Можеби ние не сакаме до толку или не се брзаме за да влеземе во НАТО, но нашите "браќа" не размислуваат исто, па така сме растргнати на две спротиставени страни, што е прилично лошо за просперитетот во иднина на нашава мала и сакана државичка.
Тоа се вика концепт на владеење "раздели па владеј".
Незнам колку е паметно влагање под руска капа кога Русија е речиси напикана во ќош и има многу мало влијание на балканот,среќа што политичариве играат паметно а не со емоции бидејки ќе пројдевме бетер од србите.
Размислете малце,опколени сме со со нато земји од сите страни освен од србија и имаме 25% посто население кое ќе скокне во вардар ако Америка му каже така.Да не спомињам дека сите овие и не не сакаат па Америка не мора ни да ги присилува да не распарчат само дозвола да им даде.Дури и Србија која беше во војна со Нато и е историски блиска со русија игра на двете страни понекогаш ама ние пошто сме најпаметни ќе ја почнуваме контраофанзивата на руското влијание на балканот
Е па токму бидејќи постојат тие 25% население кои се подготвени да скокнат во Вардар доколку САД така им кажат, повеќе од јасно е дека имаме нечист двор и затоа добро би ни дошол некој добар сојузник кој ќе ни помогне да го исчистиме дворот.
Бидејќи очигледно на САД им одговара да имаме нечист двор.
Не велам дека Русија е сојузникот кој ни е потребен, било кој со добри намери е добредојден, но ајде наброј еден таков потенцијален сојузник ?
Не постојат вечни пријателства, а како што гледаме во последно време, не постојат ниту вечни интереси како што се мислеше до неодамна.
Хосни Мубарак им беше послушник на САД во Египет, но сепак го соборија, а Барак Хусеин Обама со отворени прегратки му посака добредојде на Муслиманското Братство кога дојдоа на власт во Египет.
Но после воениот удар во 2013 година во Египет и апсењата на Мохамед Морси и лидерството на Муслиманското Братство и после прогласување на Муслиманското Братство за терористичка организација во Египет - што всушност и беа додека Мубарак беше на власт во Египет - а не политичка партија, одеднаш на исончаниот Бери во Белата Куќа му стана непријатно бидејќи неговите муслимански другари на кои и до денешен ден им пружа засолниште во САД, останаа без власт во Египет.
Египет е одличен пример за тоа каков пријател се САД и колку многу им мислат добро на народот на една држава и на нејзиното општество.
Ќе ти инсталираат радикално малцинство кое воопшто не се двоуми кога убива невино цивилно население, па бирај - или ќе трпиш масакри, или ќе правиш коалиција со истите тие злосторници.
Веќе е познато дека македонските политичари без никакво двоумење и со најголемо задоволство прават коалиции со злосторници бидејќи имаат заеднички интереси, што уште повеќе покажува и докажува на дело дека имаме премногу нечист двор и дека ни треба силен сојузник од надвор кој ќе ни помогне во чистењето.
Ќе повторам, не велам дека Русија е сојузникот кој ни е потребен, но ако веќе сме оставени да бираме помеѓу две зла, јас лично верувам дека Русија е помалото зло.