4:30am во моментов изгледа како совршено време за мал осврт на факсов, професорите и предметите, за луѓето што у иднина би сакале да се информираат што и како да запишат.
Најбитното што повеќето прашуваат -
Да,
цел ден си на факултет. Особено трети (па и 4от) семестар прости се од социјален живот, освен ако неќеш да скратиш спиење на 4 саата дневно (кхм!) Најлошата работа кај катедрава е што распоредот е катастрофален и наизглед нема абер да се опраи. Предметите;
Вовед во психологија кај Ачковска (задолжителен) - Интересен. Солидна основа за понатамошна работа. Професорката е дефинитивно една од подобрите на катедрата. Активноста ептен може да те извади, а и на колоквиуми/испити е лесно ака може да се препише тук и так.
Психологија на перцепција кај Арнаудова (задолжителен) - Малце (повеќе) тупаџиски, али се проаѓа некако. Многумина имаа проблеми на колоквиуми и тешкотијата на истите, што на крај се испостави точно на некој начин, затоа што испитот беше навистина полесен.
Физиологија кај Ицко (изборен) - Подоцна за предметов, а сега предупредување. Втората опција (наместо физиологија) беше генетика, што слободно можам да кажам да
НЕ се бира во
ниеден случај. Неќеш, не глуми лудило, не презапишувај за џабе. Не дека е кај Ицко полесно, али е. Бтњ, професорот (и декан на ПМФ) го фаќаш у добрите. Ако не е, бек оф.
Филозофија кај Цуцуловски (изборен) - Обавезна 9/10ка, али меракот е во предавањата. Човекот има што да каже. Супер.
Социологија кај ? (изборен) - Професорот има проблем со ставање оцена над 7
И прилично хард кор може да се стави во дискусија, али цени мислење и спротиставување со аргументи. До негде. Комплицирано чоече.
------------------------------------------------------------
Сознајни процеси кај Ачковска (задолжителен) - Потежок од Вовед, али па и прилично подобар. Јул лајк ит.
Емоции и мотивација кај Арнаудова (задолжителен) - Не ми текнува толку на предавањата колку што имаше одлични дискусии на вежбите. Арнаудова знае како да извлече емоција. И колку и да изгледа (професорката наивна) дека можеш да си дозволуваш ствари - немој. Ќе те поебе и око нема да и трепне.
Социјална заштита кај Сунчица (изборен) - Оценката ќе ја имате сите, но битното е што предметов ги имаше најдобрите вежби во цела прва година. Искусување на професијата на лице место односно во пракса, повеќе или помалце ќе ви ја одбележи I-ва како студент на психологија. Барем за мене беше така. Интересно е што предмет од друг институт повеќе ќе има практичен допир со тоа што го студирате отколку од било што друго понудено од тука.
Етика кај ? (изборен) - Нема зборови за да се опише левелот на лабавица што се дешаваше. Колоквиумот се завршува за 5 до 7 минути. Ај шит ју нат.
Ликовна семиотика кај Чаусидис (изборен) - Цутот на прва година!
Иако (бар за мене) предавањата не донесоа ништо што на овој или оној начин не го знаев претходно, дискусиите што се водат, атмосферата и енергијата на предавањата и вечното мењање на перцецпијата за одредени ствари по завршувањето, носат дефинитивна препорака за Никос.
------------------------------------------------------------
Развојна психологија 1 кај Фрицханд (задолжителен) - Жената спаѓа во топ 3 професори на катедрата за психологија. Толку треба да знаете.
Основи на статистика кај Кениг (задолжителен) - Се што ви кажале или ќе слушнете
е точно. Нешто што увек се заборава да се каже се позитивните ствари, а тоа е дека Кениг е фантастична професорка и има принципи од факинг адамантиум. Нејзиниот збор е закон. И за вас
и за неа самата. Едини совет што може да се даде е: Не правете ја грешката да седите у задни редови. Во спротивно.. Ги знаете приказните. А, да.
Задолжително присуство. И секако. Ужасно досадно е.
Личност кај Јанаков (задолжителен) - Ова испадна е*анка голема. Нема конкретен совет за како да се положи, затоа што професорот има теорија дека само 10 души од целата генерација ќе/заслужуваат да бидат прави психолози (што и да значи тоа). Иако ова требаше да биде
д предметот, на крај испадна хаос од секоја гледна точка (предавања и полагања).
Позитивна психологија (изборен) - Не. И не. Тешка е одлуката помеѓу Личност и позитивна за д лоуест поинт.
Социјална патологија кај Татјана (изборен) - Интересен. Се водат жустри и креативни дискусии.
------------------------------------------------------------
Развојна 2 кај Фрицханд (задолжителен) - Читај кај кецот.
Психолошко тестирање кај Кениг (задолжителен) - Нешто што навистина ќе ви послужи во иднина. Предавањата и вежбите дефинитивно се 180 степени од тоа што е статистика. Далеку подинамичен.
Психологија на лица со посебни потреби (задолжителен) - Огнен бара пишување и елаборирање на секое мислење. Нормално ако е спротивно од неговото (плус точно), никад нема да го одобри или признае, али шта је ту је.
Интелигенција кај Ачковска (изборен) -
Дис ис д шит. Вреди за сите пари.
Образовен менаџмент кај Трајан Гоцевски (изборен) - Нај"мех" предмет до сега. Се поминува. Професорот бара креативно субјективно "справување" со дадените прашања (дали на предавање или колоквиум). Купете ја книгата за бонус 10 поени.
Тоа е тоа. На крајот на мај повеќе.