Да се пласираме за ЛШ наредна сезона таман е
Токму на полноќ, ТВ Кватро, која ги има најгледаните спортски вести и спортска емисја „Натпревар по натпревар“ со отворена емисија и форум за случувањата денес на Сантјаго Бернабеу.
Публиката за првпат го исвиркуваше Икер Касиљас кој го сметаат за директен виновник за првиот гол (поради неговот често „немрдање“ од гол линијата посебно при прекините). За првпат целиот Бернабеу „слушна“ и скандирање со кое се бараше оставка на Флорентино Перез ("Florentino, dimision!"), наспроти него на пример, Карло Анчелоти не доживеа никакви свирежи.
По натпреварот беше направена анкета меќу навивачите и меѓу нив имаше и такви кои сметаат дека покрај Флорентино, исто така голем виновник е и Анчелоти. Фернандо Мориентес кој е еден од гостите во студиото е единствениот кој засатна на страната на Икер и потенцираше дека „само тој што не играл фудбал, може да го обвини Икер. Тој е маркиран и најчесто тешко може да реагира во вакви ситуации...проблемот е на друго место, но не само во Икер“. (Слично, Анчелоти тоа го кажа и на ПРЕС конференцијата дека на прва статива кога имате удар, последен виновник е голманот“)
Со Хамес, Чичарито, Навас (на клупа) и плус дополнително Кристијано, Бејл, Бензема, Модриќ најсилниот индивидуалнио и финансиски најскапиот клуб губи веќе „два натпревари минус“ зад конкуренцијата примарно ФК Барселона која и по третото коло нема сеуште примено гол, а е со максимален учиног од 9 бодови. Исто така „најскапите“ се и зад шампионот Атлетико Мадрид кој има само стартен кикс со нерешениот резултат против Ваљадолид и директен судир со три освоени бода на Сантјаго Бернабеу.
Вината скоро сите ја бараат пред се` во Флорентино. За грев му го сметаат отпуштањето на Чаби Алонсо и Ди Марија, двете битни, ако не и најбитни, алки во поминатите патеки од минатата сезона.
Отворената емисија со оваа тема ќе трае во следните часа, бидејќи ова е всушност и најголемото и најнеочекуваното изненадување во Ла Лига оваа сезона.