Со 7 години ракомет не си успеал да се рашириш во рамењата хм...баш ме чудиш досега не сум сретнал ракометар тесен во рамениците.
Ај ако не е проблем сликни едно сликче од вратот надолу шо генетика имаш да те опулиме вака неможам да си створам слика.
Иначе со месец и пол теретана тешко дека ќе видиш нешто посебно. Вежбај го цело тело два пати неделно сплитови имаш еден куп за почетници на бодибилдинг на страната ме мрзи да ти пишувам или пак тука прочепкај ќе најдеш имав пишано на некој друг пред некој месец програма.
Друга работа јас ти гарантирам дека сеуште не ги знаеш ни вежбите правилно ти со месец и пол, форсирај ги компаунд вежбите за почеток и учи ги (еве ти некои
совети)
Почни со некоја програма Горен/Долен дел за да го поминеш цело тело 2 пати неделно
И гледај да си го подесиш интензитетот самиот, едни од најбитните работи ти се паузата од серија до серија и вежба до вежба, број на повторувања, форма.
Неможеш само така лесно да се рашириш во рамењата, имаш многу други мускули кои треба да се развијат за да ти изгледа горен дел како што сакаш и да ја добиеш таа посакувана V форма.
Прегледај го приврзокот 102928 Прегледај го приврзокот 102929
еве ти слика најпросто да сфатиш за што ти зборувам