Борусија Дортмунд уште еднаш го шокираше своите навивачи, откако загуби на домашен терен од последнопласираниот тим во Бундес-лигата, Хамбургер, со 0-1. Иако „милионерите“ имаат две победи во групната фаза од ЛШ, сепак, играат очајно во германското првенство и по седум натпревари имаат дури четири порази и само две победи и едно реми.
„Во страшна криза сме. Не можев ниту да сонувам дека ќе загубиме и од Хамбургер. Но, не игравме добро, многу грешевме, а противникот тоа умееше да го искористи. Не смееме да продолжиме на ваков начин, немаме стабилност и цврстина во играта, премногу лесно грешиме во одбраната. Но, верувам дека ќе се подобриме. Нема да барам алиби во повредените фудбалери, затоа што оваа сезона веќе многу често ги разочаруваме навивачите“, изјави Јирген Клоп по вчерашниот пораз на Борусија Дортмунд.
Клоп во моментот не може да смета на неколкумина важни фудбалери од својот тим кои се повредени, како Ројс, Мхитарјан, Сахин, Блашчиковски, Гундоган…[DOUBLEPOST=1412528771][/DOUBLEPOST]Schmelzer out for 4 weeks after getting an hand injury in yesterdays match against Hamburger SV.............................................................