Каде можам да најдам? (Литература edition)

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
Многу често ми се случува да чујам за некоја книга и да се мачам да одам од книжара до книжара за да ја најдам и губам премногу време. Па затоа се одлучив да ја отворам темата со цел да си помогнеме едни на други. Или на пример, доколку ви треба некоја конкретна област, може да си даваме препораки во однос на тоа која книжара нуди најдобри дела за тоа што конкретно ве интересира. :)
 
Нешто за лековити билки. Имаше мислам нешто специјално за Македонија таква книга ја гледав ама не знам каде. Знам со слика и детален опис за што се користи секоја билка, каде да ја најдеш најчесто.
Исто така ми треба нешто слично со слика и опис ама за руди (минерали).
 
Многу често ми се случува да чујам за некоја книга и да се мачам да одам од книжара до книжара за да ја најдам и губам премногу време...

OK, без намера да ја расипувам (или да ја крадам) темава -само сакам да прашам дали истата се однесува исклучиво за книги штампани на хартиен медиум?

Значи ако не е услов книгите да се на медиум од мртви дрва, јас на сите срдечно можам да ви препорачам да си купите ебук ридер (ebook reader). Идејата е со тоа да направиме притисок на домашните издавачи да почнат да издаваат електронски книги.

Кога еднаш издавањето на книги во електронски формат ќе заживее како што е тоа случај во соседството, потоа таа макотрпна потрага по книги ќе се сведе на едноставно пребарување на интернет. Без пиратирање, домашните издавачи треба да се подржат со купување на електронски книги. Нормално, само ако преводот е на пристојно ниво и цената не е ретардирано висока.

Инаку само да додадам дека моето искуство со читач за книги е повеќе од добро. Изборот на книги наеднаш порасна од минимален број наслови годишно (достапни локално), на целата светска литература. Буквално СЕ може да се најде на интернет.
 
Не е ограничен само на хартиени книги се разбира. Ако ти треба некоја книга во e-издание, слободно можеш да побараш, па ако има некој ќе ти помогне.

А што се однесува до препораката, јас не можам да читам книги во e-формат, уживам во книгите со хартиени страници и ништо не може да ми го замени тоа чувство. :)

Но, да не ја носиме темава оф-топик, одговорот е: да, можеш да бараш и книги во е-верзии.
 
Здраво, ме интересира дали некој знае каде би можела да ја најдам книгата Малиот Принц во оригинал (француски)? И по која цена, ако знаете. Фала многу.
 
Во печатен формат, тешко. Ако мислиш на првите изданија со оригинални илустрации...малку во понова форма тука...
Воопшто не ми се допаѓаат преводите на детски книги кај нас...
Тука можеш да ја прочиташ на француски онлајн...
Многу го сакам тоа мало човеч и го гледам често...во далечината, како призрак...
Тука имам пишувано за него... :)
 
Фала многу :)
 
Може ли некој да ми каже каде можам да најдам книга од сите (или барем збирка) поеми на Едгар Алан По? Во Скопје, мислам, да не биде преку интернет..

Ако некој знае и цена да ми каже би било супер. Фала многу, поздрав :)
 
Препев на песните на македонски јазик единствено во ова издание. Друго мислам дека нема.
 
Каде поточно се наоѓа Арс Либрис? Неможам да се снајдам со гугл мапс..
 
Каде може да ги најдам последните 2 книги од Хари Потер во издание на Младинска Книга ???
 
Каде може да ја најдам „Патување на крајот од ноќта“ од Селин?
 
A walk to remember на англиски? Знам дека ја има во Икона, ама барам поевтина цена од 700. Библиотеки или други куќи кај што е поевтино изнајмувањето или купувањето.
 
Дали воопшто ги има книгите на Жарко Лаушевиќ тука во Македонија и ако да, каде можам да ги најдам? :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom