UEFA Champions League 2014-15

  • Креатор на темата Креатор на темата RickyLFC9
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе освои ЛШ?


  • Вкупно гласачи
    118
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Една лоша утакмица и сите критики фрлаат насекаде, значи одбраната уште од почетокот на сезоната се гледа дека е нестабилна, 2 контри јадовме од Шалке 2 шанси напраја 1 гол.
Бане поќе во нападот помага отколку во одбраната, промаја дуваше на десната страна во одбраната на Челзи.
Средината си е супер Матич деструктивец, тука се Фабрегас,Ширле,Оскар,Азар,Вилијан кој ќе креираат акции, а во нападот е Коста кој одлично игра сега за сега, а и тие шо фрлаат критики на Реми не се во право, чоеко си влезе со Свонси одма гол даде, се труди за разлика од Дрогба кој не може да игра тешки утакмици на 36 години..
Фелипе Луис играч на натпреварот со Шалке според мене, помагаше и во нападот со Азар, а во одбранбен план ни една шанса немаше Шалке од неговата лева страна, се гледа дека сака да се докажи :)
 
Шурле може да игра шпиц. (y)
Т.е Шуки и лев бек да го стаиш ќе искине.

Си го помешал со Ди Марија. :pipi:



Шо кажа и ти сега, поголем експерт си од коментаторов на МТВ.

Овој Баерн плачел за контри, случајно да не направија некоја контра Сити, па и Агуеро да играше. Пеп ќе направи БЕДЕМ годинава у одбраната со Швајни и Алонсо пред Боатенг и Бенатија. Формата на Милер и Лева не е баш како шо треба моментално, а и повредите си го направија своето. И Агуеро и кој сака нека игра Сити се ситен залак.


Не.

Тоа е муабетот. Место да форсира контри, Пелегрини се реши да гради игра, лол. Последната шанса на Агуеро некако го разби бедемот. Затоа мораше да игра Агуеро, со Навас, Насри и Силва да имаат брза транзиција и да го искористат отсуството на класичен средњак у Баерн.

Овој Баерн, со Лам у средина и Рафиња десно, од контри го сркна јако у полуфинале мината сезона. Секако, ако се врати Швајни и Лам не игра таму ќе биде друга песна. Муабетов ми беше за составот вечерва, на утакмицава, против Сити.
 
Овие Сити па кои шупаци се..овој гол може на крај на ги кошта уште една неуспешна сезона во ЛШ.

Темава пак по старо...се тече ништо не се менува...едно коло една екипа се фали друга се хејта, другото коло други екипи во истите позиции, досадно станува веќе.
 
Не знам дали забележавте, али пред 60-та минута, секоја топка која идеше на крило, ја играа пас напред, кон Силва, Џеко кој и да год се уфрлеше напред.

По 60-та минута, Милнер му дава на Сања на крило, овој место да иде на центаршут, иде со пас назад кон Фернандињо, а Фернандињо назад на Компани. Демек да не губат посед :facepalm:

5-6 пати по ред.
 
Идеа на нерешено ваљда, задоволни беа со тоа...
Ама попушинела у 90та.
 
Брахими :cuc:
лани беше многу добар пред се имаше јака контрола ама немаше ваков финишинг или па топката не го сакаше...
знае Мендес што прави не за џаби купи 50% од правата на Брахими и 60-70% од правата на Абубакар.
Лопетеги е добар тренер и овој тим на Порто ќе напредува уште.
 
Важно социјалниот и у новата сезона на Лш,продолжува да дели бодочиња,исто како што ја започна прошлата,прав хуманитарец нема што(y):icon_lol:.
 
Си го помешал со Ди Марија. :pipi:

Тоа е муабетот. Место да форсира контри, Пелегрини се реши да гради игра, лол. Последната шанса на Агуеро некако го разби бедемот. Затоа мораше да игра Агуеро, со Навас, Насри и Силва да имаат брза транзиција и да го искористат отсуството на класичен средњак у Баерн.

Овој Баерн, со Лам у средина и Рафиња десно, од контри го сркна јако у полуфинале мината сезона. Секако, ако се врати Швајни и Лам не игра таму ќе биде друга песна. Муабетов ми беше за составот вечерва, на утакмицава, против Сити.
Остај ти лани. Веројатно и самиот знаеш колку работи се променети оваа сезона у Баерн, не на овој натпревар само, и за идниве месеци зборам. Досадна и веќе презборана тема е тоа што се деси лани, и грешките на Пеп. Нова сезона е оваа, а овој состав денес немаше ништо заедничко со тоа што Пеп го извади на домашен терен против вас лани. Сепак ќе оставам и нема да коментирам порано, без Швајни, Робен и Рибери, не сме баш врвот на фудбалот во европа.

Многу ме интересира дали Алонсо и Швајни можат да функционираат заедно. Мноогу се слични играчи двајцата, Алонсо има малце повеќе осет за офанзивна игра, сепак тој тандем е тоа што Мурињо го сакаше долго време.
 
Важно социјалниот и у новата сезона на Лш,продолжува да дели бодочиња,исто како што ја започна прошлата,прав хуманитарец нема што(y):icon_lol:.
А кажи ми Ван Гал на кого ќе подели бодчиња во ЛШ оваа сезона?
 
Рома им покажува на Ливерпул како се игра во ЛШ после долга пауза. :)
Што ако, кога и двете екипи си лапнаа по три бода?

Факт за добра ноќ: Ливерпул е единствениот Англиски клуб кој забележа победа во најелитното натпреварување ова коло (што значи Ливерпул им покажа на другиве како се игра).

:*
 
Рики, претеруваш и ти малце сега. :)
Брат, не претерувам, реалноста е таква. Ливерпул победи, Рома победи. Челзи не, Сити не, Арсенал не. Не се факти ова?
 
Брат, не претерувам, реалноста е таква. Ливерпул победи, Рома победи. Челзи не, Сити не, Арсенал не. Не се факти ова?
Ливерпул им покажа на другите како се игра? :D Прво Лудогорец е у прашање, второ, иако не ја гледав утакмицата, прочитав дека не сте биле нешто особено добри. А се кладам дека многумина не ја гледаа Челси-Шалке, па коментираат демек Челси изиграле тапа. Имавме игра, ама не се искористија шансите и за тоа бевме казнети (а имаше и убави 3-4 шанси и по голот на Шалке).
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom