Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
Попичкарско нешто од заминувањето на Алонсо нема да има со години. Во најлошиот можен момент си ја кидна да игра за Гвардиола, копиле неблагодарно.

Ди Марија донесуваше креација во противничкиот шеснаесетник, со неговите пробиви и нафрлувања Роналдо чекаше да даде гол. Моментално го имаме Роналдо да креира за Бензема, од коњ на магаре. Ете тоа го даваше Ди Марија за Реал, настрана дефанзивната работа.

Од играчите како Бејл, Хамес и другите самопрогласени ѕвезди после еден турнир ми се плаче. Реално сите овие главучи гледаат да шутнат после размислуваат дали има играч во подобра ситуација од нив. Бејл горе доле лани испадна ок трансфер дека не беше толку себичен колку што очекував, ама моментално го прави тоа од што не го сакав во Реал лани, себичи, солира покрај аут линијата без врска и губи топки. Е сега незнам што очекуваат со Хамес, ама играч од типот што главен атрибут му е шут попрво отколку креација е невидена глупост. Логично е да замениш играч што креира со друг играч што креира, не шутер.

И сега Реал дојде во ситуација Роналдо да креира за другите дебили кои кога ќе дојдат до топката незнаат што да прават со неа па најлогично им изгледа да ја подадат на противничкиот голман или да шутнат во трибини. Балансот во екипата е изгубен. Незнам што е потребно да се среди истово, ама најлогично е да ја средат одбраната па после да гледаат на нападот. Овака all in и примаме по 4 гола од Сосиедат.

Одбивам да прифатам дека тренер од калибарот на Карло седнал летово и одлучил Хамес да му биде замена за Ди Марија а Крос за Алонсо. Одбивам да прифатам дека некој би сменил победнички тим за 1 season wonder играчи. Ова е можеби најлошото унакажување на една екипа во историјата на фудбалот, секоја чест за Перез.

Од друга страна пак го имаш Карло кој е тврдоглав кога станува збор за неговиот избор. Ги споредува Крос и Модриќ со Пирло и Сидорф, додека не му текна дека играч наречен Гатузо, кој му беше можеби главна алка после Пирло, ја правеше таа функционалност во средината. За да сега кога и да не напаѓа противничката екипа играме со 4 парализирани гледачи како задна линија, поради тие квалитетни фудбалери во средината кои незнаат да играат позициона одбрана. Се е ок кога противникот се брани, ама недај боже да почне да напаѓа.
 
10649593_807204302657641_3761214485411445362_n.jpg


...
 
Колку сакаш брани го, знајме дека е легенда и се, ама ова веќе е претеризам.

Една статистика само шо ќе ти долови можеби нешто: Последните 30 удари кои оделе во рамки на голот, Касиљас примил 22 гола, 2 пати била погодена стативата и 6 пати успеал да одбрани.

Знајме дека не е за сите крив ама ...
Брат, пак не ме разбираш што ми е поентата на целиов муабет.
Кажав дека нема ништо лошо у тоа Икер да седне на клупа. Ете, нека проба со Кејлор. Само немој да мислиш дека со менување на Касиљас ќе дојдат и резултатите. Мене ме нервира тоа што му се истураат на Икер моментално, ко да е он крив за овие резултати. Кажи ми кој гол е по грешка на Касиљас у оваа сезона (може да има еден или два, не памтим искрено)?
Друго, глупо ми е да се збори за некакви притисоци што ги правел Икер, демек или ќе браним или ќе си заминем. Не веруем у такви трач муабети. Најлогично ми е дека Перез на своја одговорност се реши за Икер, за да има “мир у куќа“ и да се избегнат побуни од навивачите како у случајот со Раул.
Ама тоа што вчера го видовме на Бернабе е у најмала рака срамно. Не им е прв пат, ама ете и тоа дочекавме, легенда како Икер да биде исвиркуван на Бернабе.
Нека погледнат малку што напрае Перез од тимов, па после нека се истураат над било кој играч. Освен Бензема, на никој не му замерам за вакви партии. Едноставно со ваква формација и со “вакви“ играчи (нормално, вакви под наводници, зошто имаме одлични играчи со недифинирани позиции и улоги во тимот, каде што не може да им се извади максимумот), они не се ни малку виновни. Од една машина која требаше само да се подмачка, Перез донесе делови кои само ќе ја успорат таа машина, а со тек на време и ќе ја расипат.

Искрено, жал ми е за Карло, зошто он прв ќе го јаде ако продолжат со вакви резултати. Ја сум 100% сигурен дека да е до него, Иљараменди ќе биде замена за Чаби и ќе игра секоја утакмица. Ама бејбиситерот Џејмс е донесен за огромни пари и мора да игра.
Реков, жал ми е за Карло, иначе ќе сакав да изгубиме уште 10 утакмици по ред.
 
^
Грешка си за Иљараменди, Карло никогаш не би го играл него. Ете лани повреден Кедира играше задњи везни во финалето, а сезонава Иљара одигра само 4 минути.
На последната утакмица го Варан му беше последна замена, да не зборам за таа со Сосиедат, кога мораше да влезе во игра. Ова е 100% вина на Карло и никој друг.
 
^
Грешка си за Иљараменди, Карло никогаш не би го играл него. Ете лани повреден Кедира играше задњи везни во финалето, а сезонава Иљара одигра само 4 минути.
На последната утакмица го Варан му беше последна замена, да не зборам за таа со Сосиедат, кога мораше да влезе во игра. Ова е 100% вина на Карло и никој друг.
Па не го игра, пошто ако го стае Иљара ќе треба еден од Крос или Модриќ да излезе. Играчиштето Џејмс мора да игра.
И Кедира не ми е тип на играч ко Чаби и Иљара. Знае да изигра дефанзивно, ама не ми е оној класичен задњи везни кој игра пред штоперите. Единствено Иљара или Пепе можат моментално да играат на таа позиција, ама џабе дробиме ние кога се знае кој ќе биде тимот за сезонава.
 
Па не го игра, пошто ако го стае Иљара ќе треба еден од Крос или Модриќ да излезе. Играчиштето Џејмс мора да игра.
И Кедира не ми е тип на играч ко Чаби и Иљара. Знае да изигра дефанзивно, ама не ми е оној класичен задњи везни кој игра пред штоперите. Единствено Иљара или Пепе можат моментално да играат на таа позиција, ама џабе дробиме ние кога се знае кој ќе биде тимот за сезонава.
Не е проблем Хамес да стартува ама во тој случај еден од Крос и Модрич треба да седи на клупата. Тука е таа тврдоглавост на Карло и пробува нешто што не му успева. Иљара е мртов за Карло поради незнам која причина. Тоа што Хамес мора да стартува секогаш не е доволна причина за Иљара да изигра само 4 минути сезонава, нешто има ама незнам што е.
Кедира треба да го добива овој третман не Иљара, впрочем тој сака да си замине од Реал и веќе бара друг клуб.
 
Не е проблем Хамес да стартува ама во тој случај еден од Крос и Модрич треба да седи на клупата. Тука е таа тврдоглавост на Карло и пробува нешто што не му успева. Иљара е мртов за Карло поради незнам која причина. Тоа што Хамес мора да стартува секогаш не е доволна причина за Иљара да изигра само 4 минути сезонава, нешто има ама незнам што е.
Кедира треба да го добива овој третман не Иљара, впрочем тој сака да си замине од Реал и веќе бара друг клуб.
That's the point.
Затоа и нема ни да заигра Иљара сезонава. Да го немаше Џејмс, сигурен сум дека во ваква ситуација средината ќе беше Модриќ-Иљара-Крос.
 
Бејл пизди со монотониот потег. Тотално е бескорисен на десната страна, цело време иде со истиот потег, да го фати противникот на брзина и цело време не успева. Подобро нека го проба у средина, Џамес нека иде десно, али па за таму ја нема техниката од Ди Марија. Најкорисен моментално е лево, како класично крило каде што би просперирале од неговиот одличен центаршут.

Смешно е кога пишувате дека Чаби недосигал, а не Ди Марија или обратно. Факт е дека летово заминаа двајца уникатни играчи со карактеристики кои ги нема ваљда никој друг освен нив. Океј, Иљара изгледа како клон на Алонсо, ама за да го постигне неговото ниво на игра треба да биде 50 пати подобар од тоа лани и пред се да го тргне притисокот од себе.

Викате да игра он. Океј, да игра. Може да му се даде потполно истата задача која ја имаше Алонсо, пошто нели двојник. Исто како и на Чаби и нему партнер нека му биде Модриќ. Ама пак нема да се реши ништо со тоа затоа што го нема третиот дел од парчето - Ангеле.

Е сеа, под претпоставка да бараме замена за Ангеле. Логично тоа би бло Џамес. Значи би било океј да се проба со Иљара - Модриќ - Џамес каде првиов и третиов би пробале да го играат тоа што Алонсо и Ди Марија го играле лани, и така би останале со истиот систем, само со нови замени на истите позиции.

Но тука вишок е Крос. Кој според игрите не заслужи да седи на клупа, барем не пред Џамес. Ама ако сакаме да го задржиме тој лански систем, ќе мора да ротира со Лукица. Ако сакаме да играат Модриќ и Крос заедно, а притоа останеме дефанзивно покриени со Иљара, мора еден од нив да „пенетрира“ кон шеснаесетникот и да разбива, т.е. она што го правеше Ангеле. Таков Крос не е дефинитивно, барем никад не сум го видел у таква улога. Пишав еднаш, со Лука може да се проба. Има одличен дриблинг, одличен прв потег, за пас да не трошиме зборови. Ја нема брзината и експлозивноста на Ди Марија (впрочем никој го нема тоа) али може да се проба.

Сумирано, за да играме со деструктивец, треба еден од Џамес, Крос или Модриќ да се жртвува. Ако изгубиме уште еден меч у лигава, а Барса не престане да гази, може да си дадат фора да си ја користат лигава за „тренинг“ па да се пробаат и сите три варијанти.

Но за жал сите знаеме дека големи се шансите ништо од тоа да не биде пробано и да игра истиот тим од минативе бледи изданија.
 
Перез ни ја еба, не Џејмс. Детето не е ништо криво, и мене да ми понудат толку пари и ја ќе идем да играм.
 
That's the point.
Затоа и нема ни да заигра Иљара сезонава. Да го немаше Џејмс, сигурен сум дека во ваква ситуација средината ќе беше Модриќ-Иљара-Крос.
Во ситуација каде Бејл е во срање форма и повреден Роналдо, каде Хамес може комотно да настапи таму, се очекуваат минути и за Иљара. На утакмицата со Сосиедат прва постава му беше Иско. Тука комотно можеше да го стави Иљара прва постава. После 4 примени голови Иљара не беше ни замена. Вчера откако влезе Арда и се виде дека ја губиме средината, Иско влезе, Варан влезе. Не ти е логично дека Иљара ќе завршеше подобра работа во дефанзивата отколку првите двајца?

Ова е на Карло. Не го сака Иљара во прва постава, не сака ни да игра воопшто поради незнам која причина. Очигледно е, а сумњам дека Перез наредил Иљара никако да не игра.

@ElNinho
Крос играше сосема солиден АМФ во времето на Хејнкес, имаше и пробивност, се сеќавам на дуелите со нас кога изгубивме на пенали. Лани Гвардиола го врати поназад и го направи ЦМ. Верувам дека доколку игра понапред во 4-3-3 формација може да си ја врати пробивноста, само треба време.
 
Да му даде Перез на Анчелоти простор како што имаше у Милан вчера на атлетико гз мајчин ќе им отворевте.Ама јебига бизнис клуб сте и ќе си патите за поише ќеш.Бидете среќни и 10ката што ја земавте со ваков дебил на чело.
 
1. Зимата мора да се донесе ДМ (Погба, Верати, Стротман)

2. Ди Мариа не може да биде заменет од никој.

3. Да се види дали Реал може да искористи нешто од Хамес во однос на играчки потенцијал т.е дали промената на формацијата има бар Р од реформа или Хамес ќе биде само уште еден играч кој немал среќа да успее во Реал. Прерано е да се суди, плус ако се додаде на тоа дека вакви играчи буквално се фрлени во оган на овие дерби мечеви кога целиот притисок околу резултатот и победникот е огромен.

4. Понекогаш најдобро е да се помириш со картите кои ги имаш. Глупаво е да се оптеретуваш и да си поставуваш високи цели, особено во недостаток на лидер-тренер кој знае да ти покаже шорткат/да те измотивира, нешто налик на Симеоне. Нека играат со срце и со желба и нека прават акции и контри налик на прво полувреме кога Атлетико беше набутан у своја половина, па макар нека ги изгубат и сите утакмици до крај. Јас тврдам дека 50 % од неуспехот на Реал се должи на големиот притисок и очекувањата кои произлегуваат од дресот кој го носат. Успех на сила не се постигнува, па макар и трансфери по 500 милиони да прават, кога фудбалот ќе стане забава и ќе почне да функционира и надвор од теренот Реал ќе почне да победува. Тоа е тимскиот дух кој можеби е и најбитен за да стварите се одвиваат ко што треба.

5. Ја ќе бидам поблаг кон Бензема. Имаше еден кикс вчера по асистенцијата на Роналдо али тоа е тоа. За стандарди на Бензема тоа е одлично. Човеков имаше неколку страшни дриблинзи што е нетипично за него, имаше удари со глава од кои извади максимум. Голманот на Атлетико, Moja, имаше буквално магија направено на голот. На секоја стопостотна шанса одлично беше позициониран, одлични рефлекси. Дури и мислам дека Реал беше поопасен се до влагањето на Чичарито, човеков не го забележав буквално.

6. За првиот гол на Касиљас сум пола пола. Точно е дека беше маркиран, а исто така точно е дека кога се изведуваат корнери осеќам дека голот на Реал виси во воздух. Како и да е ако вина се бара во Касиљас, треба да се бара и во одбраната. Кога им се случило на Атлетико да дозволат таков шут со глава на прва статива?

7. Мора да се најде начин да се среди хаосот и паниката на одбраната кога противникот напаѓа од контри. Ако Реал не ја пресече топката на средина тогаш шансите да прими гол од контра се над 50%.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom