@DeviAngel дај не се бламирај, ако некој беше оштетен тоа беше Атлетико... тоа што нас не ни свиреле некои си ситни прекршоци, неможеш да го обвиниш судијата за целиот тек на натпреварот.
Првата ситуација кога Видал играше со рака во шеснаесетникот можеше и да свири, и да не свири пенал, дека играчот веќе беше паднат на земја, а и топката му беше позади грб... ама за раката на Касерес можеше слободно со чиста совест да покаже на белата точка. Толку крај на дискусијата на ова.
Незнам што толку се потресувате за поразов, можеби Јувентус играа лошо во нападот, ама затоа одбраната и средината беа на ниво, и тотално го неутрализираа противникот... а ретко кој го може тоа денес на Висенте Калдерон. Никој не доминираше на натпреварот, Јувентус имаа 1 шут на голот, додека Атлетико 2, никој никого не го стави во шише пред шеснаесетникот. Јас сум убеден дека со ваква игра (и со малце поуигран напад) дома ги добиваме.
Честики до фановите на А.Мадрид за победава, сосема заслужено