Светско првенство - Шпанија 2014

  • Креатор на темата Креатор на темата Види Фотос
  • Време на започнување Време на започнување

Старо/нов Светски владетел?

  • САД без дрим тимот

    Гласови: 37 62,7%
  • Шпанија

    Гласови: 12 20,3%
  • Франција

    Гласови: 3 5,1%
  • Аргентина

    Гласови: 1 1,7%
  • Литванија

    Гласови: 2 3,4%
  • Бразил

    Гласови: 0 0,0%
  • Словенија

    Гласови: 4 6,8%

  • Вкупно гласачи
    59
  • Гласањето е завршено на .
Mммм мх мх мх на здравје Франција и со здравје Шпанија , срцево бавча, убајни:love:
 
За малце ќе пишав - ВИ КАЖАВ, ама ми текна дека им кажав вчера на другари кои беа пијани и сеа ни тие не се сведоци...
 
Го испушија Шпанците, генг-бенг од Диао и компанија! Ептен ми е мило. Се надевам само на фер полуфинале Србија-Франција, нормално за Србија ќе навивам, но нека подобри подобриот.
 
Го испушија Шпанците, генг-бенг од Диао и компанија! Ептен ми е мило. Се надевам само на фер полуфинале Србија-Франција, нормално за Србија ќе навивам, но нека подобри подобриот.
Нека шо?
 
Браво, браво, знаев дека ќе ги добијат, цел ден им трубев на другарите дека вечерва ќе има изненадување :icon_mrgr:
Мечот го добија пред се со играта во одбрана која им беше феноменална, во напад не беа којзнае колку добри, но доволно добри за да победат. Волку лоши партии во еден меч да имаат и Рубио и Марк Гасол, па и Наваро не знам дали некогаш се случило. Шутот за три им беше посебна приказна...
 
Не те сфаќам. Тој што ќе прикаже подобра партија во петок вечер (мислам тогаш играат) ќе победи.
Сметам дека шансите се негде 50-50, тесно беше доста и во мечот од групната фаза, Србите се ептен мотивирани после двете високи победи, но од друга страна и Французите се доста мотивирани после победата врз домаќинот. Ќе кажам уште еднаш, само да нема судиски грешки кои ќе влијаат директно врз резултатот (или да ги има, да ги има изедначено).

Шпанија вечерва шутираше за тројки ко Македонија во некои утакмици. :D Иако не иде, продолжи да шутираш. :D
 
Да беа бар половина од тоа што беше По Гасол на мечов Шпанија можеби и ќе победеше. Помизерна, очајна игра на Шпанија немам видено, демотивирани сите, се преценија изгледа. Жал ми е за По, се гледаше колку се трудеше и викаше по другите, ама тоа е.
Франција.:cuc:
Каква одбрана, генијална, докторски прецизна. Точно знаеа што сакаа и како сакаа, ги спречија Шпанците при секој влез или шут, не им оставија простор да дишат. Тука беше одличниот Гомер кој ме многу изненади и Ловерњ, само они двајца имаа 20+ скока. Плус одличниот Диао и младиот Ертел кој ги вакницира на крајот. Малиот ме изненади, додуша прво ме накурчи кога при изгубена топка на Шпанциве он шутираше за тројка и промаши, ама се гледа малиот дека е страшен талент, и што е најбитно има муда за кошарка, какви влезови, шутеви, секоја чест.
Во глобала Франција изигра меч за книги и им одржа лекција на надуваниве, ги издигнаа од земја пак.:cuc::cuc::cuc:
 
Eртел играчиште ќе го биде дечково и во Каха игра одлично, за плеј има и одличен шут влез и се што треба. Шпанија очајна за 3ка и повторно форсира нон-стоп поготово во третата кога Франција беше од бонус испадната рано они со 3ки шутирање место играње под кош и да изнудиш фаул ако не кош.
 
Мора да се напомене дека Игорче беше во елемент вечерва!! Коментирањето беше на ниво - коментирање на утакмица во кафана со татко му. :D
 
Диао ОПЛОДИ МЕ!!!
Кошаркарски ГЕНИЕ, какви Рубиовци, какви Љуљовци, ова е докторот по кошарка. У малиот прст го има овој спорт, перцепцијата на теренот му е како на плејстејшн.

Исто едно огромно БРАВО за Робер или како и да се викаше, каква само партија изигра дечкото против тројцата монструми од центри што ги имаат Шпанците... Ги уби, скроз ги уби под кошевите, што со блокади, што со офанзивни скокови.
Овој Фурние е доста добар играч, ми се допаѓа како игра.

Премногу ги потценија Французите, затоа и го изедоа Шпанците. Језда им отсуствуваа неколку битни играчи, ама не се од вчера останативе играчи, актуелни европски прваци се. И пак имаа обиди за плачење домаќините, стандард си е тоа за нив, затоа и ми е мерак што го изедоа немиен пред своја публика. Фантастичен тренер имаат Французите, а овој на Шпанија беше скроз изгубен во свемирот. Не знаеше како да ги пробие превземањата на Французите, бем ти неписмен тренер.

Уште еднаш, секоја чест на Франција, ептен ми го направија меракот.

За Србите пак не ми се ни коментира, ГАЗЕЊЕ.
 
Последно уредено:
Фурние бејбифејсот ме нервираше на моменти ама се покажа корисен. Франција уствари на турниров е најпотценета од сите поради отсуствата.
Ертел ме изненади како игра, одличен плејмејкер е. Диао си е стандард господ за кошарка.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom