Пак не ме разбираш,треба кур да не боли кој е поголемо зло.Фората е што Америка не ги сака баш сојузниците на русија и има навика да им ебава матер.Пример ти е Србија...прашај ги 99 дали добро живееле.
А нас мислиш нешто поарно не чека во НАТО ?
Јас лично сум за неутрална позиција, но ако некој ни го оневозможи тоа, како што Нацистичка Германија им го оневозможила тоа на Белгија, Холандија и Луксембург за време на Втората Светска Војна, тогаш мислам дека подобро е да ја имаме Русија како сојузник, бидејќи јас лично ја сметам за помало зло.
Но тоа е само моето лично мислење, секој има право да мисли поинаку, фала му на Бога.
Многу ми се детски Русија версус Америка муабетиве.
Одкога тоа е Русија алтернатива или втора опција?
Кога сме биле блиски со Русите? Никогаш.
Ни во (демек) комунистичката Југославија не бевме блиски со Советскиот Сојуз, напротив баш поблиски бевме со америте откако не избркаа од Коминформата.
Гледаме колку фајде имаат србите од сојузништвото со русите, ептен им се посреќи.
Па да, токму бидејќи се детски муабетите Русија наспроти САД, немаме што да бараме во НАТО.
НАТО беше формиран за да ги штити централноевропските и западноевропските држави од заканата на советскиот социјалистички тоталитаризам и од Варшавскиот Пакт, а сега кога тој тоталитаризам и Варшавскиот Пакт повеќе не постојат, сосема логично е и НАТО да не постои.
Но токму поради детските муабети Русија наспроти САД, НАТО сеуште постои.
НАТО ја бомбардираше Југославија во 1999 година без никаков повод, бидејќи Југославија никогаш не му објави војна на НАТО или на некоја од неговите држави членки, ниту нападна некоја држава членка на НАТО.
Вчера Југославија, утре кој ?
Јас сум против членство на Македонија во било каков воен сојуз, без разлика дали го предводат САД или Русија или Кина или не знам кој, во целост сум против учество во било какви кампањи против држава која на никаков начин не ни згрешила на нас Македонците.
А ако ги прочита детално моите коментари, јас убаво потенцирав дека Русија и не е баш онаков сојузник каков што ни треба на нас, а истовремено потенцирав дека не постојат вечни пријателства, но не постојат ниту вечни интереси, наспроти општото верување до неодамна дека не постојат вечни пријателства, туку вечни интереси.
Затоа јас лично мислам дека неутрална позиција е најдобрата позиција која што Македонија може да ја завземе, но ако тоа не е возможно, како што на Белгија, Холандија и Луксембург тоа им било оневозможено за време на Втората Светска Војна, тогаш мислам дека подобро е да ја имаме Русија како сојузник, бидејќи за мене лично Русија е помалото зло, без притоа воопшто да се земат во предвид таканаречените бајки за братство и пријателство со мајка Русија.