Студирам психологија

Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.218
Поени од реакции
1.265
Сакав да те прашам, за ова што го рече, по цел ден сме на факултет. Ме интересира колку многу е тоа (просек часови по ден, макс број на часови во еден ден) по секој предмет ли има вежби и предавања?
 
Последно уредено:
Член од
14 јануари 2013
Мислења
81
Поени од реакции
16
4:30am во моментов изгледа како совршено време за мал осврт на факсов, професорите и предметите, за луѓето што у иднина би сакале да се информираат што и како да запишат.

Најбитното што повеќето прашуваат - Да, цел ден си на факултет. Особено трети (па и 4от) семестар прости се од социјален живот, освен ако неќеш да скратиш спиење на 4 саата дневно (кхм!) Најлошата работа кај катедрава е што распоредот е катастрофален и наизглед нема абер да се опраи. Предметите;

Вовед во психологија кај Ачковска (задолжителен) - Интересен. Солидна основа за понатамошна работа. Професорката е дефинитивно една од подобрите на катедрата. Активноста ептен може да те извади, а и на колоквиуми/испити е лесно ака може да се препише тук и так.

Психологија на перцепција кај Арнаудова (задолжителен) - Малце (повеќе) тупаџиски, али се проаѓа некако. Многумина имаа проблеми на колоквиуми и тешкотијата на истите, што на крај се испостави точно на некој начин, затоа што испитот беше навистина полесен.

Физиологија кај Ицко (изборен) - Подоцна за предметов, а сега предупредување. Втората опција (наместо физиологија) беше генетика, што слободно можам да кажам да НЕ се бира во ниеден случај. Неќеш, не глуми лудило, не презапишувај за џабе. Не дека е кај Ицко полесно, али е. Бтњ, професорот (и декан на ПМФ) го фаќаш у добрите. Ако не е, бек оф.

Филозофија кај Цуцуловски (изборен) - Обавезна 9/10ка, али меракот е во предавањата. Човекот има што да каже. Супер.

Социологија кај ? (изборен) - Професорот има проблем со ставање оцена над 7:) И прилично хард кор може да се стави во дискусија, али цени мислење и спротиставување со аргументи. До негде. Комплицирано чоече.
------------------------------------------------------------

Сознајни процеси кај Ачковска (задолжителен) - Потежок од Вовед, али па и прилично подобар. Јул лајк ит.

Емоции и мотивација кај Арнаудова (задолжителен) - Не ми текнува толку на предавањата колку што имаше одлични дискусии на вежбите. Арнаудова знае како да извлече емоција. И колку и да изгледа (професорката наивна) дека можеш да си дозволуваш ствари - немој. Ќе те поебе и око нема да и трепне.

Социјална заштита кај Сунчица (изборен) - Оценката ќе ја имате сите, но битното е што предметов ги имаше најдобрите вежби во цела прва година. Искусување на професијата на лице место односно во пракса, повеќе или помалце ќе ви ја одбележи I-ва како студент на психологија. Барем за мене беше така. Интересно е што предмет од друг институт повеќе ќе има практичен допир со тоа што го студирате отколку од било што друго понудено од тука.

Етика кај ? (изборен) - Нема зборови за да се опише левелот на лабавица што се дешаваше. Колоквиумот се завршува за 5 до 7 минути. Ај шит ју нат.

Ликовна семиотика кај Чаусидис (изборен) - Цутот на прва година!:icon_mrgr: Иако (бар за мене) предавањата не донесоа ништо што на овој или оној начин не го знаев претходно, дискусиите што се водат, атмосферата и енергијата на предавањата и вечното мењање на перцецпијата за одредени ствари по завршувањето, носат дефинитивна препорака за Никос.
------------------------------------------------------------

Развојна психологија 1 кај Фрицханд (задолжителен) - Жената спаѓа во топ 3 професори на катедрата за психологија. Толку треба да знаете.

Основи на статистика кај Кениг (задолжителен) - Се што ви кажале или ќе слушнете е точно. Нешто што увек се заборава да се каже се позитивните ствари, а тоа е дека Кениг е фантастична професорка и има принципи од факинг адамантиум. Нејзиниот збор е закон. И за вас и за неа самата. Едини совет што може да се даде е: Не правете ја грешката да седите у задни редови. Во спротивно.. Ги знаете приказните. А, да. Задолжително присуство. И секако. Ужасно досадно е.:D

Личност кај Јанаков (задолжителен) - Ова испадна е*анка голема. Нема конкретен совет за како да се положи, затоа што професорот има теорија дека само 10 души од целата генерација ќе/заслужуваат да бидат прави психолози (што и да значи тоа). Иако ова требаше да биде д предметот, на крај испадна хаос од секоја гледна точка (предавања и полагања).

Позитивна психологија (изборен) - Не. И не. Тешка е одлуката помеѓу Личност и позитивна за д лоуест поинт.

Социјална патологија кај Татјана (изборен) - Интересен. Се водат жустри и креативни дискусии.
------------------------------------------------------------

Развојна 2 кај Фрицханд (задолжителен) - Читај кај кецот.

Психолошко тестирање кај Кениг (задолжителен) - Нешто што навистина ќе ви послужи во иднина. Предавањата и вежбите дефинитивно се 180 степени од тоа што е статистика. Далеку подинамичен.

Психологија на лица со посебни потреби (задолжителен) - Огнен бара пишување и елаборирање на секое мислење. Нормално ако е спротивно од неговото (плус точно), никад нема да го одобри или признае, али шта је ту је.

Интелигенција кај Ачковска (изборен) - Дис ис д шит. Вреди за сите пари.

Образовен менаџмент кај Трајан Гоцевски (изборен) - Нај"мех" предмет до сега. Се поминува. Професорот бара креативно субјективно "справување" со дадените прашања (дали на предавање или колоквиум). Купете ја книгата за бонус 10 поени.

Тоа е тоа. На крајот на мај повеќе.;)
a kade e beshka? metodologija :D spored mene taa ne e covek !!! :F[DOUBLEPOST=1398122992][/DOUBLEPOST]
Сакав да те прашам, за ова што го рече, по цел ден сме на факултет. Ме интересира колку многу е тоа (просек часови по ден, макс број на часови во еден ден) по секој предмет ли има вежби и предавања?
cel den ocabajle ako imas fiziologija okolku 08:30 primer pa se do 18:00 so pauzi od po 2-3 saata od koi dzabe ti e da se vrakas doma samo ke se maltretiras po avtobusi , prvite 2 godini ima psihicki da se izmaltretiras treta godina e nesto poopusteno, a veke pak cetvrta e odlicno vo cetvrta biraj ja orhidea i gajle nemas :)
 

Maryah.C

Be a bee
Член од
9 јуни 2006
Мислења
4.001
Поени од реакции
710
Основи на статистика кај Кениг (задолжителен) - Се што ви кажале или ќе слушнете е точно. Нешто што увек се заборава да се каже се позитивните ствари, а тоа е дека Кениг е фантастична професорка и има принципи од факинг адамантиум. Нејзиниот збор е закон. И за вас и за неа самата. Едини совет што може да се даде е: Не правете ја грешката да седите у задни редови. Во спротивно.. Ги знаете приказните. А, да. Задолжително присуство. И секако. Ужасно досадно е.:D

;)
Алал да ти е за напишаново. Многу се радувам кога сретнам луѓе што Кениг ја гледаат малце подлабоко а не само надворешно као што се претставува самата, престрога. Не знам која година си ама би ти препорачала да ги избереш изборните кај Кениг, особено Квалитативни методи на истражување.Преинтересен предмет е и многу се интересни предавањата и вежбите. Кениг на изборните претмети е скроз друга жена. Опуштена е, се смее, се заебава мада нормално, и онаа другата нејзина страна е присутна. :)

Инаку горе за статистика имаш напишано дека е ужасно досадно. Јас па баш не го доживеав како таков иако пред да се запишам на психологија имав фобија од бројки ( да не кажам математика) и кревав баук за целиот предмет. Ама добро, за кого како. :)
 
Член од
2 мај 2014
Мислења
1
Поени од реакции
0
Доцна се вклучувам во Форумот затоа што моите вештини да користам комјутер не се големи; јас сум новајлија. Сакам да кажам нешто во врска со прашањата што ги покрена goranzoran (246). Како Софија Арнаудова стана асистент? Тоа е право чудо. Нејзините реални знаење се движеа околу 6-7. Се сеќавам добро: на статистика имаше шест. Тоа го знам затоа што на списокот беше веднаш по мене, а списокот беше објавен на 29.VI.2002 година. Професорот по статистика беше еден од ретките кој што даваше оцена според заслугата, беше строг ама праведен за сите. Како Софија помина кај другите професори не знам зошто јас изгубив година, но додека бевме генерација знам дека таа беше професионален дискутант. Таа мораше да го каже своето мислење за секое прашање и на секој час. На кратко: се лигавеше. Колегите со кои таа беше генерација ми зборуваа дека и во другите години беше иста. А како да не биде асистент? Кај мајка-продекан полагаше 4 испита, кај мајка продекан бранеше дипломска, кај мајка продекан бранеше магистратура, кај мајка продекан бранеше докторат, кај мајка продекан стана асистент. Зошто не појде во Белград да магистрира или докторира, како што направи Бешка ( таа дипломира во Скопје, кај мајка, но отиде во Белград да докторира, зошто има страм и перде, што и недостасува на Арнаудови)? Инаку, на катедрата навистина имаше брилијантни студенти, кои што не можеа да се вработат на Факултет заради оние што беа штитени од мајки. Некои од нив, иако брилијантни и денес не се запослени.Народот вели: „ако имаш кум владика, ти веднаш ќе станеш поп“.
 
Член од
7 мај 2014
Мислења
3
Поени од реакции
0
Да прашам дали некој можи да ми објасни за медицински факултет,насока медицинска сестра или некоја од останатите дали е тешко колку општата или???????
 
Член од
6 април 2014
Мислења
57
Поени од реакции
44
За запишување на овој факултет, ги гледаат оцените од сите 4 години или само од матура со колку бода сме положиле?
За матура планирам да полагам Англиски,
Македонски, Историја и Економија или Бизнис. Психологија учиме само во 3та година така да мислам дека не можиме да полагаме психе матура..
 
Член од
7 мај 2014
Мислења
3
Поени од реакции
0
А нешто за логопеди дали имате информации
 
Член од
30 јануари 2012
Мислења
22
Поени од реакции
18
Дали има шанси од завршен Педагошки да запишам психологија постдипломски. Има многу предмети што се учат и на психологија- развојна психологија, педагошка психгологија, социјологија, социјална психологија, поситивна психологија, филозофија итн
 
Член од
3 јули 2014
Мислења
1
Поени од реакции
0
Прашање: Според вас/вашето искуство, дали доколку не одите на предавања психологија може да ги положите испитите со А оцена? Знам дека не е дозволено вонредно на овој смер, и ме интересира дали постои некој начин за постигнување компромис со професорите во оваа насока.
Размислувам да се запишам, а сум вработена и ми е втор факултет и не знам колку ми е паметно воопшто да се нафатам да го запишувам ако не постои опција за договор со професорите некако поинаку да го надоместам отсуството на часовите/вежбите, за да можам да ги освојам потребните кредити за висок просек.
Фала
 
Член од
12 јануари 2013
Мислења
99
Поени од реакции
198
Се мислам дали да одберам изборен предмет педагогија?Некој постар да сподели искуство?:)
 
Член од
31 мај 2012
Мислења
228
Поени од реакции
145
Се мислам дали да одберам изборен предмет педагогија?Некој постар да сподели искуство?:)
Сега веќе сигурно си го направила изборот. Ама и да си го одбрала не си згрешила. Ќе сфатиш зошто и сама.
 
Член од
3 јуни 2014
Мислења
79
Поени од реакции
49
Дали е точно дека за 2015 нема да има уписи на смерот психологија?
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.795
Поени од реакции
8.818
Здраво :)

Да не ја има некој скенирано Психологија на зрелост и старост од Шкариќ или евентуално цела Развојна (старата книга)?
Јас ја имам дадено некому, не можам да се сетам, ама ми треба вториот дел, па да не одам пак до УКИМ да ја купувам...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom