- Член од
- 14 август 2006
- Мислења
- 46.154
- Поени од реакции
- 86.749
СРБИЈА ВЕЖБА И СО ЗАПАД И СО ИСТОК
Русија го сака Балканот, НАТО не го дава
29 септември 2014 - 15:36
Од утре до десетти октомври на српско тло ќе се одржи вежба со Русите, а претходно српската војска одржа вежба со Западот
Српската земја во околината на Панчево ќе се тресе под чизмите и воената артилерија на српските и руските специјалци од воздушнодесантните единици на силите на Русија. Тоа ќе биде прва воена вежба меѓу државите која ќе се одржува од утре до десетти октомври.
Србија е прва држава во Европа која организира воена вежба со Русија после украинската криза, а интересно е што неодамна одржа и воена вежба со САД насловена "Штит-4" во Бујановац, каде околу 270 припадници на српската војска се подготвуваа за учество во мултинационалните операции на Обединетите нации и Европската унија.
Дипломатската порака која може да се прочита од вежбата е дека Србија може со Запад и со Исток.
Долгогодишниот амбасадор Ристо Никовски смета дека најавената вежба меѓу српската и руската војска се уште не е дефинитивно дека ќе се одржи.
-Како што изгледа, има такви намери. Во секој случај, тоа ќе значи нов квалитет на српско-руските односи. Логично, Русија би требало да биде заинтересирана за еден таков исчекор, особено по настаните во Украина. Нејзиното ширење на Балканот е претпоставка која се наметнува сама по себе. Од друга страна, Србија нема никакви намери за влез во НАТО, што е верификувано и во нивното Собрание и врската со Русија на воен план се наметнува како нормална - смета поранешниот амбасадор Ристо Никовски.
После украинската криза, каде што несомнено се судрија Западот и Истокот, Србија е единствената држава која на свое тло ќе вежба со двете светски сили кои кршат копја на територијата на Украина.
-Во принцип, ваквата соработка е нормална, се разбира, ако се нормални односите. Сепак, не е јасно дека ова се вклопува во политиката за одвраќање или фаза на оформување изразено во војнички контекст. Ова во склад со оперативниот дизајн е фаза на демонстрирање на решителност и во вакви околности често претставува испраќање политичка порака преку вооружените сили како инструмент на моќ - смета полковникот Методиј Хаџи Јанев, професор на Воената академија.
Токму поради тоа за оваа вежба во меѓународните дипломатски и воени кругови има огромна заинтересираност, а американските експерти и дипломати не чекаа ниту секунда за да ги изнесат своите критики за одржувањето на вежбата.
Меѓу првите беше и поранешниот амбасадор на САД во НАТО, Курт Вокер, кој, меѓу другото, изјави дека не е сигурен како ќе влијае одржувањето на вежбата на односите на Србија со Западот.
Амбасадорот Никовски е дециден дека реакциите на НАТО околу оваа евентуална вежба ќе бидат негативни.
-По судирите во Украина осетливоста на Западот околу какво било ширење на руското влијание кон Балканот ќе биде максимално, а најмалку што посакуваат е тоа во воената област - потенцира Никовски.
Што се однесува на вежбата "Штит-4", целта е да се провери и да се оцени достигнатото ниво на борбена способност на единиците декларирани за учество во мултинационалните операции по стандардот на НАТО, "Концепт на оперативни способности".
-Оценувањето на декларираните единици на војската на Србија според "Концептот на оперативните способности# или НАТО-стандардите е многу важно бидејќи тие единици можат да одат во зоните на мировните мисии исклучиво така како што е регулирано на ниво на НАТО - смета српскиот полковник Милан Радовановиќ.
Дополнителен факт дека НАТО не сака Русија да го проширува своето воено влијание на Балканот е изјавата на бригадниот генерал Лучо Бата, кој присуствувал на вежбата "Штит-4" и вели дека Србија може во иднина да смета на поддршката на НАТО за да продолжи со реформите во одбраната и модернизацијата на војската.
Меѓудругото, судирот на светските џинови на украинско тло и понатаму продолжува, а масло на огнот кој веќе ја изгоре Украина долева и одлуката на НАТО да се формира единица од неколку илјади војници за одбрана од Русија, како и рускиот претседател, Владимир Путин, кој рече дека Русија подготвува нови ракети кои пробиваат секаков антиракетен штит.
Стефан Рашковски

I am so scared right now....