Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Еве го тизер трејлерот за филмот што зборувавме назад, делува интересно па ќе видиме што ќе излезе од ова.

 
Веројатно вака се гледаат овие филмови
tumblr_n9kk1vU9W71shcf7to1_500.gif
 
Чекај, The Grand Budapest Hotel требаше да е комедија така?
Се видов во филмов само комедија не, срање филм, го исклучив на 30та минута.

Иначе, многу ме бендиса Murder on the Orient Express 1974, прејако нешто, препорака од мене за сите фанови на вој жанр, мала утка напраиле со актерот, Albert Finney ја нема таа глума за Поаро, али како и да е филмот е чиста 10ка, глума, приказна и се останато е врв.
 
Чекај, The Grand Budapest Hotel требаше да е комедија така?
Се видов во филмов само комедија не, срање филм, го исклучив на 30та минута.
Не, не требаше да е комедија, кој филм на Андерсон бил во вистинска смисла комедија? И најголемата грешка си ја направил во животот со прекинувањето на филмот, а уште повеќе со нарекување 'срање'.

Него, вчера гледав прв пат филм од Ксавиер Долан, млад надежен режисер, Tom at the farm, одличен психолошки трилер за Том кој оди во село на погреб кај своето момче без да знаат неговите во каква врска бил со нивниот скоро загубен син. Одлично сниман, глума перфектна, на ниво филм, очекувам многу повеќе од неговите други филмови, последниот Mommy, кој ќе има премиера на Браќа Манаки има ептен високи оцени, а и I killed my mother одамна ми е во листата за гелдање.

Друго, Бетонска ноќа или Concrete night, фински филм, годинешниот нивен кандидат за Оскар. Кинематографијата мн ми се допадна во филмот, дејството се случува во ден-два, за двајца браќа кој едниот има уште некој ден до враќањето повторно во затвор. Чудни и мрачни доживувања на двајцата браќа во единствените слободни мигови.
 
И најголемата грешка си ја направил во животот со прекинувањето на филмот,
Ти очигледно не си и рекол „после вас“ на девојка пред киоск на Лотарија на Македонија, за подоцна да ја видиш во весник целата среќна што добила бинго.
 
guardians of the galaxy е супер забавен филм особено 3D.
со капетанот засега ги држат за другиве флопови кој излегоја после avengers.
(x-men го неам гледано)
се надевам си се врати ја на старата добитна комбинација
 
Мене X-men целиот серијал ми е добар, без Wolverine. Најдобра супер херои франшиза заедно со Batman и Superman. Потоа следат Captain America и Iron man, а останатите како Hulk, Green Lantern, Fantastic Four и Guardians of the Galaxy ми се премногу cheesy за мој вкус. Сепак уживав во Galaxy и Avengers во кино.
А Watchmen? :)
 
Заборавив на нив два, ми се допаднаа. Само Sin City не го доживувам како супер херој филм.
 
А на Нолан трилогијата ? :D

Има многу филмови базирани на стрипови. Snowpiercer е базиран на јапанска манга инаку, така да и тој паѓа у категорија стрип филмови.
Инаку фантастик 4 мене ми беа забавни филмчиња, не знам зошто некои ги хејтаат.

Инаку:

Ова ваљда само мене ќе ми биде интересно ама што знам ваљда и некој друг ќе се насмее :D
 
А на Нолан трилогијата ? :D

Има многу филмови базирани на стрипови. Snowpiercer е базиран на јапанска манга инаку, така да и тој паѓа у категорија стрип филмови.
Инаку фантастик 4 мене ми беа забавни филмчиња, не знам зошто некои ги хејтаат.

Инаку:

Ова ваљда само мене ќе ми биде интересно ама што знам ваљда и некој друг ќе се насмее :D

Од трилогијата само 2риот е филм што е одличен, кецот е добар али ко да му фали нешто а третиот.............. колку само ја има усрано приказната Нолан, a да не почињам за оние cheese one liners. Катастрофа сценарио ме разочара третиот филм. Не дека е толку лош али очекував многу поише.
 
Јас на двојката од трилогијата Бетмен на Нолан неам никакви забелешки. Порано знам коа излезе се бараше некоја смешна причина, некоја игла у сено како да се извади негативна критика т.е "Џокер е без back-story, карактер без мотив не е правилен негативец" , "Џек беше подобар многу се дигна фама заради смртта на Леџер" , "преголем хајп" итн.
Филмов не е најдобар/добар само поради негативецот и Хит Леџер, целосно земено TDK(2008) е најдобар комик досеа напраен. Ниеден друг не му е блиску.
 
Последно уредено:
Читав некаде денеска дека очајна била конкуренцијата за годинешните Оскари во категорија најдобра женска улога, според Торонто фестивалот, Рис Витерспун во Wild и Џенифер Анистон (да, Џенифер изгледа растурила во Cake), и некои веќе предвидуваат прв Оскар за неа, па макар и номинација знаејќи дека ја гледаме секогаш во комедии, но најпосле има сериозна улога.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom