Студирам психологија

  • Креатор на темата Креатор на темата Magde.
  • Време на започнување Време на започнување
Може некој да ми каже како е филозофија кај Бранислав Саркањац?
 
Луѓе, има некој што имат завршено психологија на воспитание да го прашам нешто?
 
Друштво прво да ве прашам освен во Скопје и на приватниот во Свети Николе на друго место во МК има ли каде да се студира Психологија ?

А друго што ме интересира дали е тешко да се влезе на уким ? поконкретно прашувам за случај со дете што има одличен успех ама завршен испит место државна матура ?
 
Друштво прво да ве прашам освен во Скопје и на приватниот во Свети Николе на друго место во МК има ли каде да се студира Психологија ?

А друго што ме интересира дали е тешко да се влезе на уким ? поконкретно прашувам за случај со дете што има одличен успех ама завршен испит место државна матура ?

Mислам дека и на МИТ има психологија.

Инаку за влегување на УКИМ има многу јака конкуренција, и секоја година се запишуваат се повеќе. Затоа малце потешко би било да влезе со завршен испит, ама у секој случај нека се праша на студентски како оди вреднувањето на завршниот испит :)
 
Mислам дека и на МИТ има психологија.

Инаку за влегување на УКИМ има многу јака конкуренција, и секоја година се запишуваат се повеќе. Затоа малце потешко би било да влезе со завршен испит, ама у секој случај нека се праша на студентски како оди вреднувањето на завршниот испит :)
Коралин колку кошта година на МИТ ? На Славјанскиот во Св. Николе било 900 или 1000 евра :)[DOUBLEPOST=1495573476][/DOUBLEPOST]
nekoj se zapisa na psihologija na MSU??
:):)
Кој факултет е МСУ ?
 
Коралин колку кошта година на МИТ ? На Славјанскиот во Св. Николе било 900 или 1000 евра :)
Не би знаела точно да ти кажам пошто јас сум на УКИМ, ама мислам дека е поскап од Славјанскиот. Инаку бидејќи се имам распрашувано за приватниве кој е најквалитетен, Славјанскиов е, така да ако се оди на приватен препорачувам ова :)
 
Не би знаела точно да ти кажам пошто јас сум на УКИМ, ама мислам дека е поскап од Славјанскиот. Инаку бидејќи се имам распрашувано за приватниве кој е најквалитетен, Славјанскиов е, така да ако се оди на приватен препорачувам ова :)
Ти благодарам многу.
 
можам да влезам државна квота со 89.812 поени и покрај тоа што годинава примаат 60 а не 20? ^^
 
Ја би сакал да разбијам неколку митови на темава кои сметам дека ќе им бидат од корист на идните генерации студенти.

1. Психологија е психотерапија/клиничка психологија.
Психотерапија и клиничка психологија се едни од дисциплините кои спаѓаат во психологијата, но не се единствени. Психологија е чадорче под кое стојат огромен број дисциплини, некои теориски, некои апликативни. Ако некој сака да биде терапевт, па и не знам колку факултетот ќе му го овозможи тоа имајќи го предвид фактот дека академијата не практицира психотерапија, а на факултетот има само еден предмет кој може да се нарече психотераписки. Да, дефинитивно ќе ти помогне со понатамошната неколкугодишна обука за терапевт која дебело ќе ја платиш (неколку илјади евра), но факултетот по дифолт не ти го нуди тоа.
2. Со психологија не се наоѓа работа.
Овој мислам дека е најраширениот мит за веќе погоре спомнатото чадорче, а не монолитна дисциплина.
Не се наоѓа работа со која психолошка дисциплина? Со клиничка тешко се наоѓа. Или како терапевт. Од неколку причини. На држава како Македонија не и се потребни повеќе од 2-300 клиничари, грото студенти се запишуваат со желба да бидат клинички психолози, па од тука, само 2-3 генерации студенти ја пополнуваат таа квота.
Дали се наоѓа работа како истражувачки методолог, социјален психолог во адвертајзинг, индустриски психолог во некоја поголема компанија, психометричар? О, да, само што повеќето студенти не обраќаат внимание на таквите предмети пошто они ја „разбираат“ човечката „психа“ и се родени да бидат терапевти.
3. Мене не ми треба статистика на психологија.
Психологија е квантитативна дисциплина, му се допаѓало некому тоа или не. Дали ќе работиш како истражувач или ќе бидеш практичар, потребно е да знаеш да читаш основни статистички постапки, бидејќи твоето изучување на психологијата трае цел живот, а не само во тие 4-5 години додека си на факултетот. Па и сите ние не стануваме писатели, а сепак добро е да знаеш да читаш и пишуваш, така?

Во последните 150 години, колку што постои психологијата како дисциплина која избегала од оковите на филозофијата, има доста бурна историја. Од психофизиката на Вунт, преку анализата на Фројд, до денешните неврокогнитивни правци. Влезете на факултетот со празен ум од предрасуди кои ви ги кажува околината, посветете му се максимално и евентуално закачете се за една дисциплина во која ќе специјализирате. Па ако бидете најдобри, дури и да биде крајно непрофитабилна, како на пример личносна или клиничка психологија, ќе можете да носите леб на маса.

Постот ќе го завршам со цитат од Абрахам Маслов, кој гласи вака:

'If you plan on being anything less than you are capable of being, you will probably be unhappy all the days of your life'.
 
Здраво.
Ми фалат машки испитници/студенти на УКИМ, ако имате 10 минути слободно време би ве замолил да ги потполните прашалниците, за дипломска работа се.
Фала многу.

https://goo.gl/forms/my03zLj4hJMKDjZP2
 
Ќе се запишува ли некој на психологија?? мислење и искуства ако има некој ќе ми значат.
 
Некој кој има завршено или знај ако можи да ми одговори: за извршување на стаж за лиценца треба да имам дипломирано само или да имам земено диплома церемонијално?

Оти надежно ќе дипломирам до Јануари, а дипломска церемонија е Мај/ Јуни. Од сега до Јуни е огромен период па ако ми треба диплома церемонијално земено да знам да си испланирам времето измеѓу продуктивно.
 
Здраво.
Ве молам доколку сте во можност да ги пополнете следниве податоци, вашиот идентитет е потполно анонимен, а податоците и резултатите ќе се користат за истражување од областа на психологијата. Пополнувањето на прашалниците трае максимум 10 минути.
Истражувањето е за партнерски односи.
Фала многу.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom