Екстерното падна на Уставен на почетокот па требаше да пројдат уште 3-4 години за да го воведат. Плус не е исто на протест да излезат средношколци и студенти. Се надевам ќе има таков еден мирен протест доколку продолжат со идиотизмов.Хахахаха, министерот го заболе сечениот за вашето мислење по форуми.
Како што 90% од студентаријата нема свое јас ова ќе помине без никаков проблем. Дури и ќе има такви што ќе бараат и прва и трета да се полага државен. Веќе виден филм, така беше и за екстерното.
Ако биде после дипломирањето тоа е многу развлекување на образованието, нема потреба да се губи толку време на тоа. Што побрзо се “направи“ кадар спремен за работа толку подобро за секого и за државата и за студентот, незнам колку е точно ама имам слушано дека на Бугарскиве факултети имало многу повеќе пракса и тоа во склоп на учебната година - пример ти завршуваш 4та година на факултетот а веќе имаш година, година ипол пракса и имаш веќе престава и знаење за работата која ќе треба да ја работиш. Ама ќе почекаме ние многу за тоа да дојде тука.
Да, али глеј. Пример ја сум правник, идам после прва година кај адвокат кој што се занимава со граѓански спорови, а јас имам учено само Општ дел граѓанско, а Стварно и облигации не. Пет месеци после дипломирање не е ништо страшно + тие што ќе се покажат можеби и ќе бидат кандидати за постојана работа.