Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.665
Поени од реакции
34.114
Edge of Tomorrow - онака, ОК. Дека е подобар од Oblivion, е, ама дека е до толку добар, @Io Sono Interista , sorry, ама не е. Мене не ми направи толкав мерак како тебе. Морам да признаам дека и @wot претера со остриот напад и можеби оценката (2/5, ако не се лажам, што е еквивалентно на 4/10, наспроти осмицата на Io), ама сосема е во право за ефектите и изгледот на вонземјаните. Башка, скоро гледав многу слични вонземјани на овие, барем налик на нив во движењата, во The Darkest Hour, каде што дури и уште пострашно делуваа. Акцијата, нарацијата, сетот = се тоа е ОК, ама не видов ништо што не го бев видел претходно, а особено нешто што не го бев видел претходно во филм на Том Круз. Да не бидам и јас преостар во оценувањето, иако можеби заслужува една солидна 5ка, му давам 6че само оти ме начека расположен. :P
На letterboxed му стаив 2 ипол и јас, што е исто на твојава 5-ка. Само тука ги кратам половинките и зависно како сум расположен - кон таа бројка навалувам.
Изгледа некоја клетва ме фати од Ио, вчера вечер пуштаме проектор кај другар соберени да се гледало филм... го пуштаат Edge of Tomorrow.
Шта речи...

Сега проверив - јас на Oblivion сум му дал 4. :P
Исто и јас.

Моја оценка на Обливион да ти била 6ка, хм...
Сосема фер, ако те расположил или на саат време те забавувал без да го памташ у следните 10мин. Ама 8-ка е ептен далеку. :D

Oblivion = HAL2000 + неговите роботи/дронови шо неможат да ја погодат целта цел филм.
Come on guys.
Не греши душа сине.

Edge of Tomorrow е 7мица а oblivion e 8
Nice try Io.

Е добро, ај да ве видам: листа на топ 10 вонземјани во филм, според вас?
Аlien
The Thing
Avatar
Transformers
Predator
District 9
The Blob
Mars Attacks! :D

Па општо за да успее еден филм мора да има јак негативец. У акционите филмови од овој тип најбитен е визуелниот изглед и колкава сила/моќ презентира. Слични беа со машините од Матрикс, ама овдека беа многу попрецизно обработени и имаа повеќе self-aware елементи на еден организам.
Jaс дали оти не ги видов многу, или тоа што го покажаа беше матни ефекти недоработени, не ги сфатив баш сериозно па да се подисплашам.
Јас гледав да видам Круз како ќе излезе од лууп-от и со каков исход.
 
W

wicked_1

Гостин

Визуелно предобро беа претставени, незнам зашо ти биле ефектите матни. CGI-то баш беше добро адаптирано, структура + металик боја, брзина рефлекси и инстиктивни реакции, бруталност.
Крајот на прв поглед изгледаше "типично `мурика хепи ендинг", ама уопште не е.
Енигматичен е, комплексен и доста логичен.
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.665
Поени од реакции
34.114
Визуелно предобро беа претставени, незнам зашо ти биле ефектите матни. CGI-то баш беше добро адаптирано, структура + металик боја, брзина рефлекси и инстиктивни реакции, бруталност.
Крајот на прв поглед изгледаше "типично `мурика хепи ендинг", ама уопште не е.
Енигматичен е, комплексен и доста логичен.
Jaс стварно не видов јако CGI, eве имаме јутуб, имаме секакви страни за хостирање, прикачи фотки, видеа... докажи ми каде ти виде квалитетно CGI.
Вакви подобри, брзи и матни фрејмови гледав во Трансформерс кецот на двдрип на 19' во 2007ма. Toгаш бев запрепастен од таквото достигнување.
Во филмот со голо око не се гледат ефектите, или барем не ефектите достојни за 2014-та. Можеби да ги забавиме доволно бавно ќе видиме уствари какви ејлиени сакаат да ја освојат земјата, до тогаш филмот е еквивалент на Happening. Нешто ги тепа, ама незнаш што. Крајот нема да го коментирам, за енигматичен и комплексен не е, ама барем не го укакаа. Колку толку. Да не го зборевме филмот неделава, да те прашав дали ти е гледан, ќе се замислеше дали е со Круз или Афлек, и ќе го гуглнаше да се потсетиш. Исто ко Hot Ice што ме потсети дека и Moрган Фриман го имаше у Обливион. Ова не се критериуми за 8-ка. :unsure:
 
Овие беа брзи и подобри фрејмови секако, дури и пребрзи може за твој вкус. На тоа и целел режисеров. Ама има неколку побавни кадри на почетокот со алфата, и при крајот.
Многу филмови со ејлиени имаат долги кадри, визуализирање и фотосесии на "чудовиштето" - оваа не е CGI, CGI-то е врзано за appearance-от, структурата, и движењето, и колку помалку изгледа како некоја видео игра толку е поквалитетно, а тука богами беше.
Можеа да го забават движењето на мимиците, на тој начин ќе изгледаа како некои десептикони а не живи, брзи и брутални инстинктивни убијци.
Режисеров почна јако и го развиваше филмот многу добро(дури предобро), за да има на прв поглед таков досаден амерички крај. Мислев на комплексен дека е затоа шо имаше добри муабети со крвта на алфата, и после тоа крвта на омегата, имаше умешано доста физика со патувањето и алтернативните реалности.
За на крај да заврши како шо заврши, не биди хејтер, добра 7ца е филмов.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.477
Jaс стварно не видов јако CGI, eве имаме јутуб, имаме секакви страни за хостирање, прикачи фотки, видеа... докажи ми каде ти виде квалитетно CGI.
Вакви подобри, брзи и матни фрејмови гледав во Трансформерс кецот на двдрип на 19' во 2007ма. Toгаш бев запрепастен од таквото достигнување.
Во филмот со голо око не се гледат ефектите, или барем не ефектите достојни за 2014-та. Можеби да ги забавиме доволно бавно ќе видиме уствари какви ејлиени сакаат да ја освојат земјата, до тогаш филмот е еквивалент на Happening. Нешто ги тепа, ама незнаш што. Крајот нема да го коментирам, за енигматичен и комплексен не е, ама барем не го укакаа. Колку толку. Да не го зборевме филмот неделава, да те прашав дали ти е гледан, ќе се замислеше дали е со Круз или Афлек, и ќе го гуглнаше да се потсетиш. Исто ко Hot Ice што ме потсети дека и Moрган Фриман го имаше у Обливион. Ова не се критериуми за 8-ка. :unsure:
Ти имаш сопственост врз критериумите за 8ка?

Вонземјаните се страва во филмчево, тоа што не се како во Blob или E.T. е затоа што јбг, потребен е посвеж агол на гледање на работите. Што е проблемот со вонземјани што се супериорни во однос на нас во поглед на брзина на движење или мислење? Некогаш си толку плиток што од инает ќе ги пропуштиш сите ебени идеи: брзи се и надмоќни се за да ти предизвика страв како хомосапиенс кога ќе се замислиш на бојното поле. Ти изгледа наместо да се замислиш таму се замислуваш како после филмот ќе му идеш контра на Ио. Остај тоа нотесот глуп и уживај во филмот малку.

Филмот е супер за тоа што е. Во кино не го паузираат за да фаќаат фрејмови, филмот е целина, направен е за да седнеш на столот и да уживаш, а не да го цепкаш на скриншотови за да докажеш дека некој друг филм бил некако подобар во ефекти ако го изгледаш успорено. Филмот си има battle-set прва лига, само кој сака да цепидлачи ќе му најде мана. Ете ти направи скриншотс, стај ги на јутјуб и докажи ни нам дека нешто навистина не чини со ефектите.

Трансформерите пошто ми ги отече со нив, не ги хејтам поради ефектите тие си се топ, всушност не ги хејтам воопшто само не сакам да ги гледам зошто не ме интересира филм за вселенски играчки. Онака содржински ми наликува на филмовите од 80-те на кои свршувавме кога бевме деца а сега си се смееме сами на себе што сме гледале. Не ме влече воопшто. Од друга страна вонземјани си се вонземјани, тоа е она што го влече секој Sci-fi фан (што кога ќе размислам подлабоко, ти тоа не си), инвазија на вонземјани секогаш била и ќе биде нешто што секој Sci-fi фан сака да го види и да го коментира.

Јбг, тебе не ти ја доловиле атмосферата, многу смешни беа за тебе, да беше ти таму место Том Круз ќе им покажеше среден прст и после ќе ги нокаутираше како Вил Смит во Independance Day.

Она интернетот ве направи за никаде, не можете ни да уживате повеќе во гледање, секому нешто му фали, секој мора да ископа детали за да исплука филм зошто не дај боже да му се допадне. Ќе мислат дека нема вкус, после со кој образ ќе пишува по форуми?

Ја лично гледав нешто што ми се допадна, брзо, динамично, забавно, и на крај краева тоа и се бара од блокбастер. И да, 8-ката е во однос на блокбастери. И да, Аватар не ни се допадна на сите, само ми е криво што она пропагандното срање Hurt Locker му го зема оскарот. Аватар беше најавуван како мега проект и скоро секој што го гледаше го изгледа со огромни очекувања. Филмови како Обливион и Еџ се и покрај буџетот непретенциозни филмови, тие сакаат да си кешираат и не напињаат по сите медиуми дека снимиле ремек дело и дека ќе освојат оскари. Затоа и поминуваат со полесно кога ги оценуваме. Сосем трета работа е што оценките се субјективни и зависат и од момент и од расположение, сите знаеме веќе како оди тоа.

Но пак уште еднаш, 8ка не е исто висока за мене и за тебе, не знам како да ти нацртам веќе, тебе те боли глава зошто мислиш дека си ја измислил 8ката, за тебе највисока е 9ката на Шошенк и така си ги гледаш работите. За мене највисока оценка е 10 и тоа моја субјективна 10ка, а не просечна на ИМДБ. За мене топ Sci-fi филмови се Star Wars старите, па и новите јебем ли га шо им фали, BTTF, Matrix 1, Terminator 1 и 2, Blade Runner, X-Men... и овие имаат 10 од мене зошто ми прават мерак во секој поглед, иако не се сеќавам што сум им дал кога сум идел во детали. Тоа се таа класа топ Sci-fi филмови кои не се тоа што се само поради ефектите туку имаат уште некоја магија во себе, larger than life приказна, карактери, идеи... Ондак втор ешалон ако морам да бирам би биле филмови како Twelve Monkeys, Planet of the Apes новите, стариот Супермен, District 9, Бетмен последните два + стариот со Џек Николсон, Gravity... според мене филмови кои се одлични но нешто недостасува за да бидат топ и да имаат некаков посериозен импакт, иако Нолан како режисер остави трага а Gravity беше ако ништо друго совршен визуелен мастерпис.

И после се трета категорија филмови како факинг Обливион и факинг Еџ, кои се супер затоа што ме прават да се осеќам супер кога ги гледам и да ја почуствувам таа Sci-fi атмосфера, ама никогаш нема да се замарам посебно со нив и да ја тупам со анализи. Исто како што ти давам 8ка тебе Њоте, и после постов ќе заборавам дека воопшто сум ти пишал нешто. Зошто и ти си одличен, само нешто ти фали. :P

8/10.
 
Последно уредено:
Член од
22 јуни 2010
Мислења
3.688
Поени од реакции
5.444
TMNT има одлични ефекти
(сцената на снегот)
, а посебен е филингот кога го гледаш во кино. Скептик бев, ама убаво ме изненади, башка и добар хумор има.
Дома никогаш не би пуштил ваков филм, ама за во кино е перфектен.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.983
Поени од реакции
37.261
Е добро, ај да ве видам: листа на топ 10 вонземјани во филм, според вас?
Бр 1. за мене беа во Signs - речиси и не ги ни видов цел филм, а се помочав од страв од нив. :P
 
Kajgana Shop

На врв Bottom