Формула 1 - сезона 2014

  • Креатор на темата Креатор на темата M1K1 007
  • Време на започнување Време на започнување
2014 ФИА Формула 1 ГН на Сингапур (Марина Беј, улична трка)
2014 Formula 1 Singapore Airlines Singapore Grand Prix (Marina Bay, Street Circuit)

640px-Singapore_street_circuit_v3.svg.png

1_singapore_f1_night_race_2012_city_skyline.jpg

Основни податоци:
Капацитет: 82,000
Отворена: 2008
Број на кругови: 61
Должина на патеката: 5,065 km
Рекорд: 1:48.574 - С. Ветел (2013)

Старт на сесиите:
Петок 19.09.2014

Тренинг 1: 18:00 - 19:30* (12:00 - 13:30)
Тренинг 2: 21:30 - 23:00* (15:30 - 17:00)
Сабота 20.09.2014
Тренинг 3: 18:00 - 19:00* (12:00 - 13:00)
Квалификации: 21:00* (15:00)
Недела 21.09.2014
Трка: 20:00* (14:00)
* Локално време​

ТВ Преноси
-Четврток 18.09
18:45 SK 3;
Inside GP-Singapore
22:00 SK 1; Inside GP-Singapore
-Петок 19.09
12:00 SK 1;
Ф1 Сингапур-Тренинг 1 (Пренос)
15:30 SK 1; Ф1 Сингапур-Тренинг 2 (Пренос)
-Сабота 20.09
03:15 SK 1;
Ф1 Сингапур-Тренинг 1 и 2 (Снимка)
12:00 SK 1; Ф1 Сингапур-Тренинг 3 (Пренос)
15:00 МРТ 1 HD, SK 1; Ф1 Сингапур-Квалификации (Пренос)
-Недела 21.09
10:30 SK 1;
Ф1 Сингапур-Квалификации (Снимка)
14:00 МРТ 1 HD, SK 1; Ф1 Сингапур-Трка (Пренос)
-Понеделник 22.09
03:15 SK 1;
Ф1 Сингапур-Трка (Снимка)
17:30 SK 1; Ф1 Сингапур-Трка (Снимка)
Напомена:
-
Програмските шеми се под можност за промени.[DOUBLEPOST=1411047693][/DOUBLEPOST]
Улична трка е, нема простор за претекнување.
Монако двојка, ќе биде тупење.
Па добро, е малку поширока од Монако, ама пак, улична трка ти е.
И да како што кажа, досега во Сингапур немало дожд. ;)
 
Е тоа вие баксузирајте .. да има дожд со ноќна трка добитна комбинација .. и Кобајаши ке биде у стил I am proud of you my sons !
Нема да се изненадам ако видам високи претставници од воениот врв на Јапонија кои ке бидат дојдени да регрутираат пилоти за во нивната ескадрила.
 
Е тоа вие баксузирајте .. да има дожд со ноќна трка добитна комбинација .. и Кобајаши ке биде у стил I am proud of you my sons !
Нема да се изненадам ако видам високи претставници од воениот врв на Јапонија кои ке бидат дојдени да регрутираат пилоти за во нивната ескадрила.
Единствен начин да биде интересна тркава е да има дожд.
 
Абе ако овој Малдонадо ако не постои, у Ф1 нема да се знае што е инцидент. Значи нема ГП викенд, а чоеков да не направи инцидент. :oops::eek:
 
Абе ако овој Малдонадо ако не постои, у Ф1 нема да се знае што е инцидент. Значи нема ГП викенд, а чоеков да не направи инцидент. :oops::eek:
Или се паркира или се тресне негде не е за џабе среќнио број 13
 
2014 СИНГАПУР ГП: ЛУИС ХАМИЛТОН НАЈБРЗ, НИКО РОЗБЕРГ СО ПРОБЛЕМАТИЧЕН ВТОР ТРЕНИНГ


На попладневниот тренинг најбрзото време го забележа Луис Хамилтон, благодарение на тоа што Нико Розберг имаше проблеми со сообраќајот на патеката и црвеното знаме предизвикано од погодувате кој, Пастор Малдонадо, кој својот Лотус Е22 го удри во бариерите покрај патот. Фернандо Алонсо повторно добар со второто најбрзо време, пред Даниел Рикиардо на третото. Кими Раиконен се подобрува со секоја измината трка, го имаше 4-тото најбрзо време пред Себастијан Ветел, кој го заокружи топ 5 пласманот.
Постигнувањето на Себастијан Ветел е изненадувачки добро, бидејќи беше на патеката само во последните 10 минути од сесијата, време до кога им беше потребно на механичарите на Ред Бул да ја променат ПЕ на неговиот РБ10. Во тие минути тој се обиде да надомести за изгубеното време и имаше навистина блиски средби со бариерите. Оваа патека му одговара не наговиот стил на возење, па може да очекуваме добра трка за него, но се ќе зависи од тоа дали ќе заработи казна од 10 стартни места поназад.

Водечкиот во генералниот пласман на возачи само со 13-тото најбрзо време, но како што напоменавме неговиот брз круг на супер-меките гуми од инцидентот на Малдонадо и црвеното знаме. Првичните проценки се дека помеѓу двете смеши кои Пирели ги донесе за оваа трка има огромна разлика, т.е. супер-меките се многу побрзи од меките гуми, што остава простор за интересна манипулација и со тркачките стратегии помеѓу тимовите и возачите. Секако, топ тема во падокот е и рестрикцијата за тоа што смее, а што не смее да се зборува помеѓу возачот и неговиот тркачки инженер за време на нивната радио комуникација. За таа цел беа одржани неколку повеќе-часовни состаноци помеѓу Чарли Вајтинг и тимовите.

На долниот дел од табелата Марусија беше побрза од Катерам, а тимот кој има големи проблеми на оваа патека е Вилијамс, кој не покажа многу од брзината која ја имаше на претходните трки, барем на денешните тренинзи, и имаше побавни времиња дури и од болидите на Заубер.

Утре не очекува Саботниот тренинг во 12:00 и Квалификациите кои започнуваат во 15:00 часот по македонско време.
ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
ВОЗАЧ
ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:47.490 25
2. Фернандо Алонсо Ферари 1:47.623 + 0.133 28
3. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:47.790 + 0.300 28
4. Кими Раиконен Ферари 1:48.031 + 0.541 29
5. Себастијан Ветел Ред Бул 1:48.041 + 0.551 5
6.Кевин Магнусен Мекларен 1:48.358 + 0.868 33
7. Џенсон Батон Мекларен 1:48.435 + 0.945 30
8. Серџо Перез Форс Индија 1:48.653 + 1.163 30
9. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:48.751 + 1.261 31
10. Дањил Квјат Торо Росо 1:48.770 + 1.280 31
11. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:48.800 + 1.310 33
12. Роман Грожан Лотус 1:49.062 + 1.572 33
13. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:49.075 + 1.585 30
14. Пастор Малдонадо Лотус 1:49.139 + 1.649 13
15. Адријан Сутил Заубер 1:49.170 + 1.680 34
16. Естебан Гутиерез Заубер 1:49.290 + 1.800 37
17. Фелипе Маса Вилијамс 1:49.361 + 1.871 29
18. Валтери Ботас Вилијамс 1:49.971 + 2.481 28
19. Жил Бјанки Марусија 1:50.612 + 3.122 24
20. Макс Чилтон Марусија 1:51.558 + 4.068 21
21. Камуи Кобајаши Катерам 1:52.075 + 4.585 33
22. Маркус Ериксон Катерам 1:52.936 + 5.446 31
http://mkformula1.blogspot.com/2014/09/2014_33.html
 
Старецу, не заебавај :eek:??? (ЛИНК)

Па што знам ова дали ќе е лоша одлука. По мое мислење ќе биде поизедначено. Вака по default знаеш дека Шилтон или ќе излета или ќе биде последен од тие што останале. Го зедов како пример за најочаен, не дека било кој од Лотусите, Маурисија или Катерхам е подобар. Само по некоја ептен голема среќа може да се смешаат во битка за поени.
 
Па што знам ова дали ќе е лоша одлука. По мое мислење ќе биде поизедначено. Вака по default знаеш дека Шилтон или ќе излета или ќе биде последен од тие што останале. Го зедов како пример за најочаен, не дека било кој од Лотусите, Маурисија или Катерхам е подобар. Само по некоја ептен голема среќа може да се смешаат во битка за поени.
Не да контрам, али ако погледнеме наназад, и форс индија беше еден од тие тимови, но ете, со правилно менаџирање веќе се гледа како на сериозен тим ...... така да тоа со 3 болида е дискутабилно. Секогаш ќе има некој против или за ова или она.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom