. Така и ја зезнаа работата со толкави квоти на факултетите битно да се земат парите и сега гледаат некако вишокот студенти да го избацат пошто буквално нема место за дишење.
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Јас не се плашам, револтиран сум. Прочитај ги убаво моите мислења, ќе видиш зошто.

Само нешто да кажам за муабетот со препишување со бубици-се користат блокатори по факултетиве.
Ако учиш и поминеш се, може други доста да паднат и никогаш да не завршат. Ова им иде во прилог на тие што не забушаваат. А тебе да ти се зголеми процентот за утре кога би барал работа. Ова со секој што заврши факултет и не е добро, а можам да ти дадам и причина. Како ќе се пополнат и другите места каде што не треба диплома?

Што значи дека ова е еден од начините за да изолираат одма една група. Значи плански е се што се прави за да се обезбеди работна сила и за други места.
 
А

Атомската мравка

Гостин
Наместо да земат да направат некоја измена во високото образование на пример практичната настава да биде вклучена во текот на целото студирање (а не само летно време некој месец колку да се земе потпис) со што од факултетите би испаднале поквалитетни кадри спремни за работа они се заебаваат со некои си државни испити налик државна матура на која сите поминуваат единствено се прават непотребни трошоци и замарање на учениците/студентите.. Едноставно глупо е нешто што си го полагал во 24 месеци (првите две години) сега да треба наеднаш да го полагаш со само 100-150 прашања а тие 20 испити тебе ти биле 7000+ страни материјал па додај вежби и еден куп др работи.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.976
Поени од реакции
11.617
Абе како си зборите, ко МОН да смеат што сакаат да прават во внатрешната работа на Универзитетите, па ништо чудно да не е ова, све си е нормално.

Наместо да земат да направат некоја измена во високото образование на пример практичната настава да биде вклучена во текот на целото студирање (а не само летно време некој месец колку да се земе потпис) со што од факултетите би испаднале поквалитетни кадри спремни за работа они се заебаваат со некои си државни испити налик државна матура на која сите поминуваат единствено се прават непотребни трошоци.. Едноставно глупо е нешто што си го полагал во 24 месеци (првите две години) сега да треба наеднаш да го полагаш со само 100-150 прашања а тие 20 испити тебе ти биле 7000+ страни материјал па додај вежби и еден куп др работи.
Се слагам потполно со тебе, со тоа што праксата е најубаво да биде после дипломирањето, кога веќе се претпоставува дека знаењето е потполно. Пример во Финска. откако ќе дипломира, државата на студентот е должна да му обезбеди 5 месеци платена пракса.
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Ако учиш и поминеш се, може други доста да паднат и никогаш да не завршат. Ова им иде во прилог на тие што не забушаваат. А тебе да ти се зголеми процентот за утре кога би барал работа. Ова со секој што заврши факултет и не е добро, а можам да ти дадам и причина. Како ќе се пополнат и другите места каде што не треба диплома?

Што значи дека ова е еден од начините за да изолираат одма една група. Значи плански е се што се прави за да се обезбеди работна сила и за други места.
Колку години имаш ти ?
13-14 ?
Идеш ти уопште на факултет па што продаваш вакви приказни ?

Сите сте се попалиле по тоа дека 98% од средношколците се запишуваат на факултет, а нигде не кажуваат податоци за тоа колку од тие 98% уствари го завршуваат факултетот. Еве да ти кажам некоја груба статистика од прва рука.
На Јустинијан у прва година мојата група броеше 100 студенти. Од тие 100 студенти до 3та година стигнаа 50 студенти преку сила. Значи тоа ти е 50% помалце од тие што се запишале. Затоа престанете со тие муабети „сите завршија факултет и земаа диплома“.

Иначе @true blue сум го испуштил делот дека приемните само за странци ќе бидат. Тоа пак повлекува друга проблематика, а тоа е како се запишувал странец на наш факултет ако никој не го евалуирал пред тоа ?
Само со странско државјанство ?!
 
M

Mario Gómez

Гостин
Не се можни значи. :cuc::cuc::cuc:

Од глупост до глупост секој ден. А нигде по шител и анал5 не кажаа за новите закони во сметководството, за зголемените казни, за зголемувањето на давачките кон државата на хонорарците, за дупките во пензискиот фонд.

Ај некој нека проба да напрај штрајк од факултетиве, одма овој Адеми ќе рече, ако ќе земеме други, чистачите ќе ги вработат као професори ама штрајк нема.

Високото образование е големо срање, замајте бркајте еве Германија ги укинаа квотите и бесплатно е ако си добар и конкурентен. Секое дете шо го бива нека бриши додека е време.

Конкретно ќе кажам за мојов факултет, неможат книги да издадат учевме секој предмет крпетоци од различни скрипти и извадоци на англиски јазик, книгата е на англиски, предавањата на македонски полагањето на англиски.

Не е чест тука да си студент. Ништо си.

Мамицата да им го ебам.[DOUBLEPOST=1412351042][/DOUBLEPOST]
Иначе @true blue сум го испуштил делот дека приемните само за странци ќе бидат. Тоа пак повлекува друга проблематика, а тоа е како се запишувал странец на наш факултет ако никој не го евалуирал пред тоа ?
Само со странско државјанство ?!
Како се запишувал странец? А шо мислиш ти некој асален тука ќе дојде да студира? Дошол некој од Тунгузија имал 400 евра и одма ќе му ги земат секако. Само нека се запише.
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.090
Поени од реакции
11.494
Хахахаха, министерот го заболе сечениот за вашето мислење по форуми.
Како што 90% од студентаријата нема свое јас ова ќе помине без никаков проблем. Дури и ќе има такви што ќе бараат и прва и трета да се полага државен. Веќе виден филм, така беше и за екстерното.
 
Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.205
Поени од реакции
1.232
Сите оние што го поддржуваат законов, или не сте сфатиле добро или имате некоја одбивност кон одредени факултети (не сте се запишале/не сте успеале да завршите па сеа не вредат) или сте по приватни па еден испит ваков ќе ви се сведе на учење 200 страни.
Значи да полагаш испит од 20 предмети, на ФИНКИ (ќе си го земам за пример) во втора година, е благо-кажано, невозможно. Во првите 2 години на ФИНКИ се сместени 90% од најтешките предмети на факултетот, да почнеме од Калкулус 1, Калкулус 2, Дискретна 1/2, Веројатност И статистика, АОК, Бази, Оперативни системи и еден куп програмирања. Тоа се само еден куп програмски јазици, околу 20тина. Никој нормален не може да памти синтакса на 20 јазици. А каде е тука математиката ? 5 математики, сите со посебни формули, алгоритми на решавања и што ли уште не ?
А да заборавив да кажам. За разлика од општествените науки, каде што учите од една книга, со едни предавања и тоа ви е материјалот за испит, тоа кај нас е едвај 1/2 од испитот. Сите полагања се поделени на теорија и практично. Често пати се случува за практичното да постои посебна книга итн...
Значи да сумирам, да имаш се научено, да си ги имал сите 10ки и да си го разбрал 100% материјалот па сега да треба само да го повториш целиот материјал ќе ти требаат минимум 2 месеци...
 
А

Атомската мравка

Гостин
Се слагам потполно со тебе, со тоа што праксата е најубаво да биде после дипломирањето, кога веќе се претпоставува дека знаењето е потполно. Пример во Финска. откако ќе дипломира, државата на студентот е должна да му обезбеди 5 месеци платена пракса.
Ако биде после дипломирањето тоа е многу развлекување на образованието, нема потреба да се губи толку време на тоа. Што побрзо се “направи“ кадар спремен за работа толку подобро за секого и за државата и за студентот, незнам колку е точно ама имам слушано дека на Бугарскиве факултети имало многу повеќе пракса и тоа во склоп на учебната година - пример ти завршуваш 4та година на факултетот а веќе имаш година, година ипол пракса и имаш веќе престава и знаење за работата која ќе треба да ја работиш. Ама ќе почекаме ние многу за тоа да дојде тука.

Имаше негде вест 200 лекари заминале во странство во последните 3-4години, изгледа следни да си одат се професорите..
 
Kajgana Shop

На врв Bottom